fbpx

Објавата шири невистини, Џо Бајден го посетил Мауи

За време на посетата, претседателот се обидел да ги увери жителите дека федералната влада ќе го поддржи нивното закрепнување

-

Претседателот на САД Џо Бајден го посетил Мауи откако претходно го прекинал неговиот одмор во Невада. Тој лично ја видел штетата настаната од страшниот пожар кој го зафати островот и кој однесе повеќе од 100 жртви. Доказ за неговата посета се извештаите на светски медиуми, а постојат и видеа од настанот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Објава на Фејсбук тврди дека американскиот претседател Џо Бајден, заминал на одмор во Невада и сè уште не го посетил Мауи на Хаваи, кој беше погоден од страшен пожар кој однесе повеќе од 100 животи. Ваквото тврдење не е точно.

Бајден слета во Невада на уште еден одмор, сè уште не го посетил Мауи. Бројот на загинати во пожарите до сабота достигна 114.

Не е точно дека Бајден не го посетил Мауи. Бајден заминал на одмор во Невада, но истиот го прекинал за да замине на Мауи каде се сретнал со тамошните власти и жители, изразувајќи им поддршка за трагедијата.

Посетата на Бајден на Мауи се случила на 21.08.2023 (понеделник), а за неа известија странските медиуми.

Претседателот Бајден, во придружба на неговата сопруга Џил Бајден, во понеделникот ги обиколил изгорените останки на Лахаина, крајбрежен град на хавајскиот остров Мауи, во неговата прва посета по разорните шумски пожари кои убија повеќе од 100 луѓе и оставија зад сцената извртени метални и издлабени домови, пишува Њујорк тајмс во својот извештај за посетата на Бајден на Мауи.

Бајден, кој го прекина својот летен одмор на езерото Тахо во Невада, се сретна со преживеаните од пожарите и со работниците за итна помош и државните и локалните власти, а направил и воздушна обиколка на остатоците од пожарот, се додава во написот на Њујорк тајмс кој е придружен и со фотографии.

Претседателот Џо Бајден во понеделникот пристигна во опустошениот Мауи за да биде сведок на пустошот што го остави пеколот пред повеќе од една недела и самиот да го процени одговорот на владата за кој некои жители првично сметаа дека недостасува, пишува Си-ен-ен за посетата на Бајден на Мауи.

За време на посетата, претседателот се обидел да ги увери жителите дека федералната влада ќе го поддржи нивното закрепнување, информира Си-ен-ен.

За посетата на американскиот претседател на Мауи има и видеа, како на пример ова:

Од сето ова можеме да заклучиме дека претседателот на САД, Џо Бајден го посетил Мауи откако претходно го прекинал неговиот одмор во Невада. Тој лично ја видел штетата настаната од страшниот пожар кој го зафати островот и кој однесе повеќе од 100 жртви. Доказ за неговата посета се извештаите на светски медиуми, а постојат и видеа од настанот. Тврдењето дека тој не го посетил Мауи е неточно и поради тоа објавата ја оценуваме како невистинита.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...