понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

(ГАЛЕРИЈА) Скопјани си легнаа и се разбудија затрупани во ѓубре

октомври 22, 2025

Преполни контејнери и ѓубре расфрлано околу нив, на пешачки патеки, на тротоари и улици, па и во близина на училишта и градинки и утрово е тажната слика со која се разбуди Скопје. Главниот град и неговите жители веќе подолго време се заложници на политичките игри и препукувања помеѓу градоначалничката во заминување Данела Арсовска и владеачката […]

(ГАЛЕРИЈА) Цариниците спречиле влез во земјава на мигранти од Ирак, Египет, Сирија, Алжир и oд Палестина

мај 27, 2025

Нелегален влез на мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка спречиле цариниците, информираат во царинска управа. Освен тоа, заплениле и „Епл“ часовници, чанти „Гучи“, шамивчиња за потенција, цигари, дрон и брендирана облека. „Службата за мобилни скенери спречи обиди за нелегален влез на седум мигранти со потекло од земји од Блискиот Исток и Северна Африка. Мигрантите […]

Запленети компјутери, пари и фалсификувани документи поради сомнеж за хакерски криминал

мај 18, 2025

На 16 мај 2025 година, по судска наредба и претходна истрага, полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР извршија претрес во дом и други простории на Л.К. (21) од Скопје. Тој е осомничен за неколку кривични дела: „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“, „компјутерски фалсификат“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и […]

(Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

мај 12, 2025

„Гуш и бац е љубов“, е настан кој по шести пат вчера се одржа на Школка во Градски парк. како што велат организаторите, здружението „Аутизам ААМК“, настанот бил прослава на детската љубопитност, пријателство и инклузија. Стотици деца од различни возрасти и развојни карактеристики учествувале во низа едукативни, креативни и забавни активности што придонесоа за развој […]

[Галерија] Првиот снег во Скопје годинава – за најмладите радост, за властите работа

јануари 12, 2025

Утринава главниот град осамна под снежна покривка, откако ноќеска почна да паѓа првиот снег оваа зима. Снежните наноси продолжија да паѓаат и во текот на денот. Додека властите се обидуваа да ги исчистат улиците, граѓаните ги обавуваа своите викенд активности. Најинтересно секако, беше за најмладите. Она што е сигурно е дека снегот барем малку влијаеше […]

Протест против аерозагадувањето: „Ви делат ли чист воздух од партија?”

декември 10, 2024

Скопјани денеска се собраа да го изразат својот протест против инертноста на властите во борбата со загадувањето на воздухот. Тие попладнево маршираа пред Министерството за животна средина, Собранието и Владата за да го свртат вниманието на големиот проблем со кој се соочуваат секоја зима. Со транспаренти преку кои порачаа „Во Скопје живеат згради и коли, […]

„Е-општество“: Западен Балкан е мета на дезинформации и странски влијанија, институциите треба повеќе да работат во оваа насока

ноември 5, 2024

Дезинформациите и странските влијанија циркулираат во различни форми во земјите од Западен Балкан и на тој начин создаваат штетни последици во овие општества. Руското и кинеското влијание, меѓуетничките тензии, дигиталната безбедност и најразновидните дезинформации се само дел од наративите што се шират во овие земји. Институциите не прават доволно за да се борат со овие […]

(ГАЛЕРИЈА) Во долги редици на дожд, студентите со часови чекаат легло во студентскиот „Гоце Делчев“

септември 10, 2024

Дожд, кал, наводенети документи и гужва од чадори под кои стотици студенти го чекаат својот ред – ваква е денес сликата пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Од денес започнува вселувањето во студентските домови пред стартот на новата академска година. Гужвите и чекањето со часови ниту годинава не го одминаа студентскиот „Гоце“, кој е […]

(ГАЛЕРИЈА) Локализиран пожарот во Универзална, од кровот на салата остана само металната конструкција

април 9, 2024

Локализиран е пожарот што утрово избувна во Универзалната сала во центарот на Скопје. Нема опасност од негово ширење, а пожарникарите од скопската Противпожарна бригада во моментов работат на догаснување, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Стотици граѓани речиси два часа сведочеа како пожарникарите се борат со пламените јазици што го […]

Природните вредности на Вевчанските извори претставени на трајна изложба

март 22, 2024

Природните вредности на споменикот на природата Вевчански извори и планината Јабланица од денеска ќе бидат претставени на трајна поставка за природа насловена „Патување низ природните богатства на Вевчански Извори“ во мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани. Поставката, која ќе има цел да едуцира и да ја подигне јавната свест за ова заштитено подрачје, ја отворија […]

Отворените денови се начин да покажеме како инвестираме во безбедностa, рече Петровска во Тетово

март 17, 2024

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во Тетово присуствуваа на приказот на воена опрема и вештини на припадниците на Армијата, во рамки на Отворените армиски денови кои се организираат во повеќе градови низ државата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето […]

Во АРМ примени 150 нови професионални војници

декември 29, 2023

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска се одржа свеченост за прием на 150 нови професионални војници во редовите на Армијата на Република Северна Македонија. Оваа година во армијата беа примени вкупно 300 професионални војници, од околу 1.900 кандидати кои се пријавија на двата јавни огласи, соопшти Министерството за одбрана. Министерката за одбрана Славјанка Петровска на […]

„Сајбер шејк“: студентите можат да ја користат вештачката интелигенција како алатка, но пред сè треба да учат

декември 19, 2023

Студентите можат да ја користат вештачката интелигенција (ВИ) како дополнителна алатка за време на нивните студии, но тие не треба целосно да се потпираат на таквите програми, бидејќи тие мора да го научат тоа што вештачката интелигенција им го нуди како готов материјал. Ова, меѓу другото, го кажаа учесниците на дебатата за млади „Сајбер шејк“ […]

Младите на тридневна обука учеа за визуелизација на податоци [галерија]

декември 16, 2023

Во „Јавна соба“ во Скопје од 14 до 16 декември се одржа тридневна обука на тема „Новинарство базирано на податоци и визуелизации на податоци“. На обуката што се спроведе на англиски јазик учествуваа 14 млади лица, првенствено студенти и новинари од целата земја. Обуката ја реализираа Дерек Вилис, предавач на Факултетот по новинарство „Филип Мерил“ […]

(ГАЛЕРИЈА) Сексуалните работнички со црвени чадори во центарот на Скопје одбележаа „5353 денови до правда“

декември 15, 2023

Сексуалните работнички од земјава, организирани од првиот колектив на сексуални работници на Балканот – СТАР и Здружението за опции на здрав живот, ХОПС, денеска со Марш на црвените чадори во центарот на Скопје традиционално го одбележаа Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работнички, 17 Декември. Тргнувајќи од Спомен-куќата на Мајка Тереза, преку плоштадот […]

Руинираните објекти во фабрика „Треска“ тргнати, ќе надживеат дрвјата или зградите?

декември 8, 2023

Од некогашната фабрика за мебел „Треска“ не е останато речиси ништо по неколкумесечното чистење на руинираните индустриски објекти на оваа локација во скопската населба Буњаковец. Мета.мк обезбеди фотографии од внатрешноста на „Треска“, од кои може да се увиди дека инвеститорот целата локација ја има исчистено и претворено во своевидна аеродромска писта, пред да продолжи со […]

Новинарите на протест: НЕ на цензурата

ноември 17, 2023

Десетици новинари од повеќе медиуми денеска излегоа на мирен протест пред Граѓанскиот суд во Скопје, искажувајќи револт од пресудата против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), која е закана за цензура, обид за замолчување и контрола врз новинарството. Во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) од […]

По многу одолговлекувања, студентскиот дом во Тетово денеска отворен за студентите [фото]

ноември 1, 2023

Тетовскиот студентски дом кој долги години се ветуваше утрово ги отвори вратите за да ги прими студентите кои ќе се сместат таму. И покрај тоа што им беше кажано дека ќе можат да се сместат во него од 1 октомври, кога и започна новата академска година, вратите за студентите се отворија со еден месец задоцнување, […]

Ученици од различни школи преку наставата во природа осознаваат растенија и инсекти [галерија]

октомври 28, 2023

Да се истражува во природа, да се собираат растенија, инсекти, почва и други материјали, кои потоа се анализираат и се изведуваат заклучоци е начинот на учење што го овозможува Мрежата на искуствено учење, која ја организира Македонското еколошко друштво (МЕД) заедно со неколку институции. Основци и средношколци можат да излезат од училница и да ја […]

Одговорност за заштита на приватноста и личните податоци споделуваат институциите, граѓаните и бизнисите

октомври 19, 2023

Личните податоци на граѓаните и повредата на нивната приватност за некој може да значи и нечесна заработка што се мери во милиони, а во други случаи, нивната злоупотреба може да предизвика многу проблеми на засегнатиот. Затоа е важно, покрај другите одговорни, и институциите да ја сфатат нивната важност и да се спроведуваат вистинските мерки за […]

Страна 1 од 31