Во АРМ примени 150 нови професионални војници

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на новопримените професионални војници им порача дека честа да се облече армиската униформа е голема и дека нивната цел од која никогаш не треба да се откажуваат е службата кон татковината

-

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска се одржа свеченост за прием на 150 нови професионални војници во редовите на Армијата на Република Северна Македонија. Оваа година во армијата беа примени вкупно 300 професионални војници, од околу 1.900 кандидати кои се пријавија на двата јавни огласи, соопшти Министерството за одбрана.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на новопримените професионални војници им порача дека честа да се облече армиската униформа е голема и дека нивната цел од која никогаш не треба да се откажат е службата кон татковината.

Петровска истакна дека благодарение на посветеноста, професионалноста, но пред сè на љубовта кон татковината и личната пожртвуваност, денес Армијата е модерна, современа Армија во која припадниците не прашуваат зошто, и не бараат изговори, туку велат „веднаш“ и дејствуваат.

„И во 2023 година беа забележани многу успеси на нашите армиски припадници, од учество во вежби, освојување медали, учество во мировни мисии, но и без колебање учество во спасувачки мисии. Да се биде војник, офицер или подофицер не е лесно, и токму затоа ги бираме најдобрите“, подвлече Петровска.

На свеченоста присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски и заменик-министерот за одбрана, Тирон Јајага.

На конкурсот за прием на 150 професионални војници пријавени беа 1.144 кандидати.

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на повеќе места...

Пакистан сака да го номинира Доналд Трамп за Нобелова награда за мир

Пакистан соопштија дека сакаат да го препорачаат Доналд Трамп за Нобелова награда за мир за неговата работа во помагањето при решавањето на неодамнешниот конфликт меѓу Индија и Пакистан, пренесува Гардиајан. Овој потег...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...
Колаж: (лево) Черепот од Харбин, фото од Чиамеи Фу преку Википедија (CC BY). (средина) Профилна слика на д-р Фу од Resarch Gate. (десно) Реконструкција на ликот на праисторискиот човек од Харбин од бразилскиот уметник Цицеро Мораес (CC BY 4.0)

Научниците го откриле потеклото на „Змејскиот Човек“ дополнувајќи ја сликата за семејството на праисториски луѓе

Нова молекуларна анализа на череп најден во Кина покажала дека не се работи за сосем нов вид, туку за припадник на денисовците, истребена популација праисториски луѓе кои живееле на...