среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: АРМ | 238 резултати

Хеликоптер на Армијата успешно евакуираше тешко повредено лице на Шар Планина

јуни 9, 2025

Во координирана спасувачка акција со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Северна Македонија вчера попладне изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер на тешко повредено лице од непристапен терен во близина на Ливадичко езеро на Шар Планина. Според информациите, лицето паднало во провалија и се здобило со сериозни повреди, скршеници на раката, ногата […]

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не значи предност, туку еднаков терен за сите

мај 21, 2025

Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, се обрати на настанот посветен на промоцијата на наодите од Родовата самопроценка и Родовиот акциски план 2024–2028 г. во Министерството за одбрана и Армијата, што се реализира како дел од севкупната реформа на безбедносниот сектор. Настанот, организиран од Министерството за одбрана и Женевскиот центар за управување со безбедносниот […]

Отворените денови се начин да покажеме како инвестираме во безбедностa, рече Петровска во Тетово

март 17, 2024

Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во Тетово присуствуваа на приказот на воена опрема и вештини на припадниците на Армијата, во рамки на Отворените армиски денови кои се организираат во повеќе градови низ државата по повод 4-годишнината од членството во НАТО и 75-годишнината од основањето […]

АРМ ќе набавува италијански хеликоптери

јануари 23, 2024

Понудата од компанијата „Леонардо“ од Италија е избрана за најсоодветна за новата генерација хеликоптери за Армијата на Република Северна Македонија, најави вчера министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа вчера во интервјуто за „360 степени“ најави дека набавката на осум нови повеќенаменски хеликоптери за Армијата на Република Северна Македонија влегува во нова фаза откако Министерството и […]

АРМ објави оглас за вработување на 300 професионални војници

јануари 16, 2024

Министерството за одбрана денеска го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Северна Македонија. Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на Јавниот оглас. „Младите лица кои се заинтересирани да се пријават треба да ги исполнат следните услови: да се државјани […]

Во АРМ примени 150 нови професионални војници

декември 29, 2023

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска се одржа свеченост за прием на 150 нови професионални војници во редовите на Армијата на Република Северна Македонија. Оваа година во армијата беа примени вкупно 300 професионални војници, од околу 1.900 кандидати кои се пријавија на двата јавни огласи, соопшти Министерството за одбрана. Министерката за одбрана Славјанка Петровска на […]

Поради проблеми со работата на моторот, хеликоптер на АРМ принудно слетал кај Петровец

декември 13, 2023

Хеликоптер на АРМ денеска принудно слетал во близина на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец, оти пилотот добил предупредување за појава на проблеми со моторот, информираат од Генералштабот на Армијата. „Воздухопловниот ВИНГ денеска редовно извршувал летачка обука, при што ги следел безбедносните процедури. Но, откако се појавило сигнализациско предупредување на инструментите […]

Македонија испраќа дополнителни 35 војници во „КФОР“ во Косово

октомври 25, 2023

Владата на вчерашната седница донела одлука за изменување на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на С.Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово. Со одлуката е предвидено зголемување на учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во операцијата „КФОР“ во Република Косово со дополнително испраќање на еден вод од […]

Министерството за одбрана не вработува војници за да ги испрати во Украина

септември 22, 2023

Имајќи предвид дека НАТО не е во војна со Русија и не испраќа војници на фронтот во Украина, како и дека Армијата на Република Северна Македонија учествува единствено во НАТО и ЕУ мисии и вежби, не може да се тврди дека МО вработува војници за желбите на Зеленски, односно за да ги испрати да се […]

Армијата доби 120 нови подофицери и 150 професионални војници

август 24, 2023

Во касарната „Алексо Дамниевски Бауман“ во Велес, денеска се одржа свечена промоција на 120 подофицери и свечена заклетва на 150 професионални војници. Армиските припадници од редовите на професионалните војници поминаа тримесечна обука за подофицери во Командата за обука и доктрини, а денеска го добија првиот подофицерски чин. Министерката Славјанка Петровска на новите подофицери им порача […]

Македонски војници се затруле со гас во Словенија, двајца се пренесени в болница

август 17, 2023

При исцрпување на водата од подрумските простории во Домот на културата во Чрна, Словенија 32 лица биле изложени на јаглероден моноксид, при што осуммина од нив биле затруени од гасот и се пренесени в болница, јави Радиотелевизија Словенија. Двајца од нив се македонски војници, дел од контингентот од 100 војници и опрема како помош на […]

Одбележани 22 години од убиството на припадниците на АРМ кај Љуботенски бачила

август 10, 2023

Денеска се навршуваат 22 години од смртта на осуммината припадници на македонските безбедносни сили кај Љуботенски бачила. По тој повод, министерката за одбрана Славјанка Петровска, генералот потполковник Васко Ѓурчиновски и полковник Новица Стојановски, како и висока делегација од Владата и од претседателот на РСМ оддадоа почит на убиените припадници на АРМ. Министерката за одбрана Славјанка […]

Контраспин: Левица спинува дека Македонија е вклучена во репресии на Србите на Косово

јули 13, 2023

Реагирајќи на одлука на Влада за испраќање на 31 припадник на АРМ на Косово на шест месеци, Левица спинува дека КФОР е репресивна сила која често употребува прекумерна сила врз Србите, дека со одлуката на Владата и земјата е вклучена во такви репресалии, дека над 90 отсто од македонското население ја осудува таквата одлука и […]

Македонската армија ги презентираше новите оклопни возила набавени од САД [фото]

јуни 21, 2023

Денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип пред министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Васко Ѓурчиновски, американската амбасадорка Анџела Агелер и пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, беа презентирани новите оклопни возила од типот JLTV кои се составен дел на арсеналот на Армијата, информираат од Министерството за одбрана. „Армијата […]

Пристигнаа новите американски воени возила JLTV за македонската армија

јуни 2, 2023

Македонската армија досега доби 32 лесни оклопни возила JLTV Oshkosh од американско производство. Министерството за одбрана информира дека пристигнал воениот конвој со новите возила на Армијата. „Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија согласно НАТО стандардите и истите ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска […]

Не е вистина дека македонски војници ќе се борат со руски вооружени сили во Приднестровје

мај 29, 2023

Постот шири дезинформации дека македонски војници ќе бидат испратени да се борат со руските вооружени слики во Приднестровје. За тврдењето дека нашите војници наместо во Романија ќе заминат за Молдавија, која не е членка на НАТО, не е понуден никаков доказ. Од Министерството за одбрана за Вистиномер одговорија дека станува збор за редовна ротација на припадници […]

Уште 26 лесни оклопни транспортери „Ошкош“ наскоро ќе бидат предадени на АРМ

мај 18, 2023

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот брифинг за новинари информираше дека во пристаништето во Солун пристигна втората пратка лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, односно 26 возила, наменети за Армијата на Република Северна Македонија. „Вкупно 26 возила се наоѓаат на пристаништето во Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија, […]

Петровска: Пристигна ново барање за воена помош за Украина, се разгледува во Генералштабот

мај 18, 2023

Од Украина е пристигнато ново барање за воена помош од земјава, и во моментов се разгледува во Генералштабот на АРМ, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска, одговорајќи на новинарските прашања по завршувањето на брифингот за големата воена вежба на полигонот Криволак, што ќе почне следната седмица. „Минатата недела, мислам, пристигнато е ново барање, се разбира […]

Ново оружје за армијата – транспортери, оклопни возила, хеликоптери

март 31, 2023

Нови оклопни возила од типот на JLTV Oshkosh, оклопни транспортери Stryker, француски систем за противвоздушна одбрана за мали височини, MISTRAL 3, артилериски системи и осум повеќенаменски хеликоптери ќе бидат само дел од новото вооружување на македонската армија за кое денеска информираше министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Зборувајќи за модернизацијата, за која рече дека е од […]

Американски војници на „Криволак“ со хеликоптери вежбаа со припадници на АРМ

март 10, 2023

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер денеска го посетија армискиот полигон „Криволак“, каде се изведе вежба со хеликоптери од типот „Black Hawk“ на копнените сили на САД, поддржани од припадници на Армијата, информираат од Министерството за одбрана. Министерката Петровска изрази задоволство што во изминатиот период полигонот „Криволак“ се користи од […]

Страна 1 од 12