понеделник, 9 март, 2026
Meta.mk

Ознака: свеченост | 16 резултати

АРМ утре го одбележува својот празник, во Скопје ќе има артилериски плотуни

16 август 2018

Армијата на Република Македонија (АРМ) утре ќе го одбележи својот празник, 18 Август – Ден на АРМ, со свеченост на платото пред зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот, како и со артилериски плотуни од касарната „Илинден“ во Скопје. На централното одбележување, кое ќе почне во 10.30 часот ќе говорат претседателот на државата и Врховен […]

Заев: Моделот за иднината почнува со почитување на сите заедници

22 ноември 2017

Со чествувањето на Денот на албанската азбука ја потврдуваме заедничката определба за почитување и за унапредување на етничката и на културната разноличност, односно богатството на Македонија, истакна премиерот Зоран Заев во своето обраќање на свеченоста по повод Денот на албанската азбука, што се одржа во Битола. – Прогласувањето на денешниот ден за официјален празник на […]

Заев: На идните генерации треба да им дадеме причини за да го слават нашиот патриотизам

11 октомври 2017

Нашиот патриотизам идните генерации ќе го слават само ако им дадеме повеќе причини за тоа, истакна премиерот Зоран Заев во својот говор на централниот настан од одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание, кој се одржа пред Споменикот на ослободителите на Скопје, во дворот на Владата. – Празнувањето на големите датуми и оддавањето […]

Шеснаесет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

13 август 2017

Денеска се одбележуваат 16 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за меѓуетички соживот. Преговорите, почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август […]

ДИК утре свечено ќе ги врачи уверенијата на новоизбраните пратеници во Собранието

27 декември 2016

Државната изборна комисија (ДИК) утре свечено ќе им ги врачи уверенијата на претставниците на коалициите и на политичките партии кои освоија пратенички мандати на предвремените парламентарни избори, кои се одржаа на 11 декември. Ова го отвора патот за свикување конститутивна седница на новото собрание. „Ве известуваме дека уверенијата за пратениците избрани на предвремените избори за […]

Признание „Пријател на Македонија“ за поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ

1 декември 2016

Граѓанското здружение „Хрватско-македонска тангента“, вечерва, во 19 часот, во Шибеник, на поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, ќе му го врачи признанието „Пријател на Македонија“. Во таа пригода Месиќ ќе одржи предавање за македонско-хрватските културни врски, од Штросмаер и Миладиновци до денес. Поранешните хрватски претседатели Стипе Месиќ и Иво Јосиповиќ, се почесни членови на „Хрватско-македонската тангента“. […]

Иванов ќе присуствува на 70-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина

27 октомври 2016

Претседателот Ѓорге Иванов ќе присуствува на свечена академија по повод 70-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина, на 30 октомври во Панчево, јави дописничката на „Мета“ од Белград. Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија најавил дека на централната свеченост во Центарот за култура на Панчево ќе присуствува и српскиот претседател, Томислав Николиќ. Пред […]

Канческа-Милевска и Бејли ја претставија реставрираната „Св. Богородица Перивлепта“

26 октомври 2016

Со свеченост на која присуствуваа министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, како и митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј, денеска во Охрид беше претставен на јавноста комплетно конзервираниот и реставриран фрескоживопис во црквата „Св. Богородица Перивлепта“. Конзервацијата траеше точно три години, додека истражувачките работи на архитектурата и на фрескоживописот се почнати уште […]

Пуштена во употреба нова градинка во Јагуновце

22 мај 2016

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Општина Јегуновце Тони Коцевски, попладнево на свечен начин ја пуштија во употреба новата детска градинка „Јаболчиња“ во Јегуновце. Новата градинка, како што беше речено, ќе ги подобри условите за престој на најмладите од Општина Јегуновце, кои до сега беа згрижени во руиниран објект стар […]

Вељаноски: Да оставиме да нè оценуваат генерациите што доаѓаат

7 септември 2015

„Референдумот од 8 септември 1991 година е нашата најголема современа победа, а изразената волја на граѓаните претставува заокружување на стремежите, принципите и на сонувањата на генерациите од двата Илиндена. Денес, поради нас самите и евроинтегративните процеси, продолжуваме со реформите“, рече претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на свечениот прием во пресрет на празникот 8 Септември, Денот […]

Премиерот Груевски денеска ќе пушта пат и водовод во Елшани

14 јуни 2015

Претседателот на Владата, Никола Груевски, и охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески, денеска, свечено, ќе го отворат новиот асфалтиран пат и ќе го пуштат во употреба новиот водоводен систем во надезерското село Елшани. Реконструкцијата на патната делница, од автокампот Елешец на меѓународниот пат Охрид – Свети Наум до Елшани, е во должина од 2.258 метри. Вкупната вредност […]

Свечености по повод патрониот празник на Штип

17 декември 2014

Продолжува четиридневната празнична програма по повод Свети Никола, празникот на патронот на градот Штип. За денеска напладне е закажана промоцијата на книгата „Македонија – во светот, светот – во Македонија“ од професoрот во пензија, Блаже Китанов. Промотори на книгата се историчарот Тодор Чепреганов и Стефан М. Влахов. Вечерва, пак, ќе се одржи концерт на градскиот […]

Страна 1 од 1