fbpx

АРМ утре го одбележува својот празник, во Скопје ќе има артилериски плотуни

-

Армијата на Република Македонија (АРМ) утре ќе го одбележи својот празник, 18 Август – Ден на АРМ, со свеченост на платото пред зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот, како и со артилериски плотуни од касарната „Илинден“ во Скопје.

На централното одбележување, кое ќе почне во 10.30 часот ќе говорат претседателот на државата и Врховен командант на АРМ, Ѓорге Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.  На свеченоста се поканети и премиерот Зоран Заев и министри, претседателот на Собранието, Талат Џафери и пратеници, како и поранешни министри за одбрана и началници на ГШ, пензионирани генерали на АРМ, амбасадори и воени аташеа од странство, но и други високи гости.

На свеченоста, претседателот Иванов, со Орден за воени заслуги ќе ги одликува Првиот механизиран пешадиски баталјон од Првата механизирана пешадиска брига, како и Баталјонот за врски. Исто така, ќе се изврши унапредување на старешини и врачување на плакети, значки и благодарници на организации и поединци.

Попладнето и вечерта, пак, по повод Денот на АРМ ќе се испукаат артилериски плотуни од касарната „Илинден“.

Првин во периодот од 15 до 18 часот утре, ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден истрел од шест артилериски орудија, а во 19 часот ќе се изврши почесната артилериска стрелба, со 10 плотуни од артилериски орудија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...