вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ѓуретановиќ: Пласманот на ЛОИ ми беше мотив да го постигнам мојот најдобар резултат во кариерата

март 9, 2025

На само 17 години, младиот пливач и олимпиец Никола Ѓуретановиќ, на крајот на декември минатата година стана првиот македонски пливач кој успеа да исплива 400 метри слободно, во 50 метарски базен за помалку од 4 минути. На овој подвиг и резултат му претходеа низа критики поради неговиот пласман на последното место на Летните олимписки игри […]

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

октомври 11, 2024

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат неговото соопштение, во кое тој самиот информира за тоа дека неговата компанија презела 85 отсто од акциите на клубот. „Од 7 октомври, според претходно потпишан договор, […]

Организаторите на Олимписките игри се извинија за недоразбирањата околу „Тајната вечера“

јули 29, 2024

Организаторите на Олимпијадата во Париз се извинија за настапот кој што се случи за време на церемонијата на отворање на игрите во петокот, на кој се чини дека беше прикажано пресликување на „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи. Настапот доби голем број на критики од фановите. Настапот вклучуваше жена со круна слична на ореол, голем […]

Серија подметнати пожари во Париз пред Олимписките игри

јули 26, 2024

Француската мрежа за брзи возови е нападната од низа координирани акции кои донесоа прекини на некои од најпрометните железнички линии во земјата пред церемонијата на денешното отворање на Олимписките игри во Париз. Државниот железнички оператор соопшти дека подметнувачите на пожар биле насочени кон инсталации долж линиите што го поврзуваат Париз со градовите како Лил на […]

Олимпискиот комитет под притисок зашто дозволил да учествува силувач на деца

јули 25, 2024

Меѓународниот олимписки комитет е под притисок и се соочува со повици за истрага за тоа, како на осуден силувач на деца му било дозволено да се натпреварува на Олимписките игри во Париз 2024 година. Јавниот гнев е зголемен поради присуството на холандскиот одбојкар на плажа, Стивен ван де Велде, кој во 2016 година беше осуден […]

Анастасија Мојсовска, наш претставник на ОИ во Париз: Стрелаштвото кај нас интензивно се развива

јули 2, 2024

Анастасија Мојсовска е професионален спортист во воздушно стрелаштво која што се квалификуваше за Олимписките Игри што ќе се одржат во Париз годинава. Таа е повеќекратен државен шампион и рекордер во воздушно стрелаштво жени во Македонија. На ОИ, на 28 јули, Анастасија ќе се натпреварува во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени, со 60 истрели. Таа, […]

Професионални спортисти од девет земји гости на спортските игри во Велес

мај 24, 2024

Од 4 до 8 јуни, Велес ќе биде домаќин на третиот по ред спортски настан „Спортски игри Велес“, кој ќе се одржи во Градскиот парк. Покрај спортисти од Македонија, ќе учествуваат околу 500 професионални спортисти од Шпанија, Полска, Италија, Србија,Чешка, Украина, Бугарија и Албанија. Во петте денови ќе се игра одбојка на песок, мал фудбал, […]

Пендаровски се сретна со маратонецот Дарио Ивановски кој постави нов државен рекорд

февруари 22, 2024

Претседателот Стево Пендаровски денеска во градскиот парк во Скопје се сретна со маратонецот Дарио Ивановски кој пред неколку дена постави нов македонски рекорд на маратонот во Севиља, Шпанија, како и со неговиот тренер и менаџер, Игор Јакимовски и атлетичарот Жан Тосев. Претседателот Пендаровски му честиташе на Ивановски за извонредниот резултат и постигнатиот успех, со кој […]

Во Гевгелија се трча на 5 и 10 километри, трките од вчера одложени за денеска поради невреме

ноември 5, 2023

Започнаа трките на 5 и 10 километри во рамки на “November Run Gevgelija 2023”. Како што велат организаторите од општината, десеткилометарската трка е главен настан за државното првенство, па победникот ќе биде прогласен за државен шампион од Атлетската федерација на Македонија. Според она што беше најавено на прес-конференција пред почетокот на трката, таа е организирана […]

По бакнежот со Хермосо, Луис Рубиалес суспендиран од фудбалот на три години

октомври 30, 2023

Поранешниот претседател на шпанската фудбалска репрезентација Луис Рубиалес доби три години забрана од ФИФА за сите фудбалски активности, пишува Гардијан. Рубиалес предизвика скандал кога ја бакна во усни шпанската фудбалерка Џени Хермосо за време на церемонијата по финалето на Светското првенство за жени во август, во кое Шпанија ја победи Англија. Рубиалес првично се обиде […]

Повеќе од 11.000 учесници на скопските улици: Заврши 19то издание на Виз Ер Скопски маратон

октомври 1, 2023

Над 11.000 тркачи од повеќе од 45 земји од светот, утрово ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, натпреварувачки дух и многу задоволни лица. Ваква беше сликата на стартот на 19то издание на Виз Ер Скопски маратон. Трките започнаа точно во 8 часот и тркачите на маратон, полумаратон, штафетниот маратон „ЕУ за спортот“, од кај […]

Пендаровски ги пречека маратонците во Охрид, победи Алесио Окипинти од Италија со нов рекорд на патеката

август 26, 2023

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги пречека учесниците на 36-от Охридски пливачки маратон, соопшти кабинетот на претседателот. Победник на маратонот годинава е Алесио Окипинти од Италија, кој 25 километарската патека ја исплива за 4 часа, 53 минути и 14 секунди, со што по седум години го постави новиот рекорд на Охридскиот маратон. Во женска категорија победи […]

Маратонците Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски пливаа за вклученост на лицата со атипичен развој во спортот

август 26, 2023

Вклучување на лицата со атипичен развој во спортот е поводот за денешната средба на охридските маратонци со учесниците на пливачкиот камп при Inclusive Wellness Society, кој викендов во организација на спортското друштво ИТК Македонија се одржува во Љубаништа, на Охридско езеро. Идејата е да се мотивираат сите млади, особено оние со атипичен развој да се […]

Европскиот олимписки младински фестивал ќе се одржи во Скопје, Македонија ќе биде домаќин на најдобрите европски млади спортисти

јули 30, 2023

Претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски и генералниот секретар, Сашо Поповски заедно со претседателот на ЕОК (Европски олимписки комитет), Спирос Капралос вчера во Марибор, Словенија потпишаа меморандумот за организација на Европскиот олимписки младински фестивал во Скопје во 2025 година. Договорот содржи делови кои се однесуваат на основните принци на организација на игрите, сместување, подготовка […]

Цивил: Спортот е киднапиран за политички цели

јули 28, 2023

Центарoт за слобода Цивил изразува згрозување и крајна осуда за екстремниот говор на омраза и насилството низ улиците на Скопје, пред и по натпреварот меѓу домашниот фудбалски клуб „Шкупи“ и бугарскиот „Левски“, реагираат оттаму. Според Цивил, ова треба да се запомни како неславен ден за спортот – политиката, екстремниот национализам и насилството беа главен белег […]

Инклузивен прирачник за џудо со адаптирани техники за лица со интелектуална попреченост

јули 25, 2023

Џудо Клуб Дрим Струга и Порака Нова Струга, заедно со партнерите од Србија и Романија креираа Инклузивен Џудо Прирачник со адаптирани џудо техники за лицата со интелектуална попреченост. Примарната цел на овој прирачник изработен во рамки на проектот „Џудо за сите“ (Judo4All) кој е поддржан од Европската Унија, е да охрабрат што повеќе џудо клубови […]

Учениците од гимназијата „Никола Карев“ победија на европското средношколско првенство во кошарка

јуни 16, 2023

Во неизвесна игра до самиот крај, со само четири бода разлика, учениците-кошаркари од скопската гимназија „Никола Карев“, денеска во финалето на Европското првенство за средношколци ја победија екипата на Чешка, од училиштето „Бохумил Храбал“. Под покровителство на Федерација на училишен спорт на РСМ, за прв пат во историјата на државата беше одржано Европско првенство во […]

Кираџиева и Ристова победија повеќе од 500 учесници на првата филантропска Супериор трка во Штип

април 30, 2023

Билјана Кираџиева и Анастасија Ристова се победничките во категоријата жени на првата филантропска Супериор трка која се одржа денес во организација на  „Супериор ранс“ и општина Штип. Во машка конкуренција Димитар Петровски го освои првото место во трката од 5 километри со постигнато време од 16 минути и 18 секунди, а Дарио Ивановски беше прв […]

Украина им забрани на своите спортски тимови да се натпреваруваат со руски натпреварувачи

април 14, 2023

Украина им забрани на своите национални спортски тимови да се натпреваруваат на олимписки, неолимписки и параолимписки настани во кои се вклучени натпреварувачи од Русија и Белорусија, соопшти Министерството за спорт во декретот објавен во петокот, пренесе Ројтерс. Одлуката која е критикувана од некои украински спортисти, доаѓа откако Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го налути Киев со […]

Прв инклузивен спортски саем „Спорт за сите”: Целосно почитување на човековите права во интерес на сите граѓани

април 12, 2023

Отстранувањето на архитектонските и други видливи и невидливи бариери, инвестирањето во опрема и посебни програми, и овозможувањето на спорт за луѓето со попреченост, не е само начин да се подобри животот и благосостојбата на оваа целна група, туку и начин како да се подобри општеството и да стане поправедно, рече денес заменичката на претседателот на […]

Страна 1 од 31