Aргентина е светски шампион во фудбал, откако во финалето на Мундијалот, што се одржува во Доха, Катар, ја победи Франција.

Регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено 2:2, по што следуваа продолженија по кои резултатот беше 3:3. Во пенал рулетот подобра беше Аргентина, откако Французите промашија двапати.

Ова е трета светска титула на Аргентина, прва по 1986 година.