fbpx

Цивил: Спортот е киднапиран за политички цели

Центарoт за слобода Цивил изразува згрозување и крајна осуда за екстремниот говор на омраза и насилството низ улиците на Скопје, пред и по натпреварот меѓу домашниот фудбалски клуб „Шкупи“ и бугарскиот „Левски“

-

Центарoт за слобода Цивил изразува згрозување и крајна осуда за екстремниот говор на омраза и насилството низ улиците на Скопје, пред и по натпреварот меѓу домашниот фудбалски клуб „Шкупи“ и бугарскиот „Левски“, реагираат оттаму. Според Цивил, ова треба да се запомни како неславен ден за спортот – политиката, екстремниот национализам и насилството беа главен белег на овој спортски настан.

„Јавноста посведочи на екстремен говор на омраза на социјалните мрежи и насилство на трибините и на скопските улици кои ги донесоа навивачите на фудбалскиот клуб „Левски“ од Бугарија. Тие ја нападнаа и полицијата, а не ги поштедија ни случајните минувачи во Чаир, далеку од фудбалскиот стадион. За осуда е и говорот на омраза и насилството со кое одговорија и навивачите на македонскиот фудбалски тим „Шкупи“. Тоа што се случи на спортските трибини, улиците и на социјалните мрежи, претставува своевидно киднапирање на спортот за потреби на екстремниот национализам. Се работи за крајно неприфатлива манипулација и злоупотреба на спортските настани за политички цели“, се наведува во соопштението.

Цивил бара од релевантните институции во нашата земја, како и во Бугарија, да го санкционираат ваквото однесување на спортските терени. Оттаму ги повикаа и медиумите и целокупната јавност решително да ги осудат и отфрлат сите појави на национализам и говор на омраза.

Голема тензија ги одбележа моментите пред стартот на синоќешниот натпревар помеѓу ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија, Бугарија. Две бугарски возила биле нападнати кај трговскиот центар „Чаирчанка“ на улицата Цветан Димов, при што со повреди заврши еден од бугарските навивачи.

Приведени повеќе од 20 лица пред и за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Шкупи и Левски

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...