Приведени повеќе од 20 лица пред и за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Шкупи и Левски

Со повреди синоќа завршил 29-годишен бугарски државјанин, откако бил прободен со остар предмет во абдоменот. Кај него била констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран

-

Голема тензија ги одбележа моментите пред стартот на синоќешниот натпревар помеѓу ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија, Бугарија. Две бугарски возила биле нападнати кај трговскиот центар „Чаирчанка“ на улицата Цветан Димов, при што со повреди завршил еден од бугарските навивачи.

Според јавното обвинителство, до настанот дошло додека навивачи на ФК Левски со две возила со бугарски регистарски ознаки се движеле во близина на трговскиот центар во Чаир, каде влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани.

Бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани кои излегле од околните објекти.

При враќање во автомобилот, 29-годишен бугарски државјанин бил повреден со остар предмет во абдоменот. Кај него била констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. Обвинителството информираше дека по извршена хируршка интервенција, лицето е во стабилна состојба.

Оттаму велат дека се известени за настанот и оти ги издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на лицата кои учествувале во инцидентот.

„Со цел утврдување на идентитетот на граѓаните кои учествувале во настанот и кои според првичните сознанија не биле дел од локална навивачка група, како и целосно расчистување на настанот, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Освен тоа, обезбедени се видео записи од околните објекти и од камерите на системот “Безбеден град”, а се преземаат и други дејствија“, велат од скопското Основно јавно обвинителство.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во врска со вчерашниот фудбалски натпревар биле приведени повеќе од 20 лица.

Поради нарушување на јавниот ред и мир пред и за време на натпреварот, приведени биле 19 навивачи од Бугарија – осум од нив за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници, а девет поради агресивно однесување кон нив.

Околу полноќ, полициски службеници лишиле од слобода и двајца навивачи кои биле дел од навивачката група на ФК Шкупи, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Инаку, УЕФА овој фудбалски натпревар, пред почетокот, го просласи за меч од висок ризик.

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради која мноштво...

ЕФЦСН: Чекор кон побезбеден информациски простор во Европа

Европската мрежа за стандарди на проверката на факти (ЕФЦСН) ја поздравува конверзијата на Кодексот за практика за дезинформации на ЕУ во Кодекс на однесување согласно Законот за дигитални услуги (DSA). Според...

Федерален судија ѝ нареди на администрацијата на Трамп да ги „одмрзне“ средствата за стотици организации

Федерален судија ѝ нареди администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, да ги „одмрзне“ средствата за стотици странски организации кои тврдат дека биле негативно погодени од 90-дневното целосно замрзнување, објави Ројтерс. Оваа...

„Мечиња за дечиња“ – уметничка акција за заштита на личните податоци и за лажни вести

Уметничката акција „Дечиња за мечиња“ беше изведена денеска, петок, 14 февруари, во трговскиот центар Бисер во населбата Аеродром. Акцијата на уметницата Маја Танева и Центарот за современи уметности е посветена на...

Плејада од измешани симптоми на вируси и грип ги полнат лекарските ординации

Висока температура која трае со денови, без други клинички симптоми, а потоа болки во телото, малаксаност, главоболки, па и вртоглавици, кои траат и до четири недели, се причината поради...