Еден осомничен за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново

Додека градоначалникот со своите соработници од Општина Арачиново и вработените од фирма-изведувач вршеле увид на градежни работи, осомничениот дошол со мотор, се паркирал и со автоматска пушка во рацете пришол на групата луѓе

-

Дваесет и шестгодишен жител на Арачиново е осомничен за обид за убиство на градоначалникот на оваа скопска општина. Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истрага.

Тој е осомничен дека на 1 април со умисла се обидел да го лиши од живот градоначалникот на Арачиново, а во опасност ги довел и животите на уште неколку лица.

Додека градоначалникот со своите соработници од Општина Арачиново и вработените од фирма-изведувач вршеле увид на градежни работи, осомничениот дошол со мотор, се паркирал и со автоматска пушка во рацете пришол на групата луѓе. Почнал да пука кон градоначалникот и со неколку проектили погодил две лица во негова близина.

Со оглед на тоа што осомничениот, од извршувањето на делото е недостапен за органите на прогонот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор која, доколку биде определена, ќе започне ефективно да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Воедно, до Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомниченото лице.

Жена измамила седуммина – им барала аванс за изнајмување станови, а им давала лажни клучеви

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека поднело Обвинителен предлог против 22-годишна жителка на Богданци, која измамила седуммина со тоа што им барала аванс за изнајмување на станови во Скопје...