среда, 11 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Основно јавно обвинителство Скопје | 27 резултати

Едно лице убиено, а уште две повредени во пукање на „Пластичарска“

27 мај 2024

Едно лице загина, а две се повредени во престрелка со огнено оружје која синоќа околу полноќ се случила на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“ во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Убиениот е 29-годишен скопјанец, кој со повреди бил однесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ заедно со уште едно 19-годишно лице, по што […]

Обвинителството бара притвор за осомничениот за двојното убиство во Стајковци

18 мај 2024

Основното јавно обвинителство Скопје доставило предлог за определување мерка притвор за лицето осомничено дека ги сторило кривичните дела – убиство, во скопско Стајковци претходно неделава. Против лицето беше поведена истражна постапка откако во вторникот, на 14 мај, при вршење семејно насилство, во семејниот дом во Стајковци со умисла ги лишил од живот својот брат и […]

Поднесено обвинение против 18 лица за криумчарење луксузни автомобили

30 декември 2023

Основното јавно обвинителство во Скопје соопшти дека поднело обвинение против 18 физички и едно правно лице за криумчарење на луксузни возила со со проценета вкупна вредност од над половина милион евра. Кривичните дела за кои се обвинети вклучуваат фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и […]

За половина час: украл автомобил, удрил во жена, избегал, а потоа удрил во метална ограда

21 септември 2023

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишен скопјанец, кој не само што предизвикал тешка сообраќајна несреќа со смртни последици, туку за само половина час извршил уште две кривични дела. Како што соопшти Обвинителството, на 30 август од паркинг пред зграда на булеварот „3-та Македонска Бригада“ украл автомобил „Алфа Ромео“ со […]

Обвинителството ја чешлало Онкологија

2 септември 2023

Со судска наредба и по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР вчера извршиле претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Притоа биле одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење. „Основното јавно обвинителство […]

Обвинение против српски државјанин што криумчарел злато преку скопскиот аеродром и за цариникот што му помагал

16 август 2023

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел обвинение против српски државјанин по потекло од Турција затоа што сторил кривично дело – криумчарење, а обвинение е покренато и против македонски царински службеник кој се товари дека му помогнал на странецот да го стори делото. Како што соопштија од Јавното обвинителство, на 20 март, обвинетиот српски […]

Приведени повеќе од 20 лица пред и за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Шкупи и Левски

28 јули 2023

Голема тензија ги одбележа моментите пред стартот на синоќешниот натпревар помеѓу ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија, Бугарија. Две бугарски возила биле нападнати кај трговскиот центар „Чаирчанка“ на улицата Цветан Димов, при што со повреди завршил еден од бугарските навивачи. Според јавното обвинителство, до настанот дошло додека навивачи на ФК Левски со […]

Истрага против багеристот кој прегази жена на пешачки премин

3 јули 2023

Основното јавно обвинителство Скопје информираше оти е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1. Како што соопштија од обвинителството, осомничениот 42-годишник […]

Поднесено обвинение против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски

17 февруари 2023

Поднесено е обвинение против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски, а Јавното обвинителство доставило и предлог за продолжување на притворот на Стаменковски, кој беше приведен на 10 февруари годинава. Обвинителството соопшти дека е поднесен Обвинителен предлог против лицето кое се товари дека преку веб-портал во негова сопственост, сторил повеќе кривични дела – две кривични дела […]

ОЈО: Поднесено обвинение за убиството на ракометарот Денис Тот

21 јули 2022

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денес поднесе обвинение за убиството на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот и барање за продолжување на притвор за тројцата осомничени. Тие се теретат за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, според кое „Тој што друг ќе лиши од живот, […]

Обвинителство ја отфрли иницијативата од Антикорупциска против ректорот Никола Јанкуловски

6 ноември 2019

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрлило иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против Никола Јанкуловски, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Обвинителот што ја водел предистражната постапка констатирал дека нема основано основано сомнение дека пријавениот сторил злоупотреба на службената положба и овластување, измама во службата […]

Поднесено обвинение против Владимир Панчевски за манипулации со АКМИС-от

8 јули 2019

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) денеска соопшти дека поднело обвинение против Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1. Тој се товари за злоупотреба на информацискиот систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС). Според соопштението од ОЈО Скопје во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, обвинетиот со […]

Возачот не бил под дејство на алкохол или лекови, ќе се испита дали зборувал на мобилен

14 февруари 2019

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти дека денеска во 13.15 часот завршил увидот на местото каде вчера попладне излета автобусот на „Дурмо Турс“, при што животите ги загубија 14 лица, главно млади луѓе. Известувајќи за сите постапки што се преземени при увидот, од Обвининителството велат дека возачот на автобусот при разговорот со двајцата обвинители […]

Кривична пријава за скопјанец што на Фејсбук им се заканувал на пратеници

10 јануари 2019

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје, почнал постапка поради објава на Фејсбук од страна на Б.Б. (49) од Скопје. Од полицијата велат дека тој „предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието“ и „ширел расистички и ксенофобичен материјал“. Б.Б. вчера бил повикан на службен […]

ОЈО Скопје ја отфрли пријавата против 10 судии за бегството на Грујевски и Бошковски

26 октомври 2018

Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека ја отфрлило кривичната пријава поднесена од Здружението за истражување, развој и анализа „Зелена лупа“ против десет судии, со која тие се товареа за злоупотреба на службената положба и овластување. „Зелена лупа“, чиј претседател е Ване Цветанов, поранешниот прв човек на Управата за спречување перење пари, поднесе кривични пријави за […]

Обвинителство почна истрага за говорот на омраза во врска со пожарите кај Атина

25 јули 2018

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека по допрен глас оформила предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, со кои се шират расистички и ксенофобични материјали. Станува збор за постови за пожарот во близина на Атина. „Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено […]

Во Обвинителство стасало вештачењето за смртта на Никола Саздовски

16 јули 2018

Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје по наредба од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска до обвинителството го доставил вештачењето за причинско-последичната врска на нанесените повреди кај 21-годишниот Никола Саздовски, од претепувањето на автобуска постојка во Автокоманда со неговата смрт пред една седмица. ​Наодот од вештачењето е кај надлежниот […]

Скопското Обвинителство почна истрага за давењето на 13-годишното девојче

4 јули 2018

Основното јавно обвинителство – Скопје соопшти дека почнало истрага за расветлување на причините за давењето на 13-годишното девојче во дупка од ископ полна со вода во општина Илинден и за евентуална кривична одговорност. Надлежен јавен обвинител издал наредби за обдукција на телото, како и инструкции се прибирање дополнителни податоци за фирмата која ги изведувала градежните […]

Обвинителството ги отфрли кривичните пријави на Тодор Петров против уставни судии

2 јули 2018

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ги отфрлило кривичните пријави поднесени против судии од Уставниот суд од страна на Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес (СМК). Петров ги товари судиите дека ја злоупотребиле службената положба и направиле самовластие со тоа што не постапиле по трите иницијативи што гој ги поднел, со кои барал поништување на […]

Обвинителството почнува со расветлување на вчерашните немири пред Собранието

18 јуни 2018

Основното јавно обвинителство – Скопје соопшти дека по работниот состанок со претставници од МВР, кој се одржал утрово, почнува со расветлување на вчерашните немири пред Собранието. Според обвинителството, уапсени биле 26 лица, од кои пет малолетници. Децата по утврдување на идентитетот и возраста, согласно Законот за правда на децата, се пуштени на слобода. Повредени биле […]

Страна 1 од 2