Прв инклузивен спортски саем „Спорт за сите”: Целосно почитување на човековите права во интерес на сите граѓани

Лицата со попреченост многу често се соочуваат со бариери во секојдневниот живот, и за жал оваа целна група е генерално исклучена од скоро сите социо - економски текови

-

Отстранувањето на архитектонските и други видливи и невидливи бариери, инвестирањето во опрема и посебни програми, и овозможувањето на спорт за луѓето со попреченост, не е само начин да се подобри животот и благосостојбата на оваа целна група, туку и начин како да се подобри општеството и да стане поправедно, рече денес заменичката на претседателот на Владата, Славица Грковска на отворањето на првиот инклузивен спортски саем, „Спорт за сите”.

Таа истакна дека целта на oвој настан не е само начин да се подобри животот и благосостојбата на луѓето со попреченост, туку и начин како општеството да станува подобро и поправедно.

„Почитувањето на начелата ‘Никој да не биде изоставен’ и ‘Ништо за нас без нас’, треба да се водилки и во сите останати области. Бидејќи само со целосно почитување на човековите права и со широка вклученост на засегнатите страни кога се носат и спроведуваат мерки и политики, можеме да изградиме одржлив систем на добро управување, кој ќе функционира во интерес на сите граѓани”, изјави вицепремиерката Грковска, и ги охрабри присутните спортисти и спортски работници да се вклучат со свои коментари во подготовката на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023 – 2030, која во моментов е поставена на ЕНЕР.

Армен Григорјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, потенцираше дека лицата со попреченост многу често се соочуваат со бариери во секојдневниот живот, и за жал оваа целна група е генерално исклучена од скоро сите социо – економски текови.

„Во таа смисла, спортот претставува идеална средина каде што тие можат на еднаква основа со сите да се занимаваат со спортски активности без разлика дали се соочуваат со одредена попреченост или не. За да го засили позитивното влијание на спортот, а во насока на промовирање и на Целите за одржлив развој, УНДП во своите проектни активности е партнер со националните институции, спортските асоцијации и клубови за да обезбеди можности сите лица да се вклучат во одредена физичка активност на еднаква основа со сите“, рече Григорјан.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, изјави дека спортот е право на сите луѓе, независно од нивните способности, и дека обврската на општеството е да ги вклучи сите граѓани без дискриминација. Во овој контекст, тој нагласи дека Министерството на образование интензивно инвестира во образовна инфраструктура како дел од политиките за подигнување на степенот за инклузивност на нашиот образовен систем.

Дел од овие инвестиции, како што појасни министерот, вклучуваат изградба на спортски сали кои се пристапни за учениците со атипичен развој, како и реконструкција на постоечки сали во основни и средни училишта, заедно со набавка на нова спортска опрема за нив, а вкупната цел е да се осигура вклучување на сите ученици во спортските активности, без разлика на нивните способности.

Министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, го истакна значењето на потфрлањето во инфраструктурата за подобрување на пристапот до спортот за сите.

Настанот „Спорт за сите“, организиран во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации и во партнерство со Националните сојузи и организации на лица со попреченост, се фокусираше на промоција на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и пристап заснован на човекови права.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, истакна дека институциите треба да се потрудат да го олеснат пристапот до секојдневните активности за лицата со попреченост.

Настанот кој е се дел од проектот „Од знаење и образование до зајакнување и учество“ со цел за зајакнување на учеството на лицата со попреченост во спортот, вклучуваше панел дискусии, саем на кој се презентираа можностите за активно спортување на лицата со попреченост во неколку спортски федерации и клубови, како и практично демонстрирање на спортските дисциплини.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...