fbpx

Зеленски: Никој не може да ја игнорира леснотијата со која овие ѕверови убиваат

„Позирајќи пред камерата, руските џелати со посебен цинизам му го одземаат животот на човек. Ова не е прв случај на флагрантен нехуман третман на украински заробеници од страна на руските војници.“

-

Откако на социјалните мрежи се појави видео снимка на која се гледа како руските војници обезглавуваат украински воен заробеник претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги повика светските државници да реагираат.

„Никој не може да игнорира една работа: леснотијата со која овие ѕверови убиваат. Не очекувајте ова да се заборави. Ништо нема да заборавиме. Нема да им простиме на убијците…“, вели претседателот на Украина во видео-пораката објавена на Твитер.

Министерството на надворешни работи на Украина исто така преку соопштене изрази ужаснатост од видеото објавено на 11 април.

„Позирајќи пред камерата, руските џелати со посебен цинизам му го одземаат животот на човек. Ова не е прв случај на флагрантен нехуман третман на украински заробеници од страна на руските војници. Илјадници случаи имаше во Буча, Ирпин, Гостомел, Бородјанка, Мариупол и други украински градови и села. рф намерно спроведува во Украина политика на тортура, физичко малтретирање, нехумано постапување, намерно нанесување на тешки страдања, сериозни телесни повреди и намерно убивање како на заробениот воен персонал, така и на цивили“, се вели во соопштението.

Од украинското МНР истануваат дека убиството на украински заробеник е сериозно кршење на Женевските конвенции и е воено злосторство во согласност со одредбите на Кривичниот законик на Украина и Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд.

Министерството на надворешни работи на Украина ја повика Канцеларијата на Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд да одговори соодветно на ова воено злосторство и да ја истражи целата ситуација на злосторствата извршени од граѓани на рф на територијата на Украина. Исто така, ја повика меѓународната заедница да преземе решителни и итни мерки за зголемување на помошта за Украина со цел да се заштитат Украинците од рускиот геноцид и да се ослободат окупираните територии.

„Сите лица вклучени во злосторствата во Украина, вклучувајќи го највисокото раководство на рф и директните извршители, безусловно ќе бидат казнети“, порачаа од украинското министерство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...