вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Јетон Шаќири | 96 резултати

Шаќири во мај во Лондон ќе учи какви образовни политики да спроведе

25 јануари 2024

Британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон и директорката на Британскиот совет за Западен Балкан, Клер Сиарс, денеска го поканија министерот за образование Јетон Шаќири да присуствува на Светскиот образовен форум кој ќе се одржи во мај во Лондон. Тие на средба со министерот, го потсетија дека во тек се подготовки за организација на најголемиот светски […]

Продолжува имплементацијата на Фулбрајт програмата за академска размена

25 јануари 2024

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорката на САД Анџела Агелер потпишаа меморандум за продолжување на имплементацијата на Фулбрајт програмата за академска размена. „Двете страни ја согледуваме корисноста од Фулбрајт. Размената на знаења и искуства е секогаш добредојдена и за САД како водечка земја во светот во многу области и по многу параметри, […]

Шаќири: Темелни реформи во образованието како единствен начин да се доближиме до посакуваните стандарди

18 јануари 2024

Да имаме европско образование дома не е само барање што ни го наметнува членството во ЕУ. Тоа е потреба на нашите ученици, студенти и сите други што формално и неформално стекнуваат знаења и вештини и се вклучени во нивно обезбедување. Во свет што е високо интегриран, такво треба да биде и образованието, истакна министерот за […]

Ако сакаат да се запишат на факултет, учениците од стручно образование ќе полагаат академски испит

17 јануари 2024

Учениците од средните стручни училишта ќе полагаат академски испит ако сакаат своето образование да го продолжат на факултет. Оваа новина помина на Влада синоќа заедно со останатите измени од Законот за средно образование. Со новините чија примена ќе започне од 2025 година, покрај академски испит се воведува и стручна матура. Денеска на прес-конференција министерот за […]

Изборите може да го одложат крајот на учебната година

17 јануари 2024

Претседателските и парламентарните избори, кои ќе се одржат во два работни дена (24 април и 8 мај), го ставаат под знак прашалник крајот на учебната година за основците и средношколците. За тоа точно кој ден ќе биде последен од второто полугодие, допрва ќе се одлучува. Календарот за организација и работа на основните и на средните […]

МЕТА ФАКТ: Помина уште една година, ветената доизградба на зградите на ФИНКИ и ФФК не продолжи

2 јануари 2024

Најголемиот и најброен факултет во државата, ФИНКИ, останува без свој сопствен објект, исто како и неговиот „иден сосед“ – Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ). Најавата дека изградбата на зградите на овие два факултета ќе продолжи годинава не се реализираше и според тоа, ова ветување на министерот за образование и наука Јетон Шаќири […]

Минус од ЕУ, двојче за учениците од ПИСА – случувања кои го одбележаа образованието во 2023 година

1 јануари 2024

Слаби оценки од Европската комисија, недостиг на учебници, неизвесност од полагање државна матура, слаби оценки за учениците од ПИСА тестирањето, повисоки плати за наставниците, нов електронски дневник, пролетен распуст… Кога зборуваме за основното и за средното образование, ова се само дел од нештата кои ја одбележаа изминатата календарска 2023 година. Резултатите за квалитетот на македонското […]

Потпишан договор за реновирање на „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“

29 декември 2023

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска потпиша договор за реконструкцијата на двата студентски дома „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје. Оваа обнова се прави во рамки на проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови, кој се реализира со пари од Германската развојна банка (KfW), од 20 милиони евра и грант […]

Шаќири: Новиот е-дневник ќе биде поврзан со дигиталните учебници

29 декември 2023

Од почетокот на второто полугодие, родителите и наставниците во почетна фаза во 40 пилот-училишта ќе користат нов електронски дневник, кој во изминатиов период беше во тест фаза. Нема да се случува да „паѓа“ системот. Ова денеска за Мета.мк го најави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на средбата што ја организираше за новинарите. Тој […]

„Сајбер шејк“: студентите можат да ја користат вештачката интелигенција како алатка, но пред сè треба да учат

19 декември 2023

Студентите можат да ја користат вештачката интелигенција (ВИ) како дополнителна алатка за време на нивните студии, но тие не треба целосно да се потпираат на таквите програми, бидејќи тие мора да го научат тоа што вештачката интелигенција им го нуди како готов материјал. Ова, меѓу другото, го кажаа учесниците на дебатата за млади „Сајбер шејк“ […]

Средба меѓу УСС УКИМ и МОН: субвенциониран оброк на неделно ниво, ретроактивна исплата на стипендиите до 15 декември

29 ноември 2023

Ретроактивната исплата на заостанатите студентски стипендии ќе започне најдоцна до 15 декември. Вакво ветување добиле претставниците на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) на средбата во Министерството за образование и наука (МОН) со министерот Јетон Шаќири. Како што соопштија од УСС УКИМ, на оваа средба која се одржала со поддршка […]

Младите денеска се запознаа со можностите за студирање во Франција

30 октомври 2023

Бројни млади во Национално и универзитеската библиотека „Св. Климент ОхридскИ“ во Скопје денеска имаа можност да се запознаат со можностите што ги нуди универзитетското образование во Франција. На настанот присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Неколку француски универзитети се високо рангирани на Шангајската листа на универзитети, што говори за високиот образовен квалитет. […]

Учениците кои немаат учебници учат од диктати на наставниците

29 октомври 2023

Додека се чека да завршат сите процедури и конечно учебниците кои недостасуваат да стасаат во училиштата, на часовите се користат материјали за учење. Вакви материјали, кои се налик на учебници но се во скратена верзија, се користат по предметот македонски јазик за шесто одделение, математика за трето, потоа, по предметот историја и општество за шесто […]

Студентите со куфери на улица, МОН никако да ги отвори вратите на студентскиот дом во Тетово

22 октомври 2023

Студентите кои аплицирале и кои биле примени во студентскиот дом во Тетово во моментов се оставени на улица и мора да најдат алтернативно сместување, бидејќи ветениот дом сè уште не ги отворил вратите. Дали да патуваат секој ден за на факултет или да се сместат кај роднините или пријателите, е дилемата на студентите на кои […]

Kaмпања „Ние сме Европа“: Младите се прогресивната сила за европската иднина на државата

7 октомври 2023

На трибината во Тетово, синоќа, предводникот на кампањата „Ние сме Европа“, заменикот претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ ја истакна клучната улога на младите во креирањето европска иднина за С. Македонија. На настанот свои обраќања имале и министрите Азир Али и Јетон Шаќири, а учествувале и амбасадорот на Република Италија и претставничката на […]

Шестоодделенците ќе ги добијат учебниците до крајот на неделава, најави Шаќири

2 октомври 2023

Денеска започна доставата на учебниците за шестоодделенците и таа ќе трае до крајот на оваа недела, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој кажа дека до петок очекува сите учебници да бидат доставени во училиштата. „Мојата изјава на почетокот на учебната година беше дека до крајот на септември – почетокот на октомври […]

Шаќири: Градиме медиумски писмени ученички генерации кои знаат да препознаваат лажни вести

2 октомври 2023

Кога имате милиони извори на информации и тоа особено на интернет, каде учениците, како и сите ние, минуваат добар дел од дневното време, мора да научите да анализирате и да препознавате кои се точни и вистински вести, а кои се лажни информации и шпекулации со скриени намери. За тоа, најмногу можат да помогнат наставниците, а […]

Шаќири: Со интеграцијата на предмети, ниту еден наставник нема да остане без работа

19 септември 2023

Ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа, ниту пак ќе добива помала плата поради интеграцијата на предмети која е предвидена со реформите, рекол министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба меѓу највисоките претставници на МОН, Бирото за развој на образованието (БРО) и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), […]

Шаќири: Ќе барам мислење од БРО за секое прашање за кое јавноста има забелешки

15 септември 2023

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска во изјава за медиумите рече дека ќе побара од Бирото за развој на образованието (БРО) детални информации за спорниот прирачник којшто вчера во јавноста предизвика бурни реакции и дезинформации. Тој нагласи дека прашалникот е одобрен уште во 2009 година, потпишан од претходниот директор во 2011 година, но […]

Ковачевски на првиот ден од учебната година: Поддршка на учениците кои својата иднина ја гледаат во стручното образование

1 септември 2023

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министрите за образование и наука Јетон Шаќири и за внатрешни работи Оливер Спасовски, на првиот ден од учебната година беа во посета на ДСУ Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ” во Куманово. Ова училиште стана регионален центар во 2021 година за две струки, земјоделско-ветеринарна и хемиско-технолошка, а […]

Страна 1 од 5