fbpx

Наместо да го поправи лифтот, Општина Карпош ја затвори Канцеларијата на пратениците

Иако вети, Општина Карпош не го поправи ниту лифтот, ниту ескалаторот на мостот „Влајко“, во кој е сместена Канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните, како што препорача Комисијата за спречување и заштита од дискриминација врз основа на истражувањето на Порталб, со цел граѓаните со посебни потреби да имаат пристап до неа

-

Иако вети, Општина Карпош не го поправи ниту лифтот, ниту ескалаторот на мостот „Влајко“, во кој е сместена Канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните, како што препорача Комисијата за спречување и заштита од дискриминација врз основа на истражувањето на Порталб, со цел граѓаните со посебни потреби да имаат пристап до неа. Наместо тоа, општината ја затвори канцеларијата, со образложение дека пратениците не ја користеле. Граѓаните на Карпош сега немаат канцеларија каде што ќе можат да се обратат за да за контактираат со своите пратеници. Собранието кое раководи со канцеларијата, молчи, пишува Порталб.мк.

Општина Карпош го пречекори законскиот рок за спроведување на препораките на Комисијата за заштита од дискриминација со кои беше задолжена да го поправи лифтот или ескалаторот за да обезбеди пристап за лицата со посебни потреби до Канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните.

„По извршената контрола од страна на општинските служби, констатирано е дека канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните до сега воопшто не била користена. Исто така, истата е затворена по извршената контрола во сметководствената евиденција на општината, согласно договорот за издавање на канцеларијата. Врз основа на истиот договор, Собранието е должно да ги покрие сите трошоци за овој простор, но бидејќи никогаш не бил искористен, општината не испратила никаква фактура“, велат за Порталб.мк.

Од Комисијата за заштита од дискриминација деновиве за Порталб информираа дека поради непочитување на законскиот рок за спроведување на препораките на Комисијата, против градоначалникот на општината поднесена е прекршочна пријава  и со ова тие ја завршиле својата обврска.

И покрај тоа што Општината ја затворила канцеларијата, на веб страницата на Собранието во посебниот дел за канцелариите на пратениците за контакт со граѓаните, Канцеларијата во Карпош со информации за локацијата и контактите и понатаму фигурира како отворена.

Партијата Левица и ВМРО-ДПМНЕ имаат пратеници во оваа зона, а имаат вработено и посебно лице за контакт.

Порталб.мк во изминатиот период десетици пати ја посети оваа Канцеларија, но никогаш не ја најде отворена.

Се обидовме да стапиме во контакт со двете одговорни лица на пратениците, Александар Симонов и Моника Ѓорѓиевска, кои оваа канцеларија треба да ја користат од 09:00 до 14:00 часот и од 15:00 до 20:00 часот.
Симонов воопшто не одговори на телефонските повици, а Ѓорѓиевска не извести дека е надвор од државата.

Порталб.мк од Собранието побара извештај за работата на оваа канцеларија и информација каде ќе биде новата канцеларија, каде што граѓаните ќе можат да се сретнат со своите пратеници, но до објавувањето на овој текст не добивме одговор од Собранието.

Врз основа на истражувањето на Порталб.мк објавено на 24 септември 2022 година, во декември 2022 година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе мислење, со кое констатира дека Општина Карпош врши континуирана дискриминација на граѓаните со попреченост, жителите на оваа општина, при тоа кршејќи го државниот Устав. Имено, како што пренесува Порталб.мк, канцелариите се наоѓаат на надвозникот „Влајко“, каде што не работат лифтовите и ескалаторите.

За ова, општина Карпош вети дека во наредниот буџет, поточно во буџетот за 2024 година, ќе издвои средства за сервисирање и одржување на лифтовите, со цел да им се овозможи пристап на граѓаните со попреченост. Но Општината нема издвоено средства.

Иронично е тоа што покрај оваа канцеларија, на надвозникот се наоѓа и „Инфо канцеларијата за помош и нега во домот“. Вратите на оваа канцеларија се покриени со слики на стари лица на кои им помагаат медицински сестри и медицински персонал.

„Грижа за стари лица во домашни услови во општина Карпош. Затоа што само домот е дом“, пишува на натписите.

Меѓутоа, овие натписи не можат да ги видат постарите лица и лицата со посебни потреби, бидејќи до центарот кој се наоѓа на надвозникот се стига низ 30 скали, а не работи ниту лифтот, ниту ескалаторот.

Според Порталб.мк, граѓаните треба да ги бараат насекаде вработените во Канцелариите на пратениците за контакт со граѓаните, кои според определен распоред се ангажирани за да обезбедат комуникација меѓу пратениците и граѓаните. Порталб.мк  посети 4 канцеларии на различни локации и тоа во Тетово, Чаир, Карпош и Шуто Оризари за да види одблиску како тие функционираат.

Според она што го видовме на терен, овие канцеларии не го почитуваат работното време, а дел од нив не одговараат ниту на телефонските повици. Граѓаните не можат да контактираат со претставниците на пратениците кои ќе треба да ги слушнат нивните проблеми и потреби, а потоа да ги достават до Собранието за да се изнајде конкретно решение.

ИзворPortalb.mk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на...