вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: општина Карпош | 70 резултати

Наместо да го поправи лифтот, Општина Карпош ја затвори Канцеларијата на пратениците

17 март 2024

Иако вети, Општина Карпош не го поправи ниту лифтот, ниту ескалаторот на мостот „Влајко“, во кој е сместена Канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните, како што препорача Комисијата за спречување и заштита од дискриминација врз основа на истражувањето на Порталб, со цел граѓаните со посебни потреби да имаат пристап до неа. Наместо тоа, општината ја […]

Мета факт: Младите од Карпош не добија можност за практикантство во локални компании

27 февруари 2024

Градоначалникот на Општината Карпош, Стевче Јакимовски во својата изборна програма „Моќен сојуз, јас и вие“, вети дека локалната власт ќе им даде поддршка на младите жители за стекнување практикантско искуство во фирми од Карпош. Во програмата на Јакимовски, во делот посветен на младите, се предложени три проекти, со кои, покрај отворањето на канцеларија за млади […]

Мета факт: Општина Карпош не изгради трим патека до крстот на Водно

6 февруари 2024

Општината Карпош досега не изгради трим патека за рекреација на граѓаните до Милениумскиот крст на Водно, иако овој проект беше едно од изборните ветувања на градоначалникот Стевче Јакимовски. Од Општината сега информираат дека не се подготвени самостојно да го реализираат овој проект, туку дека само би учествувале доколку Градот Скопје го реализира. Според ова, можеме […]

Општина Карпош доби буџет, блокадата на ВМРО-ДПМНЕ не успеа

4 јануари 2024

По вчерашните протести на вработените во локалните установи и бројните соопштенија и контра соопштенија, Советот на Општина Карпош денеска го усвои буџетот за 2024 година со гласовите на советничките групи на СДСМ, Левица, ГРОМ и двајцата независни советници Невена Георгиевска и Александар Илиески. Градоначалникот Стевчо Јакимовски по седницата изјави дека со изгласаниот буџет општината ќе […]

ВМРО-ДПМНЕ со 4.000 амандмани ќе го блокира идниот буџет на Општина Карпош

12 декември 2023

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ поднесе 4.000 амандмани со кои времено ќе биде спречено носењето на Буџетот на општина Карпош. Ова денеска го најави Роберт Вељановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош. Од партијата сметаат дека на овој начин ќе ги спречат сите обиди за носење на криминални […]

Мета факт: Општина Карпош финансиски помогна при изградба на ново прифатилиште за улични кучиња

5 декември 2023

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во својата предизборна програма, во делот „Екологија“, вети дека ќе отвори професионален стационар за сместување бездомни кучиња. Советот на Општина Карпош минатиот месец донесе одлука за давање финансиска помош на стационарот за бездомни кучиња кој во моментов го гради и опремува здружението „Шепасти ентузијасти“. Со оглед на овие околности, […]

Седум деца заболени од салмонела во училишта во Карпош, се испитува храната и хигиената во кујните

8 ноември 2023

Седум ученици кои учат во основните училишта „Владо Тасевски“, „Војдан Чернодрински“ и во „Јан Амос Коменски“ биле заболени од инфекција предизвикана од бактеријата салмонела (dg. sаlmonellozis), потврдија за Мета од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Веќе се земени брисови од вработените во кујните во училиштата, а резултати се очекуваат најдоцна до сабота. Како што […]

Започнува зонското паркирање во Општина Карпош

6 ноември 2023

Започнато е воведување на зонско паркирање на територијата на Општина Карпош, информираше денеска јавното претпријатие „Градски паркинг“. Новата јавна површина за паркирање – зона Д42 е лоцирана кај комплексот МИДА, на улицата „Орце Николов“. Зоната вклучува 79 паркинг места, од кои две се наменети за лица со попреченост. Час паркирање во оваа зона чини 25 […]

Заеднички Центар за талентирани ученици отвораат општините Центар, Карпош и Кисела Вода

5 октомври 2023

Денеска во основното училиште „Димитар Миладинов“ во Скопје се отвори Центар за талентирани ученици, кој е резултат на меѓуопштинската соработка меѓу општините Центар, Карпош и Кисела Вода. Како што соопштија од Општина Центар, центарот располага со површина од 120 квадратни метри и вклучува три посебни простории и тоалет, опрема за планетариум и физика, биохемиска лабораторија […]

Во Карпош 3 кај салата „Партизан“ започна изградбата на затворен пливачки базен

13 септември 2023

Скопје ќе добие нов спортско-рекреативен комплекс во населбата Карпош 3 со најновата инвестиција на Агенцијата за млади и спорт. Денеска започна изградбата на затворен пливачки базен до спортската сала „Партизан“, која исто така во моментов се наоѓа во завршна фаза на реконструкција. „Со почетокот на изградбата на затворениот пливачки базен којшто го означуваме денеска и […]

Новиот мост во Карпош 4 ќе биде пуштен во употреба до крајот на годинава

31 август 2023

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, денеска изврши увид во градежните работи на мостот на Љубљанска во Општина Карпош. До крајот на годинава треба да заврши изградбата на овој мост, кој треба да ја поврзе улицата Љубљанска во Карпош 4 со улицата Скупи во Злокуќани. Новиот мост ќе има широчина […]

Антикорупциска ќе бара распуштање на Советот на општина Карпош поради ДУП-от за „Пуцко Петрол“

4 август 2023

Антикорупциската комисија ќе достави до Министерството за локална самоуправа претставка за понатамошно постапување за распуштање на Советот на општина Карпош во согласност со членот 75, став 1, точка 1 од Законот за локална самоуправа поради тоа што во два навратa го донеле Деталниот урбанистички план за градската четврт 3 04, а истиот бил поништен од […]

АНАЛИЗА: Милионски тужби, ненаплатени даноци, неоправдани вработувања – ревизорски наоди за Карпош и Бутел

18 јули 2023

По објавување на детали од ревизорскиот извештај за Општина Тетово, Порталб.мк објави и наоди за работењето на други општини во земјава чие финансиско работење беше под лупа на ревизорите. Општина Карпош: судски тужби во вредност од речиси 30 милиони евра Неостварени приходи и нереализирани расходи како што било планирано – на приходната страна се собрале […]

Мостот што ќе ги поврзе Карпош и Злокуќани ќе биде готов до крајот на годинава

4 јули 2023

Новиот мост што се гради на реката Вардар на улицата Љубљанска во Општина Карпош ќе биде готов до крајот на годинава. Станува збор за мост што ќе ги поврзе населбите Карпош 4 и Злокуќани, а ќе биде со широчина од 24 метри со четири коловозни ленти, со пешачки и велосипедски патеки од двете страни. Ова […]

Уставен суд го укина ДУП-от за салата „Борис Трајковски“ каде требаше да се гради бензинска

5 април 2023

Уставниот суд на денешната седница одлучи да ја укине Одлуката за донесување Детален урбанистички план за градска четврт 3 04 блок 04.05 на Општина Карпош.  Станува збор за ДУП-от што се однесува на локацијата кај спортската сала „Борис Трајковски“, при што на една од парцелите е предвидена изградба на бензинска станица, а земјиштето веќе го […]

Комисијата за антидискриминација потврди: Општина Карпош ги дискриминира лицата со попреченост

29 декември 2022

Општина Карпош континуирано ги дискриминира граѓаните со попреченост кои се жители на оваа општина, истовремено кршејќи го Уставот на државата. Вака одлучи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), повикувајќи се на истражувањето на Порталб.мк за нефункционалноста на канцелариите за контакт на граѓаните со пратениците на Собранието на РСМ, пишува Порталб.мк. Според КСЗД, со […]

Нападнат советник на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, СДСМ и Стевчо Јакимовски вперуваат прст кон Мицкоски

2 ноември 2022

По вчерашниот напад на советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Илиески од Совет на општина Карпош што го потврди и полицијата, градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски и СДСМ реагираат и бараат да се истражи евентуална поврзаност на нападот со раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Наталија Спировска, советничка од СДСМ во Советот на општина Карпош денеска го осуди физичкиот […]

КСЗД отвори постапка за Канцеларијата за контакт на граѓаните со пратениците во Карпош

13 октомври 2022

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) по истражувањето на Порталб.мк во врска со Канцелариите за контакт на пратениците со граѓаните, поточно за Канцеларијата во Карпош која нема пристап за лицата со посебни потреби, донесе одлука да поведуве постапка по службена должност. „Ве известуваме дека вашето барање е разгледано на седница и Комисијата одобри […]

ВМРО-ДПМНЕ сака да им ги одземе мандатите на советниците во Карпош кои не се појавиле три седници едноподруго

31 август 2022

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Карпош денеска поднесе барање до претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов за отпочнување процедура за одземање на мандатите на советниците кои што три пати последователно не дошле на седница на Советот. Од партијата сметаат дека не смее повеќе да се толерира и плаќа неработењето. „Треба […]

Одбележана 81. годишнината од формирањето на Скопскиот партизански одред

22 август 2022

Со поклонување и положување свежо цвеќе пред споменикот на Скопскиот партизански одред во Карпош 3 денеска беше одбележана 81. годишнина од формирањето на овој одред, кој е првата партизанска формација на територијата на денешна Македонија. Почест на младите партизани, кој пред 81 година се одѕвале на повикот на КПЈ за подигнување востание против фашистичкиот окупатор […]

Страна 1 од 4