Општина Карпош доби буџет, блокадата на ВМРО-ДПМНЕ не успеа

Градоначалникот Стевчо Јакимовски изјави дека сценаристот и режисерот Христијан Мицкоски кој е граѓанин на Општина Карпош, и кој се обидел да ја блокира Општината во којашто живее, улогата му ја доделил на актерот Роберт Вељановски, како главна улога

-

По вчерашните протести на вработените во локалните установи и бројните соопштенија и контра соопштенија, Советот на Општина Карпош денеска го усвои буџетот за 2024 година со гласовите на советничките групи на СДСМ, Левица, ГРОМ и двајцата независни советници Невена Георгиевска и Александар Илиески.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски по седницата изјави дека со изгласаниот буџет општината ќе може непречено да функционира.

„Ова беше настан без преседан во историјата на локалната самоуправа, каде што советниците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да го блокираат донесувањето на буџетот, а со тоа да го запрат функционирањето на Општината и исплаќањето плати на вработените од општинската администрација, училиштата и градинките. За среќа, надвладеа разумот“, изјави градоначалникот Јакимовски.

Тој додаде дека сценаристот и режисерот Христијан Мицкоски кој е граѓанин на Општина Карпош, и кој се обидел да ја блокира Општината во којашто живее, улогата му ја доделил на актерот Роберт Вељановски, како главна улога.

Задоволен од исходот на денешната седница, пред медиумите се обрати и претставникот од општинската администрација во Карпош, Дејан Јонузоски.

„Голема благодарност од името на сите вработени од Општина Карпош. Благодарност до дел од советниците што ја поддржаа нашата борба и го изгласаа буџетот. Ова беше една победа за целата администрација којашто и понатаму ќе продолжи да ги исполнува своите работни обврски“, рече Дејан Јонузоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ, кои го блокираа донесувањето на буџетот преку поднесување на 4.000 амандмани на општинскиот буџет, денеска по гласањето изјавија дека во Советот на Општина Карпош се случило „насилство и талатизација“.

„На сила, вон секоја демократска процедура, со кршење на сите законски акти и подакти, со кршење на Деловникот, Статутот на општина Карпош и Законот за локална самоуправа, со 15 гласа ЗА беше усвоен Буџетот на општина Карпош за 2024 година“, изјави советникот од ВМРО-ДПМНЕ Роберт Вељановски.

Тој обвини дека претседателот на советот во Карпош не се појавил на седницата, а самата општинска седница била полна со деловнички и законски недоследности какви што до сега никогаш не се случиле во Советот на општина Карпош. Тој тврди дека со флагрантно кршење на општинскиот деловник биле погазени легални поднесени амандмани од нивната коалиција, за што нивната партија ќе одговори со легални мерки.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос, во интервју...

Министерот Тошковски се сретна со семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба меѓу министерот Панче Тошковски и семејствата настраданите во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година кога...

По протестот на семејствата на жртвите од Кочани, обвинителството со отворен повик до јавноста

Еден и пол месец по трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани во која загнаа 62 главно млади лица, и по средбата со семејствата на загинатите на денешниот протестен марш во...

„Системот убива, институциите молчат“ – протестен марш на семејствата на жртвите од Кочани

Со транспаренти на кои пишуваше „Ги изгоревте децата со вашата алчност и негрижа“, „Селективна одговорност е неодговорност, бараме правда!“, „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“ и „Системот убива, институциите молчат“,...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос смета дека Македонија и Косово се тажни приказни

Регионот во некои аспекти пред 20 години беше во подобра состојба отколку денес. Македонија и Косово се тажни приказни во однос на евро-интеграциите. Вака евро-комесарката за проширување, Марта Кос,...