fbpx

Претседателот на Синдикатот во М-НАВ обвинува за притисок откако бил повикан во полиција

Тасевски денеска одржа прес-конференција за медиуми, на која потврди дека бил повикан во полиција каде му била презентирана пријавата од страна на двајца од директорите во М-НАВ

-

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, вчера бил повикан на службен разговор во полиција, по поднесена пријава против него за заканување или заплашување. Ова го соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде ги негираат дезинформациите кои вчера ги објавија повеќе медиуми дека Тасевски наводно бил приведен.

Пријавата против него ја поднеле две од раководните лица во М-НАВ за испратени закани по мејл.

„Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај“, велат од полицијата, од каде напомнуваат дека Тасевски не бил лишен од слобода, туку со него бил извршен службен разговор со цел расчистување на случајот.

Тасевски денеска одржа прес-конференција за медиуми, на која потврди дека бил повикан во полиција каде му била презентирана пријавата од страна на двајца од директорите во М-НАВ.

Според него, содржината на мејлот за кој е поднесена пријавата, немала ставки кои асоцираат на закани и тврди дека врз него се врши притисок за да се откаже од бунтот против, како што рече, нестручните вработувања.

„Содржината на тој мејл ниту има било какви ставки кои асоцираат на закани и животозагрозувачки информации, а тенденциозно се интерпретираат погрешно за да ми се изврши притисок со намера да се откажеме од нашите активности. Преку мене и до синдикатот на контролори на летање и до сите оние професионалци кои покажаа доблест да го кренат својот глас и да ја заштитат професијата и да кажат стоп на оние нестручни вработувања“, рече првиот синдикалец на М-НАВ, Тасевски.

Тасевски најави дека оставки ќе си дадат контролорите за летање кои имаат раководни и инструкторски функции, откако претходно оставки си дале техничарите. Причини за оставките се вработувањата, кои според Синдикатот се наместени за кадри кои се несоодветни за функциите.

„Последните чекори од инженерите и техничарите, кај директорите предизвикаа страв. Тој не е по нивните животи, туку страв кој се однесува на нивните директорски фотелји. Тоа покажува дека сме на вистинската патека, бидејќи вродува со плод и ни дава мотив да се движиме во таа насока. Нема да нè заплаши тоа што се случи вчера. Сè повеќе професионалци кои, не се само контролори на летање, туку и другите служби, го креваат твојот глас. Директорите се свесни и се во состојба на паника“, изјави Тасевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...