петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: М-НАВ | 31 резултати

Укинати мерките и притворот за шестмина за упадот во М-НАВ

февруари 23, 2024

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд, доставило предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор за шестмина осомничени за упадот во М-НАВ. Судиите го прифатиле предлогот на обвинителството, соопштија од Кривичниот суд. Претходно, пак, на крајот на јануари, Апелациониот суд […]

Уапсени се сите осуммина осомничени за упадот во М-НАВ

јануари 18, 2024

Лишени од слобода се сите осуммина кои се сомничат за загрозување на воздушниот сообраќај, за упадот во М-НАВ, соопшти Јавното обвинителство. „Во врска со предметот за случувањата во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент лишени од слобода се сите осум лица опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка за […]

Куќен притвор и за петтиот осомничен за упадот во М-НАВ кој беше во бегство

јануари 13, 2024

За еден од од осуммината осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, кој повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше уапсен на граничен премин, Основниот кривичен суд Скопје определил мерка куќен притвор. „Основното јавно обвинителство Скопје ќе вложи жалба на ваквата одлука“, соопштија од Јавното обвинителство. За упадот во М-НАВ […]

Уапсено уште едно лице за упадот во М-НАВ, обвинителството бара притвор

јануари 12, 2024

Јавен обвинител денеска бил известен од полицијата дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за упадот во Македонска навигација (М-НАВ). Станува збор за еден од четворицата кои не беа достапни за истражните органи. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд […]

Домашен притвор за Беким Незири за упадот во М-НАВ, одлучи Кривичниот совет

јануари 11, 2024

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд му одреди куќен притвор на Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и претседател на чаирскиот огранок на ДУИ, и на уште три лица за упадот во Македонската навигација (М-НАВ). Четворицата ќе бидат во притвор во траење од 30 дена, а за нив ќе има и дополнителни мерки на […]

Контраспин: Ковачевски со напад врз синдикалниот лидер го минимизира нападот врз контролорите на летање

јануари 11, 2024

Премиерот Димитар Ковачевски со напад врз претседателот на синдикатот на контролорите на летање ја извртува вистината околу главните проблеми со М-НАВ и за конкретната афера со упадот во контролата на летање. И покрај тоа што со одлука на Влада е задоволено главното барање на синдикатот – смената на директорите кои со години се во фокус […]

Ковачевски за М-НАВ: Тоа е семејна фирма со вработувања до трето колено

јануари 10, 2024

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека со М-НАВ како институција треба посериозно да се занимаваат не само Владата, туку и Еуроконтрол, од каде што доаѓаат финансирањата. Тој, по вчерашната седница на Владата каде што беа избрани двајца нови директори, а разрешени претходните, вели дека институцијата е станата налик на семејна фирма. „Кога ќе погледнете, таму има […]

Пендаровски: Нема смисла хаосот со вадење документи, законот треба да се пролонгира

јануари 10, 2024

Срамно и непотребно понижување на македонските граѓани. Вака претседателот Стево Пендаровски го искоментира процесот на промена на личните документи поради промената на уставното име на државата, во синоќешното гостување на телевизија Сител. Пендаровски за време на разговорот јавно ѝ предложи на Владата рокот за вадење на документите да биде пролонгиран до септември или октомври, за […]

Еднодневна владина голгота за избор на ново раководство во М-НАВ

јануари 9, 2024

Речиси цел ден траеше голготата за предлог на ново раководство на М-НАВ. Владата првично ги предложи Илир Мехмети (поранешен директор на Управата за цивилна и воздушна пловидба) и Милан Кораќ (оперативен инженер техничар во М-НАВ) за нови директори на М-НАВ. Но, само што беше именуван Мехмети, Владата на истата седница ја смени одлуката под притисок […]

Пендаровски: Да се расветли случајот М-НАВ, станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во авионскиот сообраќај

јануари 9, 2024

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролори на летање и Горан Гавровски, член на синдикалниот одбор, информираат од претседателскиот кабинет. На средбата претседателот Пендаровски ги поддржал заложбите на синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ АД – Скопје, којашто е дел од критичната инфраструктура во […]

Да се уврди одговорност за инцидентот во М-НАВ, бара Платформата на организации против корупцијата

јануари 8, 2024

Платформата на граѓански организации против корупцијата, во отворено писмо испратено до медиумите, бара институциите на системот, во целост да ги расветлат деталите околу насилниот инцидент во М-НАВ, кој се случи на 4 jануари, соопштија денеска оттаму. Платформата е составена од 18 членки – организации кои работат на теми од антикорупција, владеење на правото и добро […]

Обвинителството му одговори на Кривичен: Со упадот во М-НАВ загрозен авиосообраќајот

јануари 7, 2024

По денешното соопштение преку кое Основниот кривичен суд се дообјасни зошто го одбило предлогот на обвинителството за определување мерка притвор за Беким Незири и за уште тројца осомничени за упадот во М-НАВ и нападот врз контролор на летање, попладнево реагираа и од Основното јавно обвинителство. „Во однос на обележјата на кривичното дело – Загрозување на […]

Снимка од грабеж во Англија во 2016 година претставена како снимка од нападот во Контролата на летање

јануари 7, 2024

Деталите од фотографијата не кореспондираат со денот и времето кога се случил нападот. Поради тоа, Вистиномер ја пребара фотографијата на Гугл и најдовме дека таа е од снимка од 2016 година. Станува збор за инцидент кој се случил во Англија, а во кој две лица нападнале човек на неговото работно место за да го ограбат, […]

Кривичниот суд се дообјаснува зошто нема притвор за напаѓачите во М-НАВ

јануари 7, 2024

Основниот кривичен суд од Скопје денеска преку соопштение објаснува за причините поради кои го одбило предлогот на обвинителството за определување на притвор за Беким Незири и уште три осомничени лица за упадот во М-НАВ и нападот врз контролор на летање на своето работно место. Наместо притвор, судот во петокот им определи мерки на претпазливост на […]

За Беким Незири и уште тројца Кривичен суд определи мерки за претпазливост

јануари 6, 2024

Кривичниот суд определи мерки за претплазливост четири лица поврзани со случувањата во М-НАВ, меѓу кои и Беким Незири, поранешен министер и советник на директорот на М-НАВ, кои се  осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Според соопштението од Судот, овие четири лица, заедно со уште други четири лица кои се во бегство, упаднале во […]

Се бара притвор за четворица за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај во М-НАВ

јануари 5, 2024

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопшти обвинителството. Еден од осомничените е Беким Незири, советник на извршниот […]

Претседателот Пендаровски го осудува насилничкото однесување во М-НАВ

јануари 5, 2024

Претседателот Стево Пендаровски реагира на вчерашниот инцидент во М-НАВ, осудувајќи го насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа институција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории. Пендаровски истакнува дека ја поддржува иницијативата на Владата со која е најавена целосна смена на сите раководни структури во М-НАВ кои се директно одговорни […]

Директорот на М-НАВ: Вработените се замаени, вчерашниот упад бил мало кошкање

јануари 5, 2024

Директорот на М-НАВ и претседател на управниот одбор, Фахрудин Хамиди денеска изјави дека безбедноста на авиосообраќајот во земјава не била, ниту пак ќе биде загрозена. Тој тврди дека постојано е под напади од претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, поради како што тврди, негови лични идеи. „Репутацијата е доведена во прашање поради […]

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање не бил приведен, туку повикан на службен разговор

јануари 5, 2024

Тасевски не бил приведен, туку повикан на информативен разговор, а тоа го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР) и самиот Тасевски. Приведување, според Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, член 15, се дефинира како „службено дејствие кое го преземаат полициските службеници врз основа на писмена наредба издадена од надлежен суд заради […]

По упадот во контролната кула на М-НАВ: Револт, приведувања и најави за разрешувања

јануари 5, 2024

Владата најави дека на следната седница ќе го разреши целото раководство и сите членови на управниот одбор на М-НАВ по вчерашниот упад во контролната кула на М-НАВ од страна на неовластени лица кои натепаа контролор на летање на работното место. Контролорите на летање, заедно со двата синдикати на М-НАВ, синоќа одржале вонреден состанок, на кој […]

Страна 1 од 2