четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: синдикати | 41 резултати

Бесими: Со штрајк не може да се блокираат граничните премини

јуни 22, 2023

Ниту вработените во Управата за јавни приходи ниту царинските службеници имаат намера да затворат гранични премини или да не исплатат плати, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој изрази уверување дека ситуацијата ќе се надмине оти како што објасни, има закон за регулирање на правата и за тоа како се дефинира процедурата за штрајк. […]

Германија блокирана од штрајкот на вработените во јавниот превоз

март 27, 2023

Германската транспортна мрежа е речиси во целосен застој, бидејќи земјата го доживува еден од најголемите штрајкови во последните децении. Персоналот на аеродромите, пристаништата, железницата, автобусите и метрото непосредно по полноќ го започна штрајкот кој вклучува 24-часовен прекин на нивното работење, пишува Би-би-си. Два од најголемите германски синдикати бараат повисоки плати за да им помогнат на […]

Министерката Петровска ќе се сретне со синдикатите во однос на барањата на војниците

февруари 8, 2022

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во текот на неделава ќе го покани на средба најрепрезентативниот синдикат во одбраната, а потоа ќе се сретне и со претставници на останатите синдикати, пишува Порталб.мк. „Ставот на министерката е дека правата на вработените мора да бидат заштитени и испочитувани. Во тој правец, меѓу другото, министерката ќе понуди решение за […]

Порталб анализа: Минималец од 18.000 денари – за работниците добредојден, за дел од фирмите „шок“

февруари 7, 2022

Македонија е петта земја според најниска минимална плата во цела Европа. Започнуваат преговорите на релација синдикати – влада – работодавачи за ново зголемување на минималецот до 18.000 денари, пишува Порталб.мк. Дел од бизнисмените предупредија дека растот направен под притисок може да предизвика отпуштања во фирмите, загрозување на ликвидноста. Анализите на дел од економистите го покажуваат спротивното. Минималецот од […]

Заев ја повлече одлуката, администрацијата и понатаму ќе има флексибилно работно време

септември 30, 2020

Вработените во јавната администрација од утре ќе продолжат да работат по флексибилно работно време. Премиерот Зоран Заев не ја потпиша вчерашната владина одлука за воведување на фиксно работно време на вработените од органите на државната управа од 8 до 16 часот. Ова значи дека административците од утре (1 октомври) ќе продолжат да функционираат со флексибилното […]

Синдикатите против поскапување на струјата, партиите меѓусебно се препукуваат

август 1, 2020

Шест синдикати, неколку здруженија и асоцијации ја осудија вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за 7,42 отсто. Тие бараат од регулаторите веднаш да ја повлечат ваквата одлука и се револтирани поради тоа што одлуката се носи во екот на најголемата криза од поновото време, кога илјадници луѓе остануваат без работа […]

Синдикати: Кривична одговорност за работодавачите кои зедоа државни пари за плати, а не ги исплатија работниците

јули 29, 2020

Шест синдикати, неколку здруженија и асоцијации ги осудија сите работодавачи кои зедоа државни пари за исплата на плати, а не им ги дадоа на своите вработени. Во нивното заедничко соопштение се вели дека целта на државната финансиска поддршка утврдена со владината уредба за справување со кризата од ковид-19 беше да се зачуваат работните места на […]

Синдикатите незадоволни: Владата не ги прифати нашите забелешки за третиот пакет мерки

мај 18, 2020

Повеќе синдикати, граѓански организации и здруженија не се согласни со третиот пакет мерки за економска помош на Владата и реагираат дека е тој донесен без усогласување со нивните ставови и барањата, посочени на заедничкиот состанок со владините претставници. Во нивното заедничко соопштение стои дека Владата не прифатила ниту една од дадените забелешки. „Особено сме незадоволни […]

ССНМ: Владата се кити со туѓи перја

април 22, 2020

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) реагираше на соопштението на Владата во врска со извештајот за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, порачувајќи дека Владата си припишува себеси туѓи заслуги. „Во соопштението како причини за скокот на листата е наведено подобрувањето на работничките права на новинарите и медиумските работници, но тоа во […]

Грчките синдикати најавуваат 24-часовен штрајк на јавниот и приватниот сектор

мај 29, 2018

Најголемите грчки синдикати на вработените во јавниот и приватниот сектор за утре закажаа генерален 24-часовен штрајк, што ќе ја парализира цела Грција, јавува новинската агенција МИА. Проблеми ќе има во авионскиот, железничкиот и бродскиот превоз, а нема да се емитуваат ниту вести и информативни емисии поради учеството на новинарите во штрајкот. Грчките авиокомпании откажале или […]

Синдикатите протестираа за поголеми права и доставија барања до Владата

мај 1, 2018

По повод Меѓународниот ден на трудот денеска во Скопје се одржаа неколку различни протести на синдикалните организации на кои учествуваа повеќе стотици граѓани. Тие побараа подобри работнички услови, поголеми права и поголема заштита. Сојузот на синдикати на Македонија организираше Првомајски марш од пред нивното седиште до владата каде побараа достоинствена плата, покачување на личниот доход, […]

Менаџментот на САСА и синдикатите ќе преговараат, блокадите прекинати

март 15, 2018

Заради надминување на состојбата предизвикана од нелегалната блокада на пристапниот пат до рудникот САСА, менаџментот на рудникот ги повикал на разговор претседателoт на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Дарко Димовски, претседателот на Мултиетничкит синдикат на образованието (МЕСО),  Драге Јовановски и генералниот секретар на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР), Марија Анчева, информираат од […]

Утре почнува дебатата за предлог-буџетот за 2018 година, со покани и на затворена сесија

ноември 1, 2017

Министерство за финансии утре ќе организира дебата на затворена сесија за предлог-буџетот за 2018 година, на која ќе учествуваат само поканети претставници на граѓански организации, синдикати и на стопански комори. Од Министерство за финансии, за „Мета“ велат дека ќе бидат поканети оние организации што се занимаваат со теми од областа на финансиите. – Сакаме да бидеме […]

Почнаа преговорите за зголемување на минималната плата

јуни 23, 2017

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, заменик-министерката за финансии, Ширете Елези, и економскиот тим во Министерството за финансии денеска со претседателите на синдикатите почнаа разговори за зголемување на минималната плата. Како што соопштија од Министерството за финансии, владините претставници на синдикатите им го презентирале планот за зголемување на […]

Делев: ВМРО-ДПМНЕ ја воведе минималната плата, СДСМ да продолжи со мерките

јуни 13, 2017

„Минималната плата е воведена и утврдена од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во директен дијалог со работодавците и со синдикатите“, изјави денеска на прес-конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој потсети дека Законот за минимална плата пред донесувањето беше огромен хендикеп за огромен број работници. „Со утврдувањето на минималната плата, повеќе до 65.000 работници си го решија долгогодишниот проблем, […]

Спасовски: Македонија има потреба од слободни и неокупирани синдикати

мај 26, 2017

Македонија има потреба од вистински, слободни и неокупирани синдикати и тоа е задача и цел Владата да придонесе да имаме слободни синдикати со кои ќе можеме да разговараме за заштита за работничките права, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на средбата која ја побарале неколку синдикати. – Денеска е значаен ден заради тоа што […]

Дел од синдикатите се против идејата вицепремиер да биде од бизнис заедницата

мај 24, 2017

Неколку синдикални организации во отворено обраќање до лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Зоран Заев велат дека силно се противат на идејата вицепремиер за економски прашања во новата влада да биде претставник од бизнис заедницата. Од таму сметаат дека за да може Македонија конечно да тргне по вистинскиот пат на развојот, […]

ССНМ: Работните права во медиумите застапени на ниво на статистичка грешка

мај 1, 2017

Синдикалните права и правата од работен однос во македонските медиуми се застапени на ниво на статистичка грешка од само 3,5 проценти, покажува надзорот на известувањето на медиумите спроведен од страна на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), спроведен во периодот од февруари до април 2017 година. Во временски периодот од трипати по една седмица или […]

Синдикатите и јавниот сектор во Грција денеска излегуваат на 24-часовен генерален штрајк

декември 8, 2016

Грција денеска ќе биде парализирана од генерален 24-часовен штрајк на работничките синдикати и на јавната администрација. Илјадници членови на синдикатите се очекува да излезат на масовниот протест во центарот на Атина, за да го изразат своето незадоволство од владините мерки кои влијаат на социјалните и на финансиските можности на граѓаните на Грција. „Повикуваме на протест како […]

Синдикатите потпишаа повелба и го поздравија разрешувањето на Митревски

декември 2, 2016

Повеќе гранкови синдикати ставија потпис на повелбата за солидарност на синдикатите и на здруженијата за заштита на работничките права, со која, меѓу другото, се спротиставуваат на опструкциите на синдикализмот и бараат од надлежните органи во земјава да преземат активности за нивно надминување. Со повелбата, која ја потпишаа Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Синдикатот […]

Страна 1 од 2