fbpx

Укинати мерките и притворот за шестмина за упадот во М-НАВ

На крајот на јануари, Апелациониот суд во Скопје ги уважи жалбите на обвинетите Беким Незири и Алмир Рамдедовиќ осомничени во случајот „М-НАВ“ и им ја укина мерката куќен притвор, со што сега нема мерки против ниту еден од осуммината осомничени

-

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд, доставило предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор за шестмина осомничени за упадот во М-НАВ. Судиите го прифатиле предлогот на обвинителството, соопштија од Кривичниот суд.

Претходно, пак, на крајот на јануари, Апелациониот суд во Скопје ги уважи жалбите на обвинетите Беким Незири (претседател на огранокот на ДУИ во Чаир) и Алмир Рамдедовиќ осомничени во случајот „М-НАВ“ и им ја укина мерката куќен притвор.

Со ова, укинати се мерките за претпазливост и за притвор за сите осуммина осомничени за упадот во М-НАВ.

„Постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител, а ценејќи ги приложените факти, судиите на претходна постапка, го прифатија предлогот на Јавниот обвинител и донесоа решенија со кои за А.О., Р.Б. и Љ.Ќ. ја укинаа мерката куќен притвор, додека за С.Ш., О.А. и Е.С. ја укинаа мерката притвор и им определија мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т.1,2.3 и 6 односно забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, обврска обвинетиот да се јавува во судот и забрана за приближување или воспоставување врска со одредени лица“, се вели во соопштението на судот.

Инцидентот во М-НАВ се случи на 4 јануари годинава, кога осум лица упаднаа во канцелариите на Македонска навигација на аеродромот во Скопје и нападнаа контролор на летање, а откако Синдикатот на контролорите на летање се „крена на нозе“ поради несоодветна селекција на кандидати на оглас за нови вработувања и обвинија за партизација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...