fbpx
Таг: беким незири

таг: беким незири

Укинати мерките и притворот за шестмина за упадот во М-НАВ

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд, доставило предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор за шестмина осомничени за упадот во М-НАВ. Судиите го прифатиле предлогот на обвинителството, соопштија од Кривичниот суд. Претходно, пак, на крајот на јануари, Апелациониот суд во Скопје ги уважи жалбите...

Уапсени се сите осуммина осомничени за упадот во М-НАВ

Лишени од слобода се сите осуммина кои се сомничат за загрозување на воздушниот сообраќај, за упадот во М-НАВ, соопшти Јавното обвинителство. „Во врска со предметот за случувањата во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент лишени од слобода се сите осум лица опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка за кривично дело - Загрозување на...

Уапсено уште едно лице за упадот во М-НАВ, обвинителството бара притвор

Јавен обвинител денеска бил известен од полицијата дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за упадот во Македонска навигација (М-НАВ). Станува збор за еден од четворицата кои не беа достапни за истражните органи. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд ќе достави предлог за...

Домашен притвор за Беким Незири за упадот во М-НАВ, одлучи Кривичниот совет

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд му одреди куќен притвор на Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и претседател на чаирскиот огранок на ДУИ, и на уште три лица за упадот во Македонската навигација (М-НАВ). Четворицата ќе бидат во притвор во траење од 30 дена, а за нив ќе има и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на...

Обвинителството му одговори на Кривичен: Со упадот во М-НАВ загрозен авиосообраќајот

По денешното соопштение преку кое Основниот кривичен суд се дообјасни зошто го одбило предлогот на обвинителството за определување мерка притвор за Беким Незири и за уште тројца осомничени за упадот во М-НАВ и нападот врз контролор на летање, попладнево реагираа и од Основното јавно обвинителство. „Во однос на обележјата на кривичното дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од...

Кривичниот суд се дообјаснува зошто нема притвор за напаѓачите во М-НАВ

Основниот кривичен суд од Скопје денеска преку соопштение објаснува за причините поради кои го одбило предлогот на обвинителството за определување на притвор за Беким Незири и уште три осомничени лица за упадот во М-НАВ и нападот врз контролор на летање на своето работно место. Наместо притвор, судот во петокот им определи мерки на претпазливост на овие лица. „Јавноста мора да...

Незири: Евроамбасадорот Жбогар бара партиите да се воздржат од националистичка реторика

Според задничката оценка на шефот на изборниот штаб на ДУИ, Беким Незири, и на евроамбасадорот Самуел Жбогар, кои денеска се сретнаа во седиштето на ДУИ во Мала Речица, Тетовско, изборната кампања поминува во мирна и фер атмосфера. - Неговиот став беше дека се исполнети сите услови за веродостојни и фер избори. Но, до 11 декември има уште време, се надеваме дека и...

ДУИ ја почнува предизборната кампања, во фокусот ќе бидат гласачите од дијаспората

Демократската унија за интеграција (ДУИ) како дел од албанскиот политички блок ќе освои најголем број гласови и демократски е таа да биде дел од новата влада. Ова денеска го изјави шефот на изборниот штаб на ДУИ, Беким Незири, откако лидерот на партијата, Али Ахмети, во партиското седиште во Мала Речица, одржа состанок со централниот изборен штаб, општинските изборни штабови...

Македонија лани ја посетиле 25.000 бугарски туристи, а во Бугарија отишле 470.000 Македонци

Министерот за економија, Беким Незири, одржa билатерална средба со делегација на Бугарија, предводена од министерката за туризам, Николина Ангелкова, на тема продлабочување на туристичката соработка меѓу двете земји. - Бројот на туристите од Бугарија во Македонија последниве три години се зголемува во континуитет и лани достигна 25.000, но оваа бројка во споредба со бројот на македонските туристи што ја посетиле Бугарија...

Незири: Заштитата на интелектуалната сопственост е пресудна за правичен пристап на пазарот

Фалсификувањето и пиратеријата, имаат огромно штетно влијание врз бизнисите и постои можност да станат уште попроблематични поради неодамнешната економска криза и сè поголемата продажба на лажни производи. Ова денеска го истакна министерот за економија, Беким Незири, кој учествуваше на промоцијата на проектот „Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост“ во ЕУ-инфоцентар. - Република Македонија има постигнато значајни резултати во обидот за спречување...

Италијанската компанија „Кондоте“ ќе гради 4 мали хидроелектрани

Италијанската компанија „Кондоте“ ќе гради четири мали хидроелектрани, кои претставуваат инвестиција во вкупна вредност од 19 милиони евра. - Оваа инвестиција во делот на обновливите извори на енергија на водечката италијанската градежна компанија „Кондоте“, преку фирмата ИМПГ ДОО Скопје, покрај изградбата на четири хидроцентрали, и тоа на Ештеричка, Кадина и на Зрновска Река, каде ќе бидат изградени две централи, придонесе за ангажирање на...

Потпишан договорот за уредување на дуќаните во Старата скопска чаршија

Ќе почнат активностите за реализација на проектот за уредување на излозите во Стара чаршија, откако денеска министерот за економија, Беким Незири, заедно со претседателот на здружението „Еснаф“, Бејтула Морина, денеска во Домот на занаетчии потпишаа договор за реализација на проектот. Станува збор за проект кој Министерството за економија го предвиде во програмата за развој на туризмот за 2015 година, а чија...

Незири: Со поддршката од ЕБОР, македонскиот и албанскиот пазар на електрична енергија ќе имаат огромна добивка

Министерството за економија потпиша договор за заем со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба на 400-киловолтен интерконективен далекувод Битола - Елбасан. - Со изградбата на овој далекувод, добивка ќе има како за македонскиот, така и за албанскиот пазар на електрична енергија, имајќи предвид дека базната електрична енергија во Македонија доаѓа од термоелектраните, а во Албанија од хидроелектраните -...

Прогласени најуспешните 100 компании во Северозападна Македонија

Денеска министерот за економија, Беким Незири, се обрати на свеченaтa промоција на каталогот „Топ 100“, во кој е направен избор на најдобри компании од албанската бизнис-заедница во Македонија, во организација на Стопанска комора на Северозападна Македонија. Изборот „Топ 100“ се спроведува петти пат и има цел промоција на најмоќните албански компании на локалниот пазар. Промоцијата се врши преку каталог, што во...

Незири: Условената препорака, позитивен сигнал за Македонија

Условената препорака на Европската комисија за Македонија е позитивен сигнал за нашата држава, смета министерот за економија, Беким Незири, и додава дека „наша должност е да ги имплементираме другите задачи што произлегуваат од препораката на Европската унија, за што побргу да станеме нејзина членка“. Дали ДУИ ќе има конкретни предлози и сугестии околу исполнувањето на Рамковниот договор, кој беше споменат во рамките...

Незири: За субвенции во земјоделството и во сточарството инвестирани 150 милиони евра

Mинистерот за економија, Беким Незири, изјави дека за субвенционирање на земјоделството и на сточарството во 2015 година се инвестирани 150 милиони евра, од кои 35 милиони евра се распределени во општините со кои раководат Албанци. - За 2016 година, оваа сума ќе се зголеми за дополнителни 2 милиони евра и субвенциите за земјоделците Албанци ќе достигнат 37 милиони евра, од предвидените...

„Енергетска математика“: Да се зголеми свесноста за рационално трошење енергија

Енергетиката како област е еден од приоритетите на Министерството за економија, како основа за сегашниот и за идниот економскиот развој, истакна министерот за економија Беким Незири. Незири, заедно со претседателот на управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Петер, и со директорот на Агенцијата за енергетика, Александар Дуковски, ја промовираше новата едукативна кампања за енергетска ефикасност, „Енергетска математика“, која има цел...

Опаѓа трговската размена на текстил и на облека

Mинистерот за економија, Беким Незири, денеска се сретна со седум најдоминантни извозно ориентирани текстилни компании. Повод за средбата е регистрираниот пад во трговската размена на текстил и на облека, кој изнесува 22,2 проценти за првите седум месеци годинава, во споредба со истиот период минатата година. Ако во дадениот период во 2014 година извозот на текстил и на облека достигнал вредност од 465...

Незири: Новиот закон за градежни производи ќе придонесе за развој на градежната индустрија

Ефикасен и силен механизам за контрола на квалитетот на градежните материјали кои се нудат на пазарот е еден од најзначајните услови што треба да обезбедат дополнителни гаранции за сигурноста на градбите и одржлив пораст на домашната градежна индустрија. Ова е една од клучните заложби на учесниците на конференцијата „Влијанието на градежните материјали врз квалитетот на градбата“, организирана од „Цементарница Усје“,...

Занаетчиите ќе се лиценцираат и ќе се организираат во комори

Лиценци за секој занаетчија, електронски занаетчиски регистар и воведување на категоријата чирак, содржи предлог-законското решение за занаетчиство усвоено од Владата. Занаетчиските комори бараат и основање на општински занаетчиски комори, ако во општината има 350 занаетчии. Министерот за економија, Беким Незири, истакна дека со лиценцирањето на занаетчиите, секој од нив ќе го штити својот производ и занает и ќе биде одговорен за...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...