fbpx

Почна постапката за собирање потписи за листи за кандидат за претседател

Потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија низ целата територија на државата

-

Денеска започна постапката за собирање на потписи за листи на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, извести Државната изборна комисија (ДИК).

Потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија низ целата територија на државата.

Работното време на подрачните канцеларии на Државната изборна комисија е секој ден од 08 до 20 часот, вклучително и во сабота, недела и за празници. Постапката за собирање на потписи ќе трае до 8 март до 24 часот.

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска изјави дека Стево Пендаровски е сериозен кандидат, но дека во партијата се разговара и сè уште нема дефинитивен кандидат за претседател. Тој изјави дека последниот збор ќе го имаат партиските органи.

„Во однос на другите кандидати, можам на сите да им посакам успех. Да посакам фер и демократска кампања“, кажа Ковачевски.

Инаку, во трката за собирање на потписи влегува и Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачкиот демократски сојуз. Со собирање на потписи почна и кандидатот на ДУИ, Бујар Османи.

Кандидатот за претседател од политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска се потпиша за официјализирање на кандидатурата во просториите на општинската канцеларија на Државната изборна комисија во Куманово. Тој се заблагодари за досегашната поддршката на граѓаните, посочувајќи дека засега бројката е висока.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, на претседателските избори ќе ја кандидира професорката Гордана Силјановска-Давкова. Во претседателската трка влегуваат и универзитетската професорка Билјана Ванковска како кандидат на Левица и Арбен Таравари кандидиран од албанскиот опозициски блок Европски сојуз за промени. Централниот одбор на партијата ГРОМ, пак, поддршка му даде на претседателот на партијата Стевчо Јакимовски, актуелен градоначалник на Карпош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...