fbpx

Дизелот вечерва поевтинува за 2 денари

Во меѓувреме, цените на останатите горива остануваат исти

-

Од ноќеска на полноќ, дизел горивото на бензинските станици низ земјава ќе се продава поевтино за 2 денари за литар – ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Според најновата одлука, од вечерва, литар Еуродизел ќе чини 78,5 денари.

Во меѓувреме, цените на останатите горива остануваат исти.

Моторниот бензин Еуросупер БС-95 и понатаму се продава по цена од 83 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 чини 85,5 денари за литар.

Литар екстра-лесно масло за домаќинство ја задржува цената од 77,5 денари, а килограм мазут и понатаму чини 42,901 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...