Од вечерва на полноќ, се менуваат малопродажните цени на Еуродизел, Екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).
Дизелот поевтинува за денар и половина, па од ноќеска ќе се продава по цена од 71,5 денари за литар.
За денар и половина поевтинува и маслото за горење, кое од ноќеска ќе чини 70,5 денари за литар.
Мазутот поевтинува за 0,734 денари за килограм и од вечерва ќе се продава за 42,475 денари за килограм.
Во меѓувреме, цените на бензините не се менуваат. Еуросупер БС-95 и понатаму чини 80 денари, а Еуросупер БС-98 се продава за 82 денари за литар.