fbpx

Пресуда за Ласкарци: 14 години затвор за возачот, четири за сопственикот на „Дурмо турс“

Станува збор за една од најголемите сообраќајни несреќи која длабоко ја потресе пошироката македонска јавност, рече судијката Дијана Груевска при изрекувањето на пресудата

-

Вкупно 39 години затвор добија обвинетите за случајот Ласкарци, на денешното објавување на првостепената пресуда во Основниот кривичен суд.

Тие беа прогласени за виновни оти не се придржувале до стандардите за превоз на патници и со тоа предизвикале опасност по животот и здравјето на патниците.

„Станува збор за една од најголемите сообраќајни несреќи која длабоко ја потресе пошироката македонска јавност“, рече судијката Дијана Груевска при изрекувањето на пресудата.

Највисока затворска казна доби возачот на автобусот, Маноил Трифиновски – 14 години казна затвор. На казна затвор од 4 години осуден е Дурмиш Белули, сопственикот на компанијата Дурмо турс. Затворски казни од по 5 години беа пресудени за Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бобаровски, вработени во станицата за технички преглед. Одговорното лице во Дурмо турс, Ремзи Мифтари беше осуден на 6 години затвор.

Во сообраќајната несреќа кај Ласкарци загинаа 16 лица, откако автобус на „Дурмо турс“ излета од патот Скопје-Тетово во 2019 година. Во несреќата беа повредени 38 луѓе.

За две недели се навршуваат точно 5 години од стравотната несреќа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...