Таг: Основен кривичен суд Скопје
таг: Основен кривичен суд Скопје
Укинати мерките и притворот за шестмина за упадот во М-НАВ
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд, доставило предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор за шестмина осомничени за упадот во М-НАВ. Судиите го прифатиле предлогот на обвинителството, соопштија од Кривичниот суд.
Претходно, пак, на крајот на јануари, Апелациониот суд во Скопје ги уважи жалбите...
Пресуда за Ласкарци: 14 години затвор за возачот, четири за сопственикот на „Дурмо турс“
Вкупно 39 години затвор добија обвинетите за случајот Ласкарци, на денешното објавување на првостепената пресуда во Основниот кривичен суд.
Тие беа прогласени за виновни оти не се придржувале до стандардите за превоз на патници и со тоа предизвикале опасност по животот и здравјето на патниците.
„Станува збор за една од најголемите сообраќајни несреќи која длабоко ја потресе пошироката македонска јавност“, рече...
Продолжен притворот на осомничените за киднапирањата и убиствата на Вања и Панчо
Кривичниот суд од Скопје им го продолжи притворот за 30 дена на петтемина осомничени за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, информираат од овој суд.
Три лица (В.М., В.К. и Б.В.) се осомничени за киднапирањата и убиствата на Вања и Панче, додека таткото на убиеното девојче е осомничен за киднапирање на ќерка си. С.Д....
Зеќири осуден на две и пол години затвор, треба да врати 1,1 милиони евра
Поранешниот генерален секретар на Владата, Муахамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Toj треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет.
Во казната за Зеќири му се пресметува и времето поминато во притвор, што значи дека нему му остануваат уште 11 месеци до завршувањето на затворската казна.
Тој...
Боки-13 пуштен на слобода поради неговата здравствена состојба
Бојан Јовановски е пуштен на слобода поради неговата лоша здравствена состојба, потврдуваат судски извори. Адвокатот на Боки-13, Владимир Туфегџиќ исто така за Мета.мк потврди дека Јовановски е пуштен на слобода. Станува збор за времен прекин на затворската казна поради лекување, а не за целосно ослободување.
„Како бранител ја потврдувам информацијата дека Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за прекин на...
Кривичниот суд останува со 42 судии и 215.000 предмети, се бара делегирање нови
Судскиот совет избра четворица нови судии во Апелацискиот суд за кривичната област, од кои тројца доаѓаат од Основниот кривичен суд Скопје. Со ова, првостепениот суд останува со 42 судии. Судиите од кривичната област Александра Ристеска, Весна Димишкова и Осман Шабани, од Кривичниот ќе заминат да работат во Апелациониот суд Скопје, со што во прашање се доведува и судбината на...
Застаре и „Траекторија“ за кинеските автопати – уште еден случај жртва на измените во Кривичниот законик
Поради измените во Кривичниот законик, застаре уште еден предмет кој го водеше Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Станува збор за случајот „Траекторија“, кој се однесуваше на постапката за избор на кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.
Обвинети во овој предмет беа експремиерот Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, Љупчо Георгиевски, ексдиректор на ЈП...
Поради измените во Кривичниот законик, преквалификувано делото за Мухамед Зеќири
Судењето за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, денеска почна од почеток, бидејќи поради последните измени во Кривичниот законик обвинението беше преквалификувано.
Зеќири претходно се гонеше за „Злоупотреба на службена должност“ според член 353, став 5 кој предвидуваше казна затвор од минимум 5 години. Со контроверзните измени во Кривичниот законик, кои предизвикаа лавина реакции во јавноста, овој став беше...
Речиси 200 обвинети функционери се засегнати од измените во Кривичниот законик
Тајмингот на носењето на измените во Кривичниот законик е нешто што претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев, го посочи како клучен проблем, а во однос на застарувањето на голем број предмети по носењето на спорните законски измени. Во судот со кој тој раководи, како последица на овие измени, речиси секој ден застарува по некој предмет за висока...
Јанушев доби условна казна за кинеските автобуси по став од закон кој станува непостоечки
На пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ и поранешен директор на ЈСП, Игор Јанушев, денеска му беше изречена условна казна од две години за набавката на двокатните автобуси, за случајот „Дизајн“, што го отвори поранешното Специјално обвинителство (СЈО).
Јанушев нема да ја издржи казната ако во рок од пет години не стори друго кривично дело. Пресудата ја изрече судијата Осман Шабани,...
Осум години затвор за Рашковски за случајот „Софтвери“
Казна од осум години затвор пресуди судијката Фанка Јанчулева Михаиловска за поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски за случајот во јавноста познат како „Софтвери“. За делото злоупотреба на службената положба Рашковски е осуден на седум години затвор, додека за делото перење пари, доби една и пол година затвор. Судијката му засмета единствена казна од осум години, во кое...
Истрага за „Скопје 2014“: Владимир Тодоровиќ во куќен притвор, Здравев во притвор, еден е во бегство
Куќен притвор за поранешниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, вечерва одредил судијата на претходна постапка за случајот „Феникс“, а во врска со леењето на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“ во Италија, за кои обвинителството отвори истрага поради сомнежи за перење пари и злоупотреба на службената положба.
Обвинителството побара притвор за седум лица. Од нив, судијата на претходна постапка...
Притвор за Здравев и за уште едно лице за случајот „Феникс“, се чека одлуката за останатите
Судија на претходна постапка му одредил 30-дневен притвор на поранешниот претседавач на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев за злоупотреба на службената положба за случајот „Феникс“ - истрага која денеска ја обелодени Јавното обвинителство.
Освен на Здравев, притвор за истиот случај му е определен и на Љ.Б., додека на лицето Т.Д. му е одреден домашен притвор, потврдија за Мета.мк од...
Кривичниот суд ги отфрли барањата за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“
Основниот кривичен суд од Скопје денеска го отфрли барањето за амнестија на обвинетите лица во случајот „Организатори на 27 април“. Барањето за амнестија го поднесоа поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и бившиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски.
Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков на рочиштето изјави дека по барањето...
Почна процесот против Жан Митрев, тој рече дека не чувствува вина
Доктор Жан Митрев, сопственикот на приватната болница што го носи неговото име на денешното прво одржано рочиште рече дека не чувствува вина, исто како и одговорното лице во клиничката болница. Тие тврдат дека не постапиле спротивно на законот, а обвинителката Искра Хаџи-Василева пред судот рече дека ќе докаже дека Митрев и неговата болница го сториле кривичното дело измама што...
По речиси 1.000 судски предмети годишно застаруваат, сторителите не одговараат [инфографик]
Во сите судови во државата во просек застаруваат по речиси 1.000 предмети на годишно ниво, или поточно, по 932, покажуваат податоците што Мета.мк ги доби од судовите, користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ова се однесува на периодот од 2018 до 2022 година, а најмногу застарени предмети имало во 2019 и во 2020 година.
Трендот...
Автобусот на „Дурмо Tурс“ 16 дена возел без регистрација, вештак тврди дека причина за несреќата не е неисправноста на автобусот
Слободно можеме да кажеме дека причина за несреќата не е механичката неисправност на автобусот. Управувачкиот систем на возилото немал проблем, а проблемите со системот за кочење не се главната причина за несреќата.
Вака изјави денес на судското рочиште вештакот Дамјан Мирчевски, кој заедно со тројца негови колеги работеше на машинското супервештачење за автобуската несреќа на „Дурмо Турс“ што се случи...
Мијалков и официјално „куртули“ за случајот „Титаник 2“
Официјално застаре и четвртото дело за кое беше обвинет поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за случајот „Титаник 2“, кој се однесуваше на договарање за гласање за приговори во корист на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори во 2013 година во Струмица.
До застарување дојде откако поминаа речиси пет години од првото одржано рочиште. Еднаш се донесе осудителна пресуда во Основниот кривичен...
Почетокот на судењето на Жан Митрев одложено за 12 мај
Судскиот процес против Жан Митрев и неговата приватна болница денеска беше одложен за 12 мај. Кардиохирургот со неговите бранители денеска беше присутен во судот, а причина за повторното одложување на судењето е тоа што одбраната не успеала да изврши увид во списите на предметот кои се во Апелацискиот суд.
Пред зградата на судот, десетина оштетени граѓани протестираа со транспаренти против...
Кривичниот суд контра Апелација: Да се истражи зошто предметите застаруваат
Основниот Кривичен суд од Скопје денеска излезе со соопштение, во кое се изразуваат критики во однос на работата на Апелацискиот суд, а откако повеќе судски предмети против високопрофилни лица застареа или пак беа вратени на повторно постапување. Првостепениот суд во писмото ги повикува медиумите и стручната јавност да анализираат каде и поради кои „суштествени повреди“ предметите со години чекаат...