fbpx
Таг: ВМРО-ДПМНЕ

таг: ВМРО-ДПМНЕ

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите што ги употребува политичкиот противник за Стево Пендаровски се во најголем дел проблематични, бидејќи се базираат на изменета содржина, т.е. или се невистини или полувистини, или, пак, им недостасува контекст. Сепак, Пендаровски ќе треба да се соочи и со дополнителни наративи што можат да му наштетат – за мотивите за ставањето потпис на измените на КЗ веќе утредента...

Пендаровски беше и во посета, но и го посетија светски лидери

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, д-р. Ѓорѓија Сајкоски, пред партискиот митинг изјави дека Стево Пендаровски во својата функција како претседател не бил на официјални гостувања, ниту пак примил светски државници со што ги покажува „својот капацитет и безличноста“. Со оглед дека информациите на претседателот се редовно документирани и јавно достапни, лесно може да се утврди дека ова е далеку од...

ВМРО-ДПМНЕ жали за навредите кон екипата на ТВ24, можно е да станува збор за уфрлени провокатори

ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот во кој новинарска екипа на ТВ 24 беше нападната од едно лице за време на вчерашниот партиски митинг пред Владата. Од партијата тврдат дека посочениот инцидент не бил забележан ниту создаден од лицата кои биле организатори на митингот. „ВМРО-ДПМНЕ го осудува секое спречување на медиумите во нивната работа, со физичко или вербално спречување или заплашување на...

Новинарска екипа на ТВ24 нападната на митингот на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарска екипа на Телевизија 24 вчеравечер била нападната од едно лице за време на партискиот митинг на партијата ВМРО-ДПМНЕ пред Владата. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осуди агресивниот однос и вербалните закани од непознато лице кон новинарката Елизабета Дамјановска и нејзиниот колега снимател од телевизијата. Според изјавата на новинарската екипа, за време на синоќешниот прв партиски митинг на опозициската...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ нема причина за славење поради „црната листа“ за Јанева, таа беше и нивен предлог и нивен избор

ВМРО-ДПМНЕ нема никаква причина со спин да слави дека Американците ги ставиле Катица Јанева и Стевче Јакимовски на „црната листа“. Посебно за Јанева, која за подзаборавените, е избрана со заедничка одлука на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Ако веќе се радуваат за Јакимовски, пак, треба да имаат исти аршини и чесно да признаат дека кремот на...

Секогаш кога се ближат изборите, се влошува говорот на омраза на етничка основа во медиумите

Имајќи го предвид фактот дека политичките партии во Северна Македонија за да добијат политички поени традиционално користат националистичка реторика, во секој предизборен период интензивно се зголемува говорот на омраза, главно на етничка основа. И годинава ништо не се смени од ваквата пракса, a омразата од социјалните мрежи премина и во медиумите. Во неофицијална форма, кампањата во земјава започна со...

Контраспин: Што може, а што не, ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже по избори ако ja освои власта

Двете цврсти тврдења на Ковачевски за ВМРО-ДПМНЕ дека е партија која не може да донесе никави позитивни промени и дека е партија која е против членството на С. Македонија во ЕУ, се извртување на вистината, т.е. спин. Првиот го темели на спин дека сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не чинат и не постигнале ништо, а вториот на минатите политики на...

Гордана Силјановска-Давкова официјално е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Силјановска-Давкова и официјално ќе влезе во трката за претседател на државата, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Таа денеска со мнозинство гласови беше избрана на Kонвенцијата која се одржа во Скопје. Силјановска- Давкова по изборот посочи дека претседателот треба да се однесува натпартиски, да едуцира, да обединува, да биде проактивен и да почитува соработка и мирно решавање на споровите. „Претседателот мора да...

ВМРО-ДПМНЕ денеска официјално ќе го промовира својот кандидат за претседател на државата

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на конвенција денеска официјално ќе го промовира својот кандидат за претседател на државата. На конвенцијата се очекува поддршка да добие единствениот кандидат кој се пријави на партискиот повик, професорката Гордана Силјановска Давкова. Таа е актуелен пратеник во Собранието, а беше и претседателски канадидат на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2019 година. Силјановска Давкова била професорка по...

Пет иницијативи доставени до Уставниот суд за личните документи

Пет иницијативи се доставени до Уставниот суд во врска со личните карти, возачките дозволи и пасошите. Иницијативите се однесуваат за периодот на издавањето на овие лични документи, односно на нивното времетраење бидејќи некои сѐ уште се со важност, како и на правото на слобода на движење, рече претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска. Сепак, таа потенцираше дека слободата на...

ВМРО-ДПМНЕ распиша оглас за кандидат за претседател на државата

ВМРО-ДПМНЕ врз основа Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, како и заклучоците донесени на седницата на Извршниот Комитет распишa јавен повик за кандидат за претседател на Република Македонија кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори. „Кандидатот кој ќе биде претходно пријавен и ќе ги исполни пропишаните услови ќе биде одбран на Конвенција која ќе се одржи на 2 март во...

Контраспин: Спорот помеѓу Словенија и Хрватска нема врска со проблемите меѓу Бугарија и С. Македонија

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски ја извртува вистината т.е. спинува кога вели дека неговата партија може да понуди европски модел за решение на проблемите помеѓу Скопје и Софија по примерот на спорот помеѓу Словенија и Хрватска, кој бил разрешен со помош на Брисел. Едниот тип проблеми, оние помеѓу Скопје и Софија воопшто немаат допирни точки со другиот тип проблеми...

Содржината кон Запад, коментарите кон Исток: Што се објавува на Фејсбук за НАТО и ЕУ

Прашањата околу интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и НАТО се меѓу најдоминантните политички теми во објавите на социјалните мрежи. Во своите Фејсбук постови, политичарите на власт постојано повторуваат дека ЕУ и НАТО се стратешки цели на државата од највисока важност, а од друга страна, се чини дека граѓаните сè повеќе се скептични во нивните зборови. Опозициските партии,...

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ нема да има министри во техничката влада ако не ја гласа

Премиерот Димитар Ковечевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има министри во техничката влада, доколку не ја гласа истата, бидејќи никаде во светот не постои пример каде партија учествува во влада, а да не ја поддржува. „Кога се учествува во влада, тоа значи дека таа влада треба да се поддржи. Ако не гласа, сметам дека тие места треба да останат празни....

Општина Карпош доби буџет, блокадата на ВМРО-ДПМНЕ не успеа

По вчерашните протести на вработените во локалните установи и бројните соопштенија и контра соопштенија, Советот на Општина Карпош денеска го усвои буџетот за 2024 година со гласовите на советничките групи на СДСМ, Левица, ГРОМ и двајцата независни советници Невена Георгиевска и Александар Илиески. Градоначалникот Стевчо Јакимовски по седницата изјави дека со изгласаниот буџет општината ќе може непречено да функционира. „Ова беше...

Ковачевски: Деталите за техничката влада ќе се дознаат до 25 јануари

Средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се случи идната година, пред или по празниците, изјави денеска премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. На свеченото отворање на спортската сала „Наум Наумовски-Борче”, попозната како „Партизан“, во скопски Карпош, Ковачевски рече и дека сите детали за техничката влада ќе бидат познати најдоцна до 25 јануари. Тој појасни дека СДСМ оваа седмица...

Уставните измени доминираа меѓу спинерските трендови за 2023 година

Прашањето за внесување на Бугарите во Уставот беше предмет на најбројни и најчести дебати околу кои беа забележани манипулации и извртување на вистината. По нив следуваа дебатите за борбата против корупцијата и организираниот криминал, во тој контекст посебно измените на КЗ во делот на злоупотреба на службена положба и овластувања, зголемувањето на пензиите, решавање на проблемот со инфлацијата, лек...

Скопскиот буџет за 2024 пред советниците: Политикантство и по некој амандман

Советот на град Скопје денеска расправа за усвојувањето на градскиот буџет за 2024 година. Од ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток укажаа дека на седницата треба да биде присутна градоначалничката Данела Арсовска, генералниот секретар на градот Скопје и претставник на Секторот за финансии при градот Скопје. По кратката пауза што ја даде претседателот на советот Трајко Славески за да дојде претставник...

„Ну, погоди!“, кој треба да преземе мерки против аерозагадувањето?

Од централна на локална власт и обратно. Вака деновиве кружат обвинувања меѓу институциите на национално и на локално ниво во однос на тоа кој треба да преземе мерки за справување со високото ниво на загаденост на воздухот во македонските градови. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во изјава за емисијата „Топ тема“ на Телма информираше дека ниту...

МВР демантира: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги

Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение апелираше до опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ „да престане да пласира лаги, чија цел е дискредитирање на полицијата“. „И денеска, преку соопштение пласираат лаги за наводна поврзаност на МВР со бегство на лицето Наим Самиу, иако надлежен за определување мерка притвор е единствено - судот“, велат од МВР. Отаму им порачуваат на ВМРО-ДПМНЕ, „наместо да шират...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...