fbpx

Новинарска екипа на ТВ24 нападната на митингот на ВМРО-ДПМНЕ

Според изјавата на новинарската екипа, за време на синоќешниот прв партиски митинг на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, од страна на агресивно лице имало непријатен инцидент кој ја загрозил безбедноста на новинарката и снимателот на телевизијата

-

Новинарска екипа на Телевизија 24 вчеравечер била нападната од едно лице за време на партискиот митинг на партијата ВМРО-ДПМНЕ пред Владата.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осуди агресивниот однос и вербалните закани од непознато лице кон новинарката Елизабета Дамјановска и нејзиниот колега снимател од телевизијата.

Според изјавата на новинарската екипа, за време на синоќешниот прв партиски митинг на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од страна на агресивно лице имало непријатен инцидент кој ја загрозил безбедноста на новинарката и снимателот. Лицето најпрво започнало да ја навредува и омаловажува телевизиската екипа упатувајќи погрдни зборови и пцости општо за сите новинари, а потоа ова ескалирало и со закани кон нив со што предизвикал чувство на страв и несигурност.

„ЗНМ потсетува дека новинарите имаат својство на службени лица и дека напад кон новинар или медиумски работник при вршење на професионални задачи е кривично дело кое се казнува со казна затвор“, велат од ЗНМ.

Здружението бара од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и од останатите учесници во изборната кампања, да го осудат нападот кон новинарската екипа на ТВ 24 и порачува вакви инциденти да не се повторуваат.

„Освен ова, укажуваме дека агресивниот говор и говорот на омраза кон новинари може да предизвикаат дела од омраза, со што дополнително може да се загрози безбедноста на новинарите, а со тоа и правото на информирање на граѓаните да примаат информации за важни општествени процеси“, се вели во реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...