понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: безбедност на новинари | 16 резултати

ВМРО-ДПМНЕ жали за навредите кон екипата на ТВ24, можно е да станува збор за уфрлени провокатори

април 5, 2024

ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот во кој новинарска екипа на ТВ 24 беше нападната од едно лице за време на вчерашниот партиски митинг пред Владата. Од партијата тврдат дека посочениот инцидент не бил забележан ниту создаден од лицата кои биле организатори на митингот. „ВМРО-ДПМНЕ го осудува секое спречување на медиумите во нивната работа, со физичко или […]

Новинарска екипа на ТВ24 нападната на митингот на ВМРО-ДПМНЕ

април 5, 2024

Новинарска екипа на Телевизија 24 вчеравечер била нападната од едно лице за време на партискиот митинг на партијата ВМРО-ДПМНЕ пред Владата. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осуди агресивниот однос и вербалните закани од непознато лице кон новинарката Елизабета Дамјановска и нејзиниот колега снимател од телевизијата. Според изјавата на новинарската екипа, за време на […]

Израел го прекрши меѓународното право со тенковско гранатирање во кое загина новинар, откриваат ОН

март 14, 2024

Случајот во кој израелски тенк уби новинар на Ројтерс и рани шест други во Либан минатата година претставува прекршување на меѓународното право, покажа истрагата на Обединетите Нации. Истрагата на Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ), не утврди дека имало размена на оган преку границата на Израел и Либан повеќе од 40 минути пред […]

ОН: Израелскиот напад во Рафах може да доведе до „масакр“

февруари 14, 2024

Израел беше остро критикуван од неколку страни, меѓу кои Обединетите нации, Обединетото Кралство и САД, за воздушните напади во градот Рафах, град со површина од 64 квадратни километри, во кој моментално се сместени 1,5 милиони Палестинци, односно речиси целото население на Газа, пренесува Би-би-си. Дипломатот Мартин Грифитс од Обединетите нации (ОН) предупреди дека проширување на […]

Најсмртоносниот месец за медиумските работници – по еден новинар дневно го губи животот во Газа

ноември 10, 2023

Во просек по еден новинар дневно го губи животот откако започна израелската контраофанзива во Газа, како одговор на терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври. Според Комитетот за заштита на новинари (CPJ) ова е најсмртоносниот месец за новинарите откако се води ваква статистика, односно од 1992 година. Според Комитетот, од 7 октомври годинава, убиени се […]

Италијански новинар казнет бидејќи искористил пцост за да ја опише премиерката Мелони

октомври 13, 2023

Познатиот италијански новинар Роберто Савијано доби казна од 1.000 евра за клевета поради тоа што ја нарекол премиерката Џорџа Мелони „bastarda“ („копиле“) на телевизиска емисија во 2020 година, известува Гардијан. Мелони тогаш сѐ уште била само пратеничка, а Савијано ја изустил пцоста кога зборувал за нејзините политики во врска со миграцијата. „Со оваа пресуда излегуваат […]

Нападната екипа на ТВ Алсат, повреден снимателот – ЗНМ бара реакција од МВР

август 21, 2023

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара од Министерството за внатрешни работи (МВР) да спроведе брза и ефикасна истрага за нападот што денеска се случил врз новинарска екипа на Телевизија Алсат. Како што соопштија од Здружението, за време на снимањето инсерти за промо на емисија во Старата скопска чаршија на јавна површина, сопственик на берберница […]

Платформа за родова еднаквост: Да се гарантира безбедноста на новинарката Рита Бехадини

јули 25, 2023

Платформата за родова еднаквост најостро ги осудува говорот на омраза и заканите кон новинарката и активистка Рита Бехадини и апелира нејзината безбедност да биде загарантирана. Станува збор за нејзината објава на социјалната мрежа Фејсбук во врска со оџата од Сарај. По објавите, таа била мета на закани од лица со профили на социјалната мрежа, а […]

ЗНМ бара кривична одговорност за заканите кон новинарката Рита Бехадини

јули 24, 2023

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) побара итна реакција за експлицитните закани упатени кон новинарката на Алсат М, Рита Бехадини на нејзината објава во врска со јавниот став од страна на оџата од Сарај на социјалната мрежа Фејсбук. Бехадини се обратила до ЗНМ со пријава дека во последните денови е мета на закани од лица […]

Руска новинарка нападната во Чеченија

јули 5, 2023

Познатата руска новинарка Јелена Милашина и адвокатот Александар Немов биле киднапирани и претепани од маскирани напаѓачи речиси веднаш по нивното пристигнување во Чеченија. Само неколку минути по нивното слетување на аеродромот во Грозни, автомобилот на Милашина и Немов бил опкружен од три други возила и од нив излегле 10 маскирани лица, пишува Би-би-си. „Беше класично […]

Како ТикТок следел британска новинарка преку сметката на нејзиниот мачор?

мај 8, 2023

Два дена пред Божиќ, ТикТок ја побарал лондонската новинарка Кристина Кридл за да ѝ соопшти оти двајца вработени во Кина и двајца во САД ги разгледувале податоците од нејзината лична корисничка сметка на платформата без нејзино знаење или согласност. Тоа што ѝ се случило на дописничката за технологија на Фајненшл Тајмс, всушност, е она што […]

Јавното обвинителство лани решило три случаи за напади на новинари

мај 3, 2023

Јавното обвинителство во 2022 година на територијата на целата држава се евидентирани четири случаи поврзани со напади врз новинари, од кои три се решени, соопштија од обвинителството, по повод 3 Мај, Денот на слободата на медиумите. ОЈО Гостивар постапувало против едно лице за физички напад врз новинар со секира, а по поднесеното обвинение изречена е […]

Страна 1 од 1