fbpx

Јавното обвинителство лани решило три случаи за напади на новинари

Назначувањето на јавен обвинител во ОЈО Скопје за координација на предметите поврзани со безбедноста на новинарите беше нотирано и во најновиот извештај на „Репортери без граници“

-

Јавното обвинителство во 2022 година на територијата на целата држава се евидентирани четири случаи поврзани со напади врз новинари, од кои три се решени, соопштија од обвинителството, по повод 3 Мај, Денот на слободата на медиумите.

ОЈО Гостивар постапувало против едно лице за физички напад врз новинар со секира, а по поднесеното обвинение изречена е пресуда за кривичното дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница од член 133 од Кривичниот законик. Понатаму, ОЈО Скопје поднело обвинение за напад врз новинарска екипа, а по признанието на вина изречена била пресуда за кривично дело од член 386 од Кривичниот законик. ОЈО Скопје во предмет за закани против новинар, преку анонимен профил на една социјална мрежа, донело резолуција дека нема можност за јавнообвинителско постапување, бидејќи од социјалната мрежа бил добиен одговор дека не може да се идентификува корисникот на профилот од каде се упатени заканите, а профилот во меѓувреме бил згаснат.

„Нерешен останува еден предмет на физички напад на новинар, во кој Основното јавно обвинителство Битола интензивно ги издава сите наредби за идентификација на сторител на кривичното дело. Издадени се наредби за вештачење, за обезбедување и прегледување на снимки од видео надзор, барања до мобилни оператори и насоки за обезбедување други докази. Сторителите сè уште не се идентификувани. Од почетокот на годинава регистрирани се уште два предмети во надлежност на ОЈО Скопје, од кои во еден е поднесено обвинение, а другиот е во предистражна постапка“, велат од обвинителството.

Назначувањето на јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје за координација на предметите поврзани со безбедноста на новинарите беше нотирано и во најновиот Глобален индекс за слободата на медиумите на организацијата „Репортери без граници“, објавен по повод 3 Мај. Со индексот, земјава е рангирана на 38 место во светот според медиумските слободи, што претставува скок од 19 позиции во однос на минатата година и најдобар ранг од сите земји во регионот.

„Во главниот град е назначен посебен обвинител за координација на предметите поврзани со напади врз новинари, а се разгледува можноста за слични назначувања и во други градови во земјата“, се наведува во извештајот на „Репортери без граници“ за Македонија.

Репортери без граници: С.Македонија лидер според слободата на медиуми во Западен Балкан [инфографик]

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...