fbpx

Руска новинарка нападната во Чеченија

Милашина патувала во Чеченија со цел да известува за пресудата на Зарема Мусајева, мајка на три чеченски дисиденти во прогонство поради критика на лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров

-

Познатата руска новинарка Јелена Милашина и адвокатот Александар Немов биле киднапирани и претепани од маскирани напаѓачи речиси веднаш по нивното пристигнување во Чеченија. Само неколку минути по нивното слетување на аеродромот во Грозни, автомобилот на Милашина и Немов бил опкружен од три други возила и од нив излегле 10 маскирани лица, пишува Би-би-си.

„Беше класично киднапирање,“ изјавила Милашина пред чеченскиот омбудсман за заштита на човековите права кој пристигнал во болницата во главниот град на Чеченија.

„Го исфрлија нашиот возач од автомобилот, влегоа во автомобилот, ми ги врзаа рацете, ме натераа да стојам на колена и ми вперија пиштол во глава“, изјави Милашина која е препознатлива по истражувачките теми на кои работи.

Потоа, тие биле фрлени покрај патот и биле тепани со пластични цевки. Главата на Милашина била избричена и зелена боја била истурена врз неа. Таа претрпела повреда на мозокот од физичкиот напад.

Милашина патувала во Чеченија со цел да известува за пресудата на Зарема Мусајева, мајка на три чеченски дисиденти во прогонство поради критика на лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров. При нејзиното апсење претходната година, Кадиров изјавил дека нејзиното семејство треба да е „во затвор или под земја“. Мусајева била обвинета за измама и напад врз полицаец – тужби кои таа целосно ги отфрлила, известува Ројтерс. На неа ѝ се пресуди затворска казна од пет и пол години.

Елена Милашина е истражувачка новинарка за независниот руски весник Новаја Газета. Медиумот е познат по нивната остра критика и истражување на корупција во Русија. Поради ова, тие се честа мета на секакви напади и закани. Ана Политковскаја и Наталија Естемирова, две новинарки од медиумот кои пишувале детални репортажи за Чеченија, биле убиени во 2006 и 2009 година.

Милашина има пишувано за разни теми поврзани со корупцијата во Чеченија. Најпознат е нејзиниот текст, во кој има пишувано за мачењето и убивањето на геј мажи во руската република – тие биле принудени да ги „издадат“ имињата на други геј мажи кои потоа биле исто така уапсени. Загрижена за својата безбедност како последица на овие репортажи, во 2017 година таа привремено избегала од Русија.

Во 2022 година, Кадиров ја нарекол Милашина терорист и рекол дека „отсекогаш сме елиминирале терористи и нивни сојузници“. По оваа изјава, Милашина повторно бега од Русија од страв за својата безбедност, извести Новаја Газета.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...