понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: слобода на изразување | 56 резултати

Српски монах со руско педигре успеа да откаже концерт на полски бенд во Белград

ноември 18, 2023

Полскиот метал бенд „Батушка“ беше приморан да го откаже нивниот концерт што требаше да се одржи на 23 ноември во Белград, јавува српскиот весник Данас. Ваквиот неславен епилог доаѓа откако монахот Арсеније од Српската православна црква објави 45-минутно обраќање на својот Јутјуб канал со наслов „Сатаната во Белград“. Тој повика на забрана на концертот на […]

Антикорупциска бара Судскиот совет да ја разгледа пресудата против ИРЛ

ноември 17, 2023

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска го повика Судскиот совет Македонија во рамки на законските надлежности што ги има да го разгледа случајот со судската одлука донесена од судијката Јованка Спировска Панева против со ИРЛ и новинарката Сашка Цветковска. Антикорупционерите укажуваат на неопходноста да се почитува независното истражувачко новинарство и слободата на говорот […]

Метаморфозис со поддршка на новинарскиот протест против судската одлука за ИРЛ: Одлуката ги загрозува слободата на изразување и слободата на медиумите

ноември 16, 2023

Фондацијата Метаморфозис го поддржува протестот на новинарите што треба да се одржи утре, 17.11.2023 година, пред Граѓанскиот суд во Скопје поради судската одлука против главниот уредник на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Сашка Цветковска и Здружението на граѓани ИРЛ во случајот со тужбата на Кочо Анѓушев и на компанијата Брако за клевета. Метаморфозис ја смета судската […]

ЕК: Наместо државни кампањи, за поддршка на медиумите се потребни одржливи решенија

ноември 9, 2023

Македонските власти мислат едно, додека Европската Унија кажува сосема различно во однос на повторното воведување на трошење јавни пари за државни и општински кампањи во медиумите. Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на патот кон ЕУ за 2023 година јасно наведува дека наместо државни кампањи, на медиумите им се неопходни одржливи решенија за нивна […]

Германската министерка за образование: Внимателно со научната соработка со Кина

октомври 30, 2023

Неопходно е внимание во научната соработка со Кина, изјави германската министерка за образование и истражувања Бетина Штарк-Вацингер, пренесува германската новинска агенција ДПА.  „Позади секој кинески истражувач може да се крие Комунистичката партија, тоа треба да ни биде јасно“, изјави министерката за весникот „Велт“. Таа инсистира дека треба да се проверат сите облици на соработка, вклучувајќи […]

Во Русија приведена новинарката Алсу Курмашева оти не се регистрирала за „странски агент“

октомври 19, 2023

Руско-американската новинарка Алсу Курмашева која работи за Радио Слободна Европа е приведена од руските власти оти не се регистрирала како „странски агент“ во земјата, информираат од Радио Слободна Европа. Од оваа медиумска куќа, како и од Комитетот за заштита на новинарите, ги повикаа руските власти под итно да ја ослободат новинарката Курмашева, која е задржана […]

Почна ловот на новинари: Додик со акт клеветата ја прогласи за ново кривично дело

август 18, 2023

Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на РС, пренесе Ослобоџење. Станува збор за измени кои практично клеветата ја прогласуваат за кривично дело. Овие измени беа усвоени од Народното собрание на РС на седницата на 20 јули годинава. Тоа значи […]

Уставен суд: На новинар од „Фокус“ му била повредена слободата на изразување на 27 април во Собранието

јули 12, 2023

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се утврди дека е сторена повреда на слободата на јавно изразување на мислата на новинарот на „Фокус“, Влатко Стојановски, сторена со две пресуди – една од Граѓанскиот суд Скопје од 2021 година и една од Апелациониот суд Скопје исто така од 2021 година, информираа од Уставниот […]

Руска новинарка нападната во Чеченија

јули 5, 2023

Познатата руска новинарка Јелена Милашина и адвокатот Александар Немов биле киднапирани и претепани од маскирани напаѓачи речиси веднаш по нивното пристигнување во Чеченија. Само неколку минути по нивното слетување на аеродромот во Грозни, автомобилот на Милашина и Немов бил опкружен од три други возила и од нив излегле 10 маскирани лица, пишува Би-би-си. „Беше класично […]

Јутјуберите во „сива зона“ и без надзор на АВМУ, потребна ли е регулација на инфлуенсерите?

мај 14, 2023

Од промотивни рецензии за одредени производи, преку оценки на храната во угостителски објекти и видео интервјуа со јавни личности до продукција на своевидни информативни емисии во видео формат. Јутјуберството како создавање на аудиовизуелни медиумски содржини по барање од физички лица зема голем замав и во Македонија, а заедно со ова се поставува и прашањето за […]

Русија го приведе американскиот новинар Еван Гершкович од „Волстрит Журнал“

март 30, 2023

Американски новинар кој работи за угледниот весник „Волстрит Журнал“ е приведен во Русија под сомнение за шпионажа, соопшти Руската служба за безбедност ФСБ, пренесува Би-би-си. Еван Гершкович, искусен новинар од Русија, работел во градот Екатеринбург во моментот на притворањето. „Волстрит журнал“ соопшти дека е „длабоко загрижен“ за неговата безбедност. ФСБ соопшти дека ги „запрела нелегалните […]

ЕФН го осудува однесувањето на државните функционери кон новинарите во Северна Македонија

февруари 8, 2023

Во изминатите денови, државни функционери во Северна Македонија во неколку наврати вербално малтретираа новинари и медиуми. Европската федерација на новинари (ЕФН) се приклучи на својата партнерска организација во Северна Македонија – Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), во осудата на несоодветното однесување на јавните личности и потсетувањето на моралните обврски што ги носи јавната функција, […]

„Крвавиот четврток“ и судовите: Противречни пресуди за новинарите кои известуваа од Собранието

јануари 18, 2023

Апелацискиот суд со своите пресуди му ги повредил правата на новинарот Влатко Стојановски од „Фокус“ во врска со упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Вака се изјаснија судиите од Уставниот суд и денеска побараа по овој предмет да се отвори дискусија на дневен ред на некоја од наредните седници. „Во текот на советувањето […]

УНЕСКО: Во 2022 година се убиени 86 новинари и медиумски работници во светот

јануари 17, 2023

Бројот на убиени новинари и медиумски работници е зголемен за 50 отсто во текот на 2022 година, објави УНЕСКО. Дури 86 новинари и медиумски работници биле убиени лани, при што најопасни делови од светот, според бројот на убиства, биле Латинска Америка и Карибите. Организацијата за наука образование и култура на ОН, УНЕСКО има мандат да […]

Европска федерација на новинари: Во Косово имало шест напади врз новинари за време на ескалирачките тензии

јануари 4, 2023

Европската федерација на новинари алармира за зголемените закани со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници кои известуваат за тензиите меѓу Србија и Косово на северот на Косово и се придружува на нејзината членка – Здружението на новинари на Косово (АЈК) во барањето до надлежните органи, вклучително и Мисијата на Европската унија за владеење на […]

Дезинформациите да се регулираат, но не и да се забранат, бара Комисијата за човекови права во Нов Зеланд

ноември 23, 2022

Независната регулација треба да го поткрепи пристапот на Нов Зеланд кон дезинформациите, смета главниот комесар за човекови права во оваа земја, Пол Хант, пишува „НЗХералд“. Ваквата изјава доаѓа пред претстојното објавување на документот што е формиран врз основа на анализа на новозеландските службеници кои ги истражувале активностите извршени од странство во функција за справување со […]

Поголемиот дел од убиствата на новинарите во светот остануваат неразрешени

ноември 2, 2022

За 80 отсто од 263 убиства на новинари извршени во изминативе 10 години низ светот досега нема обвиненија, предупредува Глобалниот индекс на неказнивост за 2022 година (2022 Global Impunity Index) подготвен од Комитетот за заштита на новинарите (Committee to Protect Journalists), меѓународна организација посветена на унапредување на слободата на медиумите низ светот. Извештајот објавен по […]

ЗНМ: Навредите на Фејсбук кон новинарите може да ја загрозат нивната безбедност

октомври 10, 2022

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), реагира на непримерната јавна комуникација проследена со груби навреди и закани кон новинари објавени на фејсбук профилот именуван како Божидар Божиновски. Оттаму предупредуваат дека објавување на ваков тип на содржина може да поттикне говор на омраза од страна на трети лица на социјалните мрежи, како и на дел од […]

Грковска: Слободата на изразување, заштитата на медиумите и на новинарите се клучни области на кои ќе работиме

септември 28, 2022

Унапредување на здравствената заштита во затворите, градење на капацитетите за борба против трговија со луѓе кај полицијата, но и во правосудниот систем, социјалните работници и трудовите инспектори, како и јакнење на капацитетите во правосудството за слобода на изразување, слобода на медиуми, заштита на новинарите, се дел од клучните области на кои мора како држава да […]

ЕУ одлучи да ја изведе пред суд Унгарија поради одземањето на лиценцата за работа на Клубрадио

јули 21, 2022

Организациите за слобода на медиумите ја поздравија одлуката на извршното тело на ЕУ (Европската комисија) да ја изведе Унгарија пред суд поради одземањето на лиценцата за работа на Клубрадио од Будимпешта, едeн од последните поголеми унгарски медиуми кои се критички настроени кон владеењето на Виктор Орбан. „Оваа одлука на извршното тело на ЕУ да ја […]

Страна 1 од 3