fbpx

Поголемиот дел од убиствата на новинарите во светот остануваат неразрешени

-

За 80 отсто од 263 убиства на новинари извршени во изминативе 10 години низ светот досега нема обвиненија, предупредува Глобалниот индекс на неказнивост за 2022 година (2022 Global Impunity Index) подготвен од Комитетот за заштита на новинарите (Committee to Protect Journalists), меѓународна организација посветена на унапредување на слободата на медиумите низ светот.

Извештајот објавен по повод 2 Ноември – Меѓународниот ден на ставање крај на неказнивноста на злосторствата против новинарите, посочува дека за најголемиот дел кривични дела и злосторства против новинари токму поради нивната работа, виновници се автократските власти, организираниот криминал и екстремистите. Комитетот за заштита на новинарите бара целосно задоволување на правдата за убиените новинари, вклучувајќи целосни и навремени истраги и обвиненија за сторителите.

Осма година по ред, најлоша во овој поглед е состојбата во Сомалија, по што следуваат Сирија, Јужен Судан, Авганистан и Ирак.

Обединетите нации на Меѓународниот ден на ставање крај на неказнивноста на злосторствата против новинарите, повикаа дека бранењето на новинарството е изразување став во корист на демократијата.

„Заканите кон новинарите се закани кон основните слободи. Сега, повеќе од кога било претходно, потребни ни се фактите. Одбраната на новинарството е застанување во одбрана на демократијата“, се вели во твитот.

 

Реагираше и Европскиот центар за медиумска слобода (European Centre for Press & Media Freedom), кој ги повика владите да спречат неказнивост на кривичните дела против новинарите.

„На Меѓународниот ден на ставање крај на неказнивноста на злосторствата против новинарите, ги повикуваме владите да сторат сѐ кривичните дела против медиумските работници да не останат неказнети. Правдата не може да преовладее сѐ додека оние што се незасегнати не се исто толку разгневени како оние што се, така што проговорете гласно, прекинете со неказнувањето (#EndImpunity)“, порача Центарот.

 

Реагираше и ИФЕКС (IFEX) – Меѓународната мрежа за заштита и промоција на слободата на изразување, која потсети на резолуцијата за безбедноста на новинарите, усвоена од Советот за човекови права на ОН пред неколку седмици.

„Таа не можеше да дојде во подобро време! Повеќе од кога било претходно, новинарите мора да имаат можност да ја работат својата работа – но наместо тоа, тие во растечки обем завршуваат зад решетки или убиени. Автократите ги користат сите трикови за да ги уништат. А сепак, најголемиот дел од злосторствата против новинарите не се казнети“, порача ИФЕКС.

Глобалната мрежа за истражувачко новинарство (Global Investigative Journalism Network) порача дека новиот извештај на Комитетот за заштита на новинарите, порача дека ако се сака да има демократија и развој, мора да се заштитат новинарите и медиумите.

„Премногу долго трае „слободниот лов“ на новинарите. Ако државите сакаат демократија и развој, тогаш мора да најдат начин како да го заштитат новинарството“, порачува Дејвид Каплан, извршен директор на Глобалната мрежа за истражувачко новинарство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...