Европска федерација на новинари: Во Косово имало шест напади врз новинари за време на ескалирачките тензии

-

Европската федерација на новинари алармира за зголемените закани со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници кои известуваат за тензиите меѓу Србија и Косово на северот на Косово и се придружува на нејзината членка – Здружението на новинари на Косово (АЈК) во барањето до надлежните органи, вклучително и Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС), Косовските сили (КФОР) и полицијата, да преземат соодветни мерки за да се осигура безбедноста на новинарите кои известуваат на терен.

Тензиите меѓу Србија и Косово ескалираа неодамна, особено во поделениот град Митровица, при што Белград (Србија) ја обвини Приштина (Косово) за кршење на правата на српската заедница. Нови барикади беа подигнати на 27-ми, вторник, неколку часа откако српскиот претседател Александар Вучиќ ја стави армијата во степен на највисоко ниво на готовност. Неодамнешните престрелки и блокади на патиштата ги наведоа земјите да веруваат дека насилен конфликт може да се разгори наскоро: на Националната конвенција во Собранието на Србија, премиерката Ана Брнабиќ рече дека тензиите се „на работ на вооружен конфликт“.

Иако беше постигнат значителен напредок кога станува збор за безбедноста на новинарите во Косово, благодарејќи на работата на партнерите од Платформата на Советот на Европа за унапредување на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите, медиумската сфера е загрозена од неодамнешните физички напади и нивните импликации врз слободата на печатот во земјата и врз известувањето за случувањата во северниот дел од Косово.

Новинарката на „Albania Live“ Леонита Бајрами беше цел на пиротехнички експлозиви додека известуваше за новите барикади во вторникот, во шестиот напад врз новинари и медиумски работници на северот на Косово. Претходно во месецот беа пријавени пет други напади.

Екипа на „Kallxo.com“ беше нападната во близина на техничкото училиште во Митровица на 9 декември, а екипа на „РТВ Дукаѓини“ беше нападната со експлозив следниот ден; на 19-ти, двочлен тим од „Клан Косова“ известувал во близина на барикадите во Зубин Поток кога маскирани лица фрлале камења по нив. Екипа на „Те-Ве1“ се нашла под напад во Митровица на 20 декември, а на 26 декември друга екипа од „Клан Косова“ го имала истото искуство како претходниот тим од истиот медиум, кога им биле скршени стаклата на автомобилот по напад со камења. На двата напади беше присутен возачот Елсад Синани.

„Ни олесна кога слушнавме дека тензиите се намалија откако Србите почнаа да ги укинуваат блокадите на северот на Косово на 29 декември, но дипломатските напори мора да продолжат за новинарите да можат безбедно да работат во регионот“, рече генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез.

„Сега треба да постигнеме напредок во дијалогот неопходен за да се осигура безбедноста на новинарите, но и конечно да постигнеме напредок во многуте случаи на неказнивост за убиствата и исчезнувањата на новинарите во регионот“, додаде тој.

Факт-чекингот најефикасна алатка за борба со дезинформациите за време на изборите во САД

Наодите од новиот извештај на колегите проверувачи на факти од Factchequeado, Maldita и Tech Policy Press покажуваат дека на повеќе од половина од содржините на Фејсбук, Инстаграм, Тикток, Х, Јутуб на шпански јазик, во кои е идентификувана невистина или дезинформација,...

Трамп планира да потпише околу 100 извршни наредби по инагурацијата

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп се очекува да потпише околу 100 извршни наредби во рок од неколку часа по преземањето на функцијата, пренесува Њујорк Тајмс. Активности што ќе започнат во близина на местото...

АНАЛИЗА: Кредити на државата во 2025

Само за една година внатрешниот долг на државата се зголемил за 600 милиони евра. Од надвор – Унгарскиот кредит од 1 милијарда евра ќе биде клучен за инфраструктурните проекти. И годинава...

Нормализирана е испораката на топлинска енергија во Скопје

Во најкус можен рок е нормализирана испораката на топлинска енергија за корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина. Кај приклучените потрошувачи на системот за централно греење од овој реон испораката на топлинска...

Факт-чекингот најефикасна алатка за борба со дезинформациите за време на изборите во САД

Наодите од новиот извештај на колегите проверувачи на факти од Factchequeado, Maldita и Tech Policy Press покажуваат дека на повеќе од половина од содржините на Фејсбук, Инстаграм, Тикток, Х, Јутуб на шпански јазик, во кои е идентификувана невистина...