понеделник, 16 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Европска федерација на новинари | 11 резултати

Остри критики за мерките на албанската влада против дезинформациите

8 октомври 2019

По безмалку 11 месеци жестоки критики од новинарите, здруженијата и меѓународните организации, спорните закони кои, според опонентите, негативно ќе повлијаат на работата на новинарите и на слободата на говорот во Албанија, во текот на месецов се очекува да се најдат на гласање во парламентот. Случајот започна во декември 2018 година, кога премиерот на Албанија Еди […]

Европските колеги ги поддржаа новинарските здруженија против измените на Изборниот законик

14 август 2018

Европската федерација на новинарите (ЕФН) даде силна поддршка на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), кои се спротивставија на последните измени на Изборниот законик. Според измените, и во приватните медиуми ќе се спроведува платено политичко рекламирање во […]

Гутиерез: Владини функционери вршат притисок врз новинарите во Македонија

26 април 2017

Во Македонија владини функционери користат неновинарска реторика и има притисок врз новинарите на кои им се заканува затвор, смета генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез. – Ова е моја четврта посета на Македонија од 2013 година и сè уште сум загрижен за состојбата со медиумите. Се забележува притисок врз новинарите и употреба […]

ССНМ: Новинарите од „Вест“ се приклучија на штрајкот во МПМ

6 февруари 2017

Новинарите и медиумските работници од редакцијата на дневниот весник „Вест“ донеле одлука да се приклучат на штрајкот што минатата недела го најавија нивните колеги од „Утрински весник“ и од „Дневник“, на издавачот „Медиа принт Македонија“ (МПМ), соопшти денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Новинарите на „Вест“, како што соопшти ССНМ, денеска формирале штрајкувачки […]

ЗНМ се солидаризира со новинарите и со медиумите во Турција

29 јули 2016

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) се приклучи кон иницијативата на Меѓународната федерација на новинари (МФН) и на Европската федерација на новинари (ЕФН) против бранот напади врз слободата на медиумите и човекови права во Турција, соопштија денеска од ЗНМ. Од здружението денеска, исто така, упатиле писмо до турскиот амбасадор во Скопје, Умур Шелендир, во кое […]

ЕФЈ: Сериозно сме загрижени за состојбата со медиумите во Македонија

29 февруари 2016

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) упати писмо до еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во кое изразува сериозна загриженост за состојбата со слободата на медиумите во Македонија. „Еден од итните приоритети од Договорот од Пржино е реформата на медиумите и слободата на изразување во Македонија за да има слободни и веродостојни избори, како апсолутен […]

ССНМ: Нападот во Париз е варварски чин на насилство

7 јануари 2015

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) преку соопштение изрази шокираност и згрозеност од денешниот, како што велат, дивјачки напад во редакцијата на францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ во кој загинаа 12 лица, од кои 10 новинари, и изрази сочувство до семејствата на убиените и до целата француска јавност. „ССНМ, ја дели оцената на […]

Страна 1 од 1