fbpx

Во Хрватска дојде еврото, трговците ги кренаа цените

-

Вчерашниот, трет ден откако во Хрватска беше воведено еврото и земјата стана најновата – 20-та – членка на Еврозоната, беше одбележан со револт и бес поради покачувањето на цените во малопродажбата, предизвикано исклучиво од преминувањето на старата куна на новата, европската, валута, извести „ЕУРактив“.

Вчера голем број граѓани реагирале на покачувањето на цените во малопродажбата и во услужните дејности, и покрај претходно даваните уверувања од владата и од централната банка дека нема да има раст на цените поради „заокружување“.

Работата дојде дотаму што хрватскиот министер за економија Давор Филиповиќ вчера се закани дека се размислува за објавување на црни листи со оние што неоправдано ги зголемуваат цените, јави danas.hr.

Трговците, пак, луто возвратија дека не ја користат ситуацијата, туку дека цените континуирано растат веќе година и половина, и тоа поради пандемијата и војната во Украина.

Хрватски „Данас“ создаде и анкета за своите читатели, којашто покажала дека 90 отсто од учесниците ја поддржуваат идејата на министерот Филиповиќ, односно може да се каже дека голем дел од населението во Хрватска посведочило зголемување на цените без реална основа и сака таквото постапување од страна на трговците да се санкционира на некој начин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...