Германската министерка за образование: Внимателно со научната соработка со Кина

Таа инсистира дека треба да се проверат сите облици на соработка, вклучувајќи ја и онаа помеѓу универзитетите, а посебно стипендистите на кинескиот државен совет (China Scholarship Council)

-

Неопходно е внимание во научната соработка со Кина, изјави германската министерка за образование и истражувања Бетина Штарк-Вацингер, пренесува германската новинска агенција ДПА. 

„Позади секој кинески истражувач може да се крие Комунистичката партија, тоа треба да ни биде јасно“, изјави министерката за весникот „Велт“.

Таа инсистира дека треба да се проверат сите облици на соработка, вклучувајќи ја и онаа помеѓу универзитетите, а посебно стипендистите на кинескиот државен совет (China Scholarship Council).

Кина, изјави Штарк-Вацингер, сè повеќе постанува системски ривал.

„Во глобалните предизвици како што се климатските промени и понатаму треба да се соработува. И економската соработка со Кина во основа е пожелна“, изјави таа.

Меѓутоа, поинаква е ситуацијата во оние области кои имаат воено значење или се однесуваат на човековите права, на пример, препознавањето на лица со помош на вештачката интелигенција.

„Со научниците почнавме разговори за безбедноста на истражувањата“, изјави Штарк-Вацингер. Универзитетите и истражувачките установи, рече таа, побарале поддршка.

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека пристап кон...

Земјотрес ги погоди Валандово и Струмица

Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандво, соопштија во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје . „Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум...

Дизелот поскапува за половина денар, бензините поевтинуваат

Од ноќеска, бензините поевтинуваат за денар и половина, а дизел горивото поскапува за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе чини 74 денари...

Едно лице почина во пожар кај реката Лепенец во Ѓорче Петров

Во пожар кој вчера зафатил неколку штали и помошни простории близу реката Лепенец во Ѓорче Петров, изгорело едно лице и добиток, потврдуваат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 18 часот...

Целосно блокиран патот кон Кожув, граѓаните не дозволуваат багерите да стигнат до Дошница

Пристапот кон реката Дошница на планината Кожув ќе биде под целосна блокада, најавија граѓанските здруженија кои се борат против изградбата на две хидроцентрали на оваа река. Тие велат дека...