fbpx

ЈСП со обвинување до градските советници и до владата – бараат субвенции и нови автобуси

Директорот на ЈСП-Скопје ја обвини владата дека не ги исплаќа средствата за бесплатен студентски превоз на јавното претпријатие

-

Советот на град Скопје да изгласа одлука за дополнителни субвенции за нормално функционирање на јавниот превоз и за набавка на нови автобуси. Оваа порака денеска ја упати директорот на ЈСП-Скопје, Крсте Петревски. Тој ги критикуваше советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје, но и македонската влада.

Петревски изјави дека втора година по ред, советниците во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО ДПМНЕ ја блокираат одлуката за набавка на нови автобуси за ЈСП, со што би се обновил возниот парк, исто како што ја блокираат одлуката за доделување на средства на ЈСП кои му следат на претпријатието од градскиот буџет, а се потребни за исплата на плати за вработените.

„Личните и партиски интереси повторно се поважни за советниците на ВМРО-ДПМНЕ, па смислено ја блокираат исплатата на плати за вработените во ЈСП свесно обидувајќи се да предизвикаат криза во јавниот превоз“, изјави директорот на ЈСП.

На Скопје му се заканува прекин на јавниот превоз, ЈСП не доби нови субвенции

Тој ја обвини и владата дека не ги исплаќа средствата за бесплатен студентски превоз на ЈСП-Скопје.

„Владата во овој момент на ЈСП му должи 360 милиони денари за услуга која произлегува од одлука на истата Влада, а ЈСП во целост ја извршила. За жал, повторно, цената на ваквата деструктивна политика ја плаќаат граѓаните“, изјави Петревски.

Владата ќе му даде средства на Град Скопје за набавка на шест автобуси

Наспроти денешните тврдења на директорот на ЈСП-Скопје, министерката за животна средина Каја Шукова во неодамнешното интервју за Мета.мк најави дека Градот Скопје е една од четирите општини во земјава, за кои владата обезбедила донација од 10 милиони евра за намалување на последиците од аерозагадувањето. Скопската градска власт ќе добие средства за набавка на шест еколошки автобуси за јавниот превоз.

(ИНТЕРВЈУ) Шукова: Срамно е што немаме ниту една депонија по европски стандарди

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...