Ексдиректорот на онкологија Васев: Набавувавме терапија на реверс за пациентите да не останат без терапија

Иако на Васев му беа поставени голем број прашања за набавката на терапијата, за КАТО системот и за начинот на кој биле третирани пациентите, тој не даде прецизни одговори на прашањата

-

Нино Васев, поранешниот директор на Клиниката за онкологија, денеска даваше исказ пред собраниската Анкетна комисија, формирана со цел да ги истражи евентуалните злоупотреби со биолошката терапија што им била давана на пациентите болни од рак, а за која пишуваа медиумите. Иако на Васев му беа поставени голем број прашања за набавката на терапијата, за КАТО системот и за начинот на кој биле третирани пациентите, тој не даде прецизни одговори на прашањата.

Во однос на тоа зошто била набавувана терапија на реверс, слично каков што беше и исказот на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, Васев рече дека дека не можел да дозволи да се прекине терапијата на пациентите.

„Прво, апсолутно се согласувам дека реверсот не треба да се користи. Главна намена на реверсите беше да не се прекине биолошката терапија што пациентите почнале да ја примаат. Тендерската постапка за тие лекови беше почната, не е земен реверс без постапка. Постапката беше почната, но два-три месеци задоцни. Ниту јас ниту кој било не смееше да го загрози животот на пациентите што веќе почнале да ја примаат терапијата. Тие лекови значеа живот за нив и тоа е поскапо. Не знам што би кажал друго тука. Тука се крши Хипократовата заклетва со правната одговорност на Институтот. Тие две заклетви овде не може да ги споите. Па не сме зеле столови и градежен материјал, сме зеле лекови од една фирма кога и не може друга да конкурира“, рече тој.

Васев одговараше и зошто КАТО системот, со кој терапијата прецизно може да се дозира, не бил ставен во употреба. Тој рече дека тој систем немал изолатор, а подоцна се увидело и дека софтверот не е комплетно функционален. На овој систем работеле осум сестри кои поради тоа што немало изолатор за жалеле на здравствени проблеми и барале да се отстрани, во спротивно дури се заканиле и дека ќе напуштат работа.

Досега на Анкетната комисија повикани беа и сведочеа бројни сегашни и поранешни министри за здравство, претставници на Фондот за здравство, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, МАЛМЕД.Оваа недела ќе се појават како сведоци и бројни вработени на Клиниката за онкологија.

За случајот веќе се води постапка и пред Основното јавно обвинителство.

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат...