сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: обвинувања | 78 резултати

Увезено, па вратено српско млеко со афлатоксин ги скара опозицијата и Агенцијата за храна

септември 29, 2023

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека на 21 септември во земјава биле увезени преку 20 тони српско млеко, кое било пуштено во промет, иако содржело афлатоксин М-1 над максимално дозволените граници, и со тоа е штетно за човековото здравје. „Наодите покажуваат дека иако млекото содржи канцерогени материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци […]

Операцијата кај Бањска завршена – кој сакал од Милан Радојчиќ да направи српски Адем Јашари?

септември 27, 2023

Косовската полиција ја заврши операцијата кај селото Бањска, а властите во Приштина и јавно обелоденија дека во вооружената група која ги нападна косовските полицајци се наоѓал и контроверзниот потпретседател на Српската листа, Милан Радојчиќ, кој се наоѓа и на црната листа на САД. Косовските власти тврдат дека Радојчиќ е повреден и се наоѓа на лекување […]

Претходниот и актуелниот министер за здравство со препукувања за модуларните болници

август 15, 2023

Поранешниот министер за здравство Беким Сали побара одговорност за виновниците кои ги амнестираат одговорните за пожарот што се случи во тетовската модуларна болница, во која животот го загубија 14 лица. Тој ја потврди информацијата во документарецот на ИРЛ „Убиство во Тетово“, каде што се објаснува за прекинот на исплата и раскинување на договорот со „Брако“ […]

Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ во нова серија меѓусебни обвинувања

јули 4, 2023

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседател на партијата ГРОМ денеска одржа прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на која побара од лидерот Христијан Мицкоски да објасни како го стекнал својот имот во изминативе години, осврнувајќи се на изградбата на малите хидроцентрали. „Мицкоски да одговори на колку години ја направи својата прва хидроцентрала. Дали тоа […]

Првични реакции: Разнесувањето на браната Нова Каховка на Дњепар е опасен преседан

јуни 8, 2023

Ноќта на 06.06.2023 беше разнесен голем дел од огромната брана на Дњепар во близина на Нова Каховка во јужна Украина, со што војната во Украина доби нова, досега невидена форма која вклучува екоцид, т.е. еколошка катастрофа, а и двете страни и Русија и Украина тврдат дека тоа го сторила спротивната страна, пишува „Вистиномер“ во својата […]

Контраспин: Два спин наратива околу европското знаменце на законите за Договорот со Бехтел и Енка

мај 12, 2023

Два наратива се градат во моментов околу измените на законските решенија поврзани со договорот со Бехтел и Енка за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10-д. Првиот е дека е нужно усвојувањето на предложените законски измени за да се изграделе пократко за две години, т.е побрзо и поевтино за 150 милиони евра и тој […]

Њујорк Тајмс одговори на обвинувањата на Вучиќ дека написот за врските на државата со Беливук бил нарачан

мај 11, 2023

Голема бура во српската јавност предизвика написот во угледниот Њујорк Тајмс, во кој се опишува поврзаноста на владата на СНС, Александар Вучиќ и криминалните кланови. Претседателот на Србија неодамна за време на гостувањето на ТВ Хепи изјави дека споменатиот текст е „нарачан и напишан во Белград“ и дека тие што го читале не биле фасцинирани. […]

Пригожин гневен на руските генерали најави повлекување на платениците од Бахмут

мај 5, 2023

Лидерот на руската платеничка војска Вагнер, Евгениј Пригожин се закани дека ќе ги повлече своите војници од Бахмут до 10 мај, доколку не добијат муниција од руската војска, пишува Би-би-си. Тој упати директно обвинување до руските генерали, прашувајќи го началникот на рускиот генералштаб Валериј Герасимов и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за тоа каде […]

Русија ја обвинува Украина дека ќе го нападне отцепениот регион Транснистрија

февруари 23, 2023

Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини Украина дека планира да го нападне отцепениот молдавски регион Транснистрија (Придњестровје), кој се граничи со Украина, пренесува Гардијан. Руските државни медиуми објавуваат дека Украина наводно планирала да организира лажен напад од руските сили што се лоцирани во Транснистрија како изговор за инвазијата. Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил […]

Твит од лажен профил претставен како да доаѓа од министерот Оливер Спасовски

февруари 7, 2023

Твитот споделен во постот е од лажен профил којшто го злоупотребува идентитетот на министерот Оливер Спасовски. Истиот повеќе не е активен поради пријави од Твитер заедницата дека е лажен. И од Министерството за внатрешни работи за Вистиномер велат дека станува збор за лажен Твитер профил од кој бил споделен овој твит. Официјалниот Твитер профил на […]

Божилов: Сите тврдења дека камионот со експлозивот минал преку Бугарија се дел од руската хибридна војна

октомври 12, 2022

Речиси сите бугарски медиуми ги пренесоа руските обвинувања – дека експлозивното средство со кое беше кренат во воздух Кримскиот мост, било замаскирано во полиетиленска фолија, на вкупно 22 палети, со вкупна тежина од 22 тони, и од Одеса товарот бил испратен за бугарското пристаниште на Дунав, Русе. Ова се случи откако Федералната служба за безбедност […]

За оштетувањето на Кримскиот мост Москва ја обвинува Украина, експлозивот патувал и низ Бугарија

октомври 12, 2022

Експлозивот којшто бил искористен за оштетување на Кримскиот мост бил испратен од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија до Крим, тврди руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), пренесува весникот Гардијан. За организатор на експлозијата на камионот, руските власти го обвинуваат шефот на украинското воено разузнавање Кирило Буданов. Официјална Москва настанот го оквалификуваше како терористички чин […]

Пиксел Груп и КМГ ЕОЛ Квазар ги демантираат обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за поврзаност со Ковачевски

октомври 3, 2022

Компаниите Пиксел Груп и КМГ ЕОЛ Квазар ПИКСЕЛ ГРУП по вчерашните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за нивна поврзаност со премиерот Димитар Ковачевски, денеска излегоа со реакција во јавноста. Пиксел Груп е компанија која на македонскиот пазар постои од 2018 година и постојано работи по највисоки корпоративно технолошки и етички стандарди, велат тие. „Во време на светска […]

ВМРО-ДПМНЕ лиферува афера „Броило“ против Ковачевски, СДСМ демантира

октомври 2, 2022

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја лиферуваше аферата „Броило“ против премиерот Димитар Ковачевски, која што беше експресно демантирана од СДСМ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната прес-конференција обвини за злосторничко здружување во соларен картел преку фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски. Од опозициската партија обвинуваат дека фирмата Пиксел груп, која била основана од Ковачевски […]

Деканот на Факултетот за дизајн нема сознанија дека професори условуваат студенти со книги

јуни 23, 2022

Раководството на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер (ФДТМЕ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, нема сознанија дека професори на овој факултет бараат од студентите да купат книги како услов за добивање потпис и оцена. Ова за „Мета.мк“ го изјави деканот Горан Златески, по случајот во кој студенти обвинија професорка дека ги […]

Втор пожар во фабриката „Треска“ за седум месеци, периодот помеѓу преполн со обвинувања и закани за тужби

април 14, 2022

Денешниот пожар во халите од поранешната фабрика за мебел „Треска“ е втор во низа по минатогодишниот пожар што се случи кон крајот на септември. Скопските пожарникари на 25 септември вечерта интервенираа во кругот на фабричката хала, откако граѓаните од околните згради пријавиле за густ чад што се ширел од фабричката хала. Од септември лани до […]

Филипче: Ако имаше манипулации со вакцините ќе имаше и финансиска штета

март 11, 2021

Владата и Министерството за здравство од почеток на овој процес на набавка на вакцини, комуницира со голем број на компании со цел таа набавка да биде што поскора. Имаме два принципи кои ги следиме, тоа се принципите на внимателност и на регуларност. Ги отфрлам сите обвинувања на опозицијата дека станува збор за некакви незаконски постапки […]

Трифун Костовски: НБРМ и поранешното раководство на Еуростандард банка се виновни за нејзиното пропаѓање

август 14, 2020

Народната банка на Северна Македонија и поранешното раководство на Еуростандард банка се виновни за нејзиното пропаѓање, вели најголемиот акционер во банката Трифун Костовски. НБРМ е виновна затоа што правела опструкции и не дозволувала банката да биде купена од странски инвеститор, а поранешниот менаџмент затоа што на своја рака правел злоупотреби на капиталот и манипулативни трансакции. […]

Најпознатиот јутјубер во регионот се соочува со обвинувања за педофилија

јули 9, 2020

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, се најде среде скандал откако преку социјалните мрежи беше обвинет дека заведувал и имал сексуални односи со малолетни девојки. На социјалната мрежа Инстаграм се појавија пораки во кои изгледа дека дваесет и тригодишниот јутјубер убедува девојчиња да му испратат разголени фотографии и да го посетат во неговиот […]

Руска амбасада: Заев и Шекеринска шират русофобија, очекуваме истрага за изјавите

јули 17, 2018

Руската амбасада вчеравечер реагираше со соопштение за наводите од премиерот Зоран Заев дека бизнисмени од Русија финансирале антивладини протести. Заев тоа го кажа во интервју за „BuzzFeed News“ и потоа го повтори како одговор на новинарско прашање на почетокот на изградбата на фабриката на американската „Дура“ во Бунарџик. Од амбасадата сметаат дека станува збор за […]

Страна 1 од 4