Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ во нова серија меѓусебни обвинувања

Градоначалникот на Карпош вели дека ако ВМРО-ДПМНЕ го прашува Дрин Ахмети за неговиот имот, тогаш и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да каже за својот капитал

-

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседател на партијата ГРОМ денеска одржа прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на која побара од лидерот Христијан Мицкоски да објасни како го стекнал својот имот во изминативе години, осврнувајќи се на изградбата на малите хидроцентрали.

„Мицкоски да одговори на колку години ја направи својата прва хидроцентрала. Дали тоа беше кога тој е советник во владата на Груевски, дали тоа беше пред да стане директор на ЕСМ, или првата хидроцентрала ја направи откако стана директор на ЕСМ“, праша Јакимовски, додавајќи дека легитимно е прашањето на колку години Мицкоски го стекнал милионскиот имот.

Градоначалникот на Карпош вели дека ако ВМРО-ДПМНЕ го прашува Дрин Ахмети за неговиот имот, тогаш и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да каже за својот капитал.

Јакимовски вели дека треба да видиме не само за Дрин Ахмети за тоа како толку млад стекнал толкав капитал, туку и Христијан Мицкоски како го стекнал својот капитал и на колку години ја направил првата хидроцентрала.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа на изјавата на Стевчо Јакимовски од пред нивното партиско седиште. Му порачуваат на Јакимовски наредниот пат наместо во прашална форма, да зборува во потврдна форма за да може вистината да се докаже пред судовите.

Од партијата преку соопштение реагираат дека Стевчо Јакимовски има задача, која била мотивирана од концесиите кон ДУИ, таткото и синот на Ковачевски, односно дека има мисија да шири невистини, измислици и лаги кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што го збори Стевчо Јакимовски е тоа што му наредил тандемот Ковачевски. Тоа е и причината зошто Јакимовски после 6 години власт на СДС и ДУИ и украдени милијарди збори за ВМРО-ДПМНЕ, а не за она што е изворот на проблемите во државата“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...