fbpx

Јакимовски со полувистини за реалните проблеми околу финансиите на Пентагон

На вчерашната дебата на Националниот сервис МРТ, кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски, изјави делумно вистинито дека американскиот Пентагон (односно Министерството за одбрана) не дозволува да им се направи ревизија, дека се под сомнеж за проневера од 1,9 трилиони долари и дека Конгресот има донесено специјален закон за да дозволи ревизија

-

На вчерашната дебата на Националниот сервис МРТ, кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски, изјави делумно вистинито дека американскиот Пентагон (односно Министерството за одбрана) не дозволува да им се направи ревизија, дека се под сомнеж за проневера од 1,9 трилиони долари и дека Конгресот има донесено специјален закон за да дозволи ревизија. Иако во сите три става има дел вистина, ниту еден не е прецизен во целина, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Пентагонод 1995 година, не дозволува ревизија, званича, државна. И дека се под основно сомнение дека има проневерено над 1.9 трилиони долари.

* * *

И Конгресот има донесено специјален закон за Пентагон да дозволи ревизија. И немој да ги глорифицирате дека тие се многу чесни […]“

[Извор: МРТ архива, 1:40:42, Стевчо Јакимовски, датум: 22.04.2024]

 

Образложение:

На првата телевизиска дебата со сите седум кандидати за претседателската функција, за време на кругот прашања околу корупцијата во државата, претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, изјави дека не треба да ги земаме Соединетите Американски Држави, односно Пентагон (поточно Министерството за одбрана – МО), како чесен актер, бидејќи од 1995 година не дозволуваат ревизија, дека се под сомнение дека проневериле 1,9 трилони долари и дека Конгресот има донесено специјален закон за да може да се дозволи ревизија на Министерството. Не е точно дека Пентагон не дозволува ревизија скоро 30 години и дека има сомненија дека проневериле 1,9 трилиони долари. Но, делумна вистина е дека Конгресот има донесено специјален закон именуван по Пентагон, иако законот важи за сите министерства, оддели и агенции.

За почеток, не постои никаков јавно достапен и проверен доказ дека Пентагон, односно Министерството за одбрана од 1995 година не дозволува да се врши ревизија на финансиите што годишно им се доделуваат и што тие ги трошат. Откога е донесен законот за финансово менаџирање на средствана на Федералната влада во 1990 година, секоја година се врши ревизија на сите владини министерства и агенции. Така, дури пред крајот на ланската година се дозна дека шестта година по ред е неуспешна ревизијата на финансиите на МО, поради тоа што не можело да се утврди каде се потрошени голем дел од средствата. А, во годините пред тоа, не можеле воопшто успешно да ја спроведат и завршат ревизиската постапка до крај. Тоа значи дека сосем е неточно дека немало или МО не дозволувало да се прави ревизија на финансиите.

Единствено нешто што може да се поврзе со 1995 година е тоа дека од тогаш, пред скоро 30 години, од Канцеларија за отчетност на владата пишуваат дека МО е на листа на програми со висок ризик за измама, злоупотреба и лошо управување со финансиите.

МО троши милијарди долари секоја година за работа, одржување и модернизација на ИТ-системите кои ги поддржуваат клучните деловни области како персоналот и логистиката. Деловните системи на МО се на нашата листа со висок ризик од 1995 година поради, делумно, предизвиците на одделот во управувањето со значителните инвестиции во нивпишуваа од канцеларијата за одговорност на владата уште во 2020 година.

Следно, Јакимовски ја спомена бројката од 1,9 трилиони долари, односно дека  Министерството е под сомнение дека толкава сума на пари имаат проневерено. Оваа огромна сума што ја цитира Јакимовски е од ревизорскиот извештај за 2023 година (целосниот извештај може да се најде тука), каде се споменува дека половина од средствата вредни 3,8 трилони долари не може да се евидентираат. За тоа, финансискиот директор на МОМајкл Џ. МкКордизјави:

Ова не значи дека 50% од средствата се водат за исчезнатиМинистерството има строга контрола на своите средства – но премногу од нашите системи за финансиско управување, како што се некои од нашите системи за евиденција на имот, сè уште не можат да ги исполнат стандардите за ревизија.

Последно, неспорен е фактот дека Конгресот има донесено специјален закон именуван по Пентагон, односно по тоа што немаат спроведена успешна ревизија. Но, целта на законот не е да „дозволи“ ревизија на МО, туку е наменет да нанесат пенали за било кое министерство, секретаријат или оддел, вклучувајќи го и МО, доколку не подлежат на т.н. „чиста“ или успешна ревизија. За фискалната година во која е утврдено дека има неуспешна ревизија, пеналите ќе бидат во висина од 0,5 отсто, а за секоја наредна фискална година во износ еднаков на 1,0 отсто од годишните средства на министерството.

Иако за МО на САД се издвојува најголем дел од годишниот буџет на државата, тоа е единственото министерство кое има долгогодишни проблеми со точно евидентирање на финансиите, откога е донесен т.н. „Главен финансиски директор“ закон во 1990 година.

Според горенаведените факти, изјавата на кандидатот за претседател може да се оцени како делумно вистинита. Точно е тоа дека Министерството за одбрана на САД има проблеми со ревизија на финансиите, но тие никогаш не ни можеле да забранат да се изврши ревизија. Вистина е дека во последниот ревизиски извештај пишува дека половина од 3.8 трилиони долари не може да се лоцираат, но тоа не значи дека толкава сума на средства и пари е проневерена. Последно, има специјален закон именуван по Министерството за одбрана на САД (односно Пентагон). Но, законот ќе важи за сите владини министерства, оддели и секретаријати.

 

Пишува: Матеј Тројачанец

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Професионални спортисти од девет земји гости на спортските игри во Велес

Од 4 до 8 јуни, Велес ќе биде домаќин на третиот по ред спортски настан „Спортски игри Велес“, кој ќе се одржи во Градскиот парк. Покрај спортисти од Македонија,...