fbpx

Кога вмровската машинерија ѝ го „чува грбот“ на независната Сиљановска

Прашање е колку една таква непартиска личност може да биде партиски независна и необоена, ако во нејзината изборна кампања е впрегната цела партиска логистика и машинерија?, пишува Вистиномер

-

Сиљановска-Давкова во 2020 година во парламентот влезе со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“. Таа не стана пратеник преку независна пратеничка листа, туку беше носител на листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за Првата изборна единица. Сиљановска-Давкова и во претседателската трка влезе со потписите на пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а на изборните митинзи се појавува заедно со партискиот лидер Христијан Мицкоски. Па, прашање е колку една таква непартиска личност може да биде партиски независна и необоена, ако во нејзината изборна кампања е впрегната цела партиска логистика и машинерија?, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Во текот на дебата на МРТ меѓу седуммината претседателски кандидати, професорката Гордана Сиљановска-Давкова инсистираше на тоа дека е:

Непартиска личност и дека и како пратеник во Собранието настапувала како независен пратеник

 

[Извор: Претседателски избори 2024 – Соочување МРТ; датум – 21.04.2024]

 

Образложение:

Ваквиот став на кандидатката за претседател  Гордана Сиљановска-Давкова  го сметаме за делумно вистинит.

Неспорно е дека Сиљановска-Давкова  е во групата на независни пратеници во Собранието.  Исто така е неспорно дека таа е многу активна во парламентот, учествува во дебатите и на собраниските тела и на пленарните седници. За себе вели дека е голем индивидуалец и има цврсти ставови. Истото го велат и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, независната пратеничка Сиљановска-Давкова во 2020 година во парламентот влезе со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“. Таа не стана пратеник преку независна пратеничка листа, туку беше носител на листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за Првата изборна единица.

Извор: ДИК

Сиљановска-Давкова и во претседателската трка влезе со потписите на пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Иако, таа собираше потписи и само во еден ден за неа се потпишале над 28.000 граѓани, сепак за нејзината претседателска кандидатура во ДИК се приложени само потписите на 30 пратеници. Според ВМРО-ДПМНЕ тоа што номинацијата е со пратенички потписи, е поради технички причини. СДСМ, пак, изрази сомнеж дека ВМРО-ДПМНЕ „нема собрано валидни, законски потписи за нивната кандидатка за претседател“.

Но, иако Сиљановска-Давкова не е член на ВМРО-ДПМНЕ- како што вели самата, сепак таа на изборните митинзи и собири со граѓаните се појавува заедно со ВМРО-ДПМНЕ и со партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Оттука се наметнува прашањето, дали тоа што некој формално нема партска книшка е доволно за тој да се смета дека е партиски неопределен?  И, колку една таква непартиска личност може да биде партиски независна и необоена, ако во нејзината изборна кампања е впрегната цела партиска логистика и машинерија?

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...