fbpx

Масакрот во Сребреница е геноцид, меѓу жртвите има и жени

Во текот на претседателската дебата меѓу сите кандидати, Стевчо Јакимовски изјави дека во масакрот во Сребреница биле убиени само мажи и момчиња и затоа не е геноцид, туку само (воено) злосторство. Според Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Европскиот парламент, како и други комисии и тела масакрот во Сребреница е деклариран како геноцид

-

Во текот на претседателската дебата меѓу сите кандидати, Стевчо Јакимовски изјави дека во масакрот во Сребреница биле убиени само мажи и момчиња и затоа не е геноцид, туку само (воено) злосторство. Според Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Европскиот парламент, како и други комисии и тела масакрот во Сребреница е деклариран како геноцид. А, без разлика што системски биле селектирани и егзекутирани мажи и момчиња, меѓу жртвите кои се најдени во масовните гробници  има и жени. Според Босанскиот институт за изгубени лица, за време на масакрот биле убиение 14 жени, а исто така, најмладата и најстарата жртва што биле пронајдени во масовните гробници од масакрот биле жени, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Во Сребреница не се убиени 8372 луѓе во еден денИ убиени се само мажиТоа не е геноцидтоа е злочин […]“, изјави Јакимовски.

[Извор: МТВ архива, 1:17:50, Стевчо Јакимовски, датум: 22.04.2024]

 

Образложение:

Kандидатот за претседател на коалицијата „Храбро за Македонија“, Стевчо Јакимовски, имаше неточна изјава околу геноцидот во Сребреница. На вчерашната дебата на Националниот сервис МРТ со останатите кандидати, Јакимовски изјави дека масакрот во Сребреница биле убиени само мажи и дека тоа не претставува геноцид, туку само (воено) злосторство. Според Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Европскиот Парламент и други комисии, масакрот во Сребреница е деклариран како геноцид. А, иако системски биле селектирани мажи и момчиња за егзекуција, во ексхумацијата на масовните гробници биле пронајдени и тела на жени и девојчиња. Затоа, оваа изјава е неточна.

Меѓународниот суд за гонење на лица одговорни за сериозни прекршувања на меѓународното хуманитарно право сторени на територијата на поранешна Југославија по 1991 година, или само Меѓународен суд за воени злосторства во поранешна Југославија (МКТЈ), беше првиот меѓународен кривичен трибунал кој донесе пресуди за геноцид во Европа. Во април 2004 година, во случајот на Радислав Крстиќ, Апелацискиот совет утврди дека бил извршен геноцид во Сребреница во 1995 година, преку егзекуција на повеќе од 8 илјади мажи и момчиња од босанските.

Од исцрпната листа на пресуди на МКТЈ, само еден случај може да се провери (Поповиќ и останатите, „Сребреница“, 10.06.2010) за да увиди и потврди одлуката на судот – иако многубројни се лицата кои биле осудени за извршување на геноцид:

Применувајќи ги правните елементи на злосторствата наведени во Обвинението на фактите за кои е утврдено дека се докажани, Судскиот совет утврди дека следниве злосторства биле извршени од припадници на силите на босанските Срби на различни локации наведени во Обвинението: геноцидзаговор за геноцидистребување, злосторство против човештвотоубиство, злосторство против човештвото и кршење на законите или обичаите на војната; убиства, сурово и нехумано постапување, тероризирање цивили и присилно пренесување, како акти на прогонзлосторство против човештвото

Во таа насока, на 15 јануари 2009 година, Европскиот парламент, со резолуцијата за Сребреница  ја потврдува одлуката на МКТЈ, односно дека оваа трагедија е прогласена за акт на геноцид.

Дополнително, иако на и по 12 јули 1995 година повеќе од 8 илјади мажи и момчиња биле системски убиени, фактички не е вистина дека само они биле жртви за време на масакрот. Скоро секоја година за време на комеморацијата се закопуваат новонајдени остатоци од тела. Од Босанскиот институт за изгубени лица, во 2018 година за Балкан Инсајт известија дека најмладата и најстарата жрвта што биле пронајдени во масовните гробници биле жени.

Бебето Мухиќродено на 13 јули 1995 година, е најмладото, додека Саха Измирлиќродена во 1901 година, е најстарата жртва на геноцидот во Сребреница. Тие беа ексхумирани од масовна гробница пронајдена во комплексот на фабриката за батерии во Поточари [во близина на Сребреница] во 2012 годинарече Лејла Ченгиќ, портпарол на Институтот за исчезнати лица за Балкан Инсајт.

Поточно, 14 жени биле убиение за време на масакрот.

Последно, високиот меѓународен претставник на Босна и Херцеговина, Валентин Инцко, влијаеше за да се воведат измени во кривичниот законик на БиХ, за да се забрани негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторства. Односно, како што пишуваат од Балкан Инсајт:

Се забранува јавното негирање, одобрувањето, величењето и оправдувањето на геноцидот, злосторствата против човештвото и воените злосторства, на начин што може да поттикне насилство или омраза.

Според горенаведените факти, изјавата на претседателскиот кандидат Јакимовски дека масакрот во Сребреница се само убиени мажи и тоа дека е само „злосторство“, а не геноцид може да се оценат како неточни. Меѓународниот кривичен суд, Европскиот парламент и останати комисии и тела го декларираа инцидентот како геноцид. А, без разлика што системски биле селектирани и егзекутирани мажи и момчиња, меѓу жртвите кои се најдени во масовните гробници  има и жени.

 

Пишува: Матеј Тројачанец

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...