fbpx

ВМРО-ДПМНЕ лиферува афера „Броило“ против Ковачевски, СДСМ демантира

-

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја лиферуваше аферата „Броило“ против премиерот Димитар Ковачевски, која што беше експресно демантирана од СДСМ. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната прес-конференција обвини за злосторничко здружување во соларен картел преку фирми основани од Димитар Ковачевски и негови семејни врски.

Од опозициската партија обвинуваат дека фирмата Пиксел груп, која била основана од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, биле вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра.

Пратеникот Лефков рече дека Ковачевски и неговиот кум Паунов, по основањето на Пиксел груп, во 2018 година изградиле фабрика за производство на фотоволтаични панели во Кочани.

„Аферата Броило е шема која покажува како преку Пиксел груп и фирмата КМГ ЕОЛ Квазар Соларниот Картел ги свртеле парите. Само од државни тендери во изминативе неколку години овие фирми инкасирале 1,8 милиони евра“, изјави пратеникот Лефков.

Во 2021 година, кога Димитар Ковачевски е заменик министер за финансии, КМГ ЕОЛ Квазар склучила договор со ЕВН за изведба на работи и испорака на фотоволтаични панели, во вредност од над 2 милиони евра.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека пред месец и половина Пиксел груп најавил дека влегува во фаза на инвестиција во фабрика за производство на соларни панели во индустриската зона во Тетово, во вредност од 54 милиони евра. Ова е зона во која инвеститорите имаат даночни и царински ослободувања, а според написите во медиумите се очекува да потпишаат и договор за државна помош, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На ваквите обвинувања, реагираше пратеничката од СДСМ, Даниела Марковска, која што на денешната прес-конференција рече дека во Пиксел Гроуп Доо Скопје, Димитар Ковачевски не е дел од сопственичката структура, ниту пак е сопственик.

„Уште на ден 28.09.2020 г. Димитар Ковачевски во целост го повлече износот на финансиските средства вложени за обезбедување на почетната ликвидност на компанијатa. Тоа е јавно соопштено, за да може целосно да се посвети на функцијата којашто тогаш ја извршуваше, земеник министер за финансии. Сето ова може да се види и во Анкетниот лист на премиерот“, велат од СДСМ.

Пратеничката од владејачката партија рече дека очајно е ВМРО-ДПМНЕ, кое го напаѓа Ковачевски додека Мицкоски се кара за тендери и провизии, посочувајќи го тендерот од 136 милиони евра на шпицниот градоначалник Мицкоски.
„Дека станува збор за фабрикувана манипулација на ВМРО-ДПМНЕ се гледа и од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои исполниле услови“, изјави пратеничката од СДСМ Марковска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...