Русија ја обвинува Украина дека ќе го нападне отцепениот регион Транснистрија

Денешното обвинување на руското Министерство за одбрана следи само еден ден откако вчера рускиот претседател Владимир Путин го отповика указот од 2012 година, со кој Русија делумно го поддржа суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на отцепениот проруски регион Транснистрија

-

Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини Украина дека планира да го нападне отцепениот молдавски регион Транснистрија (Придњестровје), кој се граничи со Украина, пренесува Гардијан. Руските државни медиуми објавуваат дека Украина наводно планирала да организира лажен напад од руските сили што се лоцирани во Транснистрија како изговор за инвазијата.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин изјави дека „Западот ѝ дал инструкции на владата во Кишињев да ја прекине секоја интеракција со администрацијата во Придњестровје“, која е поддржана од руските власти. Руските државни медиуми ја пренесуваат изјавата и на поранешниот проруски претседател на Молдавија, Игор Додон, кој вели дека било каков потег против Придњестровје од Украина ќе претставува агресија против Молдавија.

Со реакција по обвинувањата на руското Министерство за одбрана, се јави молдавското раководство. Молдавија ги отфрли руските обвинувања и повика на смиреност на ситуацијата, пренесува Гардијан. Претседателката на Молдавија, Маја Санду месецов веќе ја обвини официјална Москва дека планира државен удар за да ја собори молдавската влада и да го вовлече Придњестровје во војна.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе предупреди дека украинската разузнавачка служба пресретнала руски план за да се дестабилизира политичката ситуација и да се преземе власта во Молдавија, пишува Кијив Индипендент.

Новиот молдавски премиер, Дорин Речан, завчера во интервју за молдавските медиуми потврди дека властите во оваа земја се свесни за неколку потенцијални сценарија за дестабилизација на Молдавија, вклучувајќи го и рускиот план за да се презеде контролата врз аеродромот во главниот град Кишињев.

Русија во моментов има 1.500 војници во отцепениот регион Транснистрија и огромни депоа со муниција и оружје кои датираат од времето на СССР. Во овој отцепен регион од Молдавија живее мнозинско руско и украинско население. Формирањето на самопрогласена република Придњестровје следеше по кратката војна меѓу молдавското раководство и проруските власти во регионот, на почетокот од 90-тите години од минатиот век.

Денешното обвинување на руското Министерство за одбрана следи само еден ден откако вчера рускиот претседател Владимир Путин го отповика указот од 2012 година, со кој Русија делумно го поддржа суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на отцепениот проруски регион Транснистрија (Придњестровје).

Одлуката на Путин за отповикување на указот од 2012 година беше објавена на веб-страницата на Кремљ, при што се наведува дека таа е донесена за „да се осигураат националните интереси на Русија во врска со длабоките промени што се случуваат во меѓународните односи“.

Молдавија е една од најсиромашните европски земји и не е членка на НАТО. Американскиот претседател Џо Бајден за време на својата европска турнеја по повод годишнината од почетокот на руската инвазија на неговиот состанок со молдавската претседателка Маја Санду ја потврди силната поддршка на САД за суверенитетот и територијалниот интегритет на Молдавија.

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше прегазена со...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше...