Твит од лажен профил претставен како да доаѓа од министерот Оливер Спасовски

-

Твитот споделен во постот е од лажен профил којшто го злоупотребува идентитетот на министерот Оливер Спасовски. Истиот повеќе не е активен поради пријави од Твитер заедницата дека е лажен. И од Министерството за внатрешни работи за Вистиномер велат дека станува збор за лажен Твитер профил од кој бил споделен овој твит. Официјалниот Твитер профил на министерот Спасовски може да се пронајде на следниот линк, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува скриншот од лажен, невистинит твит, за кој се вели дека доаѓа од Твитер сметката на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, што не е случај. Во лажниот твит, претставен како да е од Спасовски пишува:

На следната седница на Влада, освен измените во КЗ во делот на родово насилство ќе биде ставена точка на дневен ред и околу ваквиот говор на омраза кон граѓаните кои се осеќаат како Северномакедонци и кои веќе го прифатиле новиот национален идентитет различен од македонскиот.

Овој твитот е споделен од лажен профил којшто го злоупотребува идентитетот на министерот Оливер Спасовски. Истиот повеќе не е активен поради пријави од Твитер заедницата дека е лажен.

И од Министерството за внатрешни работи за Вистиномер велат дека станува збор за лажен Твитер профил од кој бил споделен овој твит.

Официјалниот Твитер профил на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски може да се пронајде на следниот линк.

Од истиот профил постојано се споделуваат известувања за активностите на Спасовски како министер во Владата, фотографии од деловни средби, известувања за поважни теми од државно значење, апели, известувања и вообичаени активности на министерот односно учества на средби, конференции и настани како и изјави за медиумите. Оние Твитови во кои се промовираат активности на Министерството за внатрешни работи, се линкувани со официјалната веб страница на МВР.

Твитер профилот од кој што се споделува скриншотот во постот што го рецензираме е суспендиран и не му припаѓа на Спасовски. Од коментарите под постот  e евидентно  дека дел од корисниците на социјалната мрежа Фејсбук поверувале дека станува збор за официјално обраќање на министерот и  упатуваат пцовки, навреди и обвинувања за предавство.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше прегазена со...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше...