fbpx

Пиксел Груп и КМГ ЕОЛ Квазар ги демантираат обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за поврзаност со Ковачевски

-

Компаниите Пиксел Груп и КМГ ЕОЛ Квазар ПИКСЕЛ ГРУП по вчерашните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за нивна поврзаност со премиерот Димитар Ковачевски, денеска излегоа со реакција во јавноста. Пиксел Груп е компанија која на македонскиот пазар постои од 2018 година и постојано работи по највисоки корпоративно технолошки и етички стандарди, велат тие.

„Во време на светска енергетска криза, кога на нашата Македонија но и на целиот свет му е насушно потребен секој произведен мегават електрична енергија, сметаме дека е под секое ниво името на нашата компанија како и компанијата мајка на ПИКСЕЛ ГРУП, КМГ ЕОЛ КВАЗАР, да се злоупотребува во дневни политички препукувања и безначајни прес конференции, кажувајки единствено лаги и класични манипулации за да се замајува јавноста. Затоа, најостро го осудуваме секој обид за дискредитација, нашата групација да се доведе во корелација со било каква политичка структура“, велат од двете компании.

Тие тврдат дека работат на слободен пазар како приватни компании по сите законски прописи и по највисоки етички стандарди и не користат никакви посебни услови, надвор од оние кои на сите компании од оваа дејност им се даваат на располагање и им следуваат по закон.

„Уште пред назначувањето на Димитар Ковачевски за заменик министер за финансии, објавивме дека Димитар Ковачевски, како косопстевник во ПИКСЕЛ ГРУП истапува од сопственичката структура на компанијата бидејќи тоа е неспоиво со неговиот политички ангажман“, се наведува во соопштението на двете компании.

Тие потенцираат дека нивните компании се жртва на нечии потреби за дневен политички рејтинг и бараат да не се користи името и на ПИКСЕЛ ГРУП и на КМГ ЕОЛ КВАЗАР за политички маркетинг.

Од КМГ ЕОЛ КВАЗАР велат дека се основани во 2007 година, во моментов вработуваат повеќе од 70 вработени и неколку фирми подизведувачи и имаат вкупна реализација за период 2010-2021 година во износ од 1.291.668.742 денари или околу 21.002.744 евра. За тој период, компанијата има исплатено придонеси и даноци за плати кон државата во износ од 23.284.533 денари.

„Како резултат на доброто работење и визијата на оваа компанија се роди идејата за основање на ПИКСЕЛ ГРУП, прва фабрика во Македонија за производство на фотоволтаични панели по сите светки стандарди и за 4,5 години успеавме со натчовечки напори и заслуги на сите наши вработени од двете компании да произведеме преку 80MW“, додавајќи дека нивните производи се продаваат и во регионот и во ЕУ.

„Затоа, бараме извинување од оние кои пласираат вакви неточни тврдења, во спротивно ќе ги преземеме сите правни средства кои ни стојат на располагање за заштита на угледот на двете компании. Како и досега, стоиме транспарентно во објавување на секој податок и информација што е во интерес на јавноста и на нашата држава“, наведуваат двете компании.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...